УЖ Вмро-Дпмне ОК Куманово

УЖ Вмро-Дпмне ОК Куманово

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from УЖ Вмро-Дпмне ОК Куманово, Political organisation, Kumanovo.

03/12/2022

3 Декември – се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Но, не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Тоа треба да биде секој ден, да претставува дел од човечкото општество. Овие лица најмногу бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството.

Меѓународниот ден на лица со посебни потреби е можност повторно да се реафирмираат заложбите да се изгради одржлива, инклузивна и праведна иднина за сите. 🍀

29/11/2022

Една со друга да си помагаме, да се поддржуваме и да се јакнеме!
Одлична можност за еден нов предизвик. Аплицирајте👌

28/11/2022

Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово заедно со Комисија за труд и социјална политика во рамки на 16 дена активизам против родово базирано насилство на 30.11.2022 (среда) во 19:00 во Занаетчиски дом Куманово

ВЕ ПОКАНУВА НА
ТРИБИНА
НА ТЕМА
,,КАЖИ НЕ НА НАСИЛСТВО врз жени и семејното насилство"

Говорници на трибината се:
Жаклина Пешевска, претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Емилија Ангелова, генерален секретар на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Проф. д-р Лазар Јовевски, Правен факултет "Јустинијан Први", УКИМ, Скопје

Елена Димушевска, Извршен директор на Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство

25/11/2022

КАЖИ НЕ НА НАСИЛСТВО врз жени и семејното насилство

Photos from УЖ Вмро-Дпмне ОК Куманово's post 20/11/2022

🌍Денес е Светскиот ден на детето.

И денес светот се соочува со истите предизвици, како и на почетокот. За жал се уште има деца кои живеат на работ на егзистенцијата, без доволно храна, без пристап до чиста вода за пиење, без можност за образование, без можност за здравствена заштита.

Токму затоа, не само 20 Ноември, туку секој ден треба и мора да биде ден на детето. Светот мора да биде обединет во подигнувањето на свеста за детските права.

По тој повод Унија на жени, денес беше во посета на Детско одделение при ЈЗУ Општа болница Куманово. Дониравме инхалатори и детски чаршафи, со помош и поддршка на Друштво ЕЛЕКТРО ЛАЈТ ДООЕЛ. Воедно и голема благодарност до нив, и во иднина да има што повеќе општествено одговорни компании кои ќе се вклучат во хуманитарни акции.

Затоа не себично давајте поддршка на сите деца, зашто нивната среќа зависи од сите нас а и нашата од нив. 👫🍀🌍

Photos from УЖ Вмро-Дпмне ОК Куманово's post 14/11/2022

14 Ноември - Меѓународен ден на дијабетесот

Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово заедно со Унија на ветерани и Комисија за здравство, ја одбележа недела на борба против шеќерната болест (дијабет) и големиот верски празник Св. Кузман и Дамјан, заштитници на здравјето, на најхуман начин со бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок.

Целта на оваа кампања е подигнување на свеста кај населението за тоа што претставува шеќерната болест и нејзина превенција преку воспоставување на здрави животни навики.

Photos from УЖ Вмро-Дпмне ОК Куманово's post 12/11/2022

📣 Одбележување на Недела на борба против шеќерна болест (дијабет) и Недела на грижа за старите лица.

✅Унија на жени ОК Куманово во одбележување ќе се вклучи со низа активности, почнувајќи од денес, со посета на нашите сограѓани во с. Пчиња и с.Студена Бара, на кој од страна на стручни лица, доктори волонтери се изврши бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок.

❗️Шеќерна болест или дијабетес е хронично системско пореметување на метаболизмот, кое се карактеризира со хипергликемија, т.е. трајно зголемување на нивото на глукоза во крвта. Тоа е последица на модерниот стил на живот и зголемениот број на надворешни предизвикувачи.

#НеделаНаБорбаПротивДијабет
#НеделаНаГрижаЗаСтаритеЛица

12/11/2022

Почитувани, ве поканувам во недела ( 13-ти Ноември) денот на Ослободување на Скопје, да оддадеме почит кон сите што го положиле својот живот за слободно Скопје.
За нашето Скопје!

Photos from Жаклина Пешевска's post 11/11/2022
11/11/2022

Честит празник Куман♥️во!

Want your business to be the top-listed Government Service in Kumanovo?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address

Kumanovo