20/11/2024
Дечиња секаде и секогаш во радост наше СЕ!
На Светскиот ден на детето неизбежно е да истакнеме дека сите заедно треба да работиме на развивање на свеста за толеранција кај децата, особено за елиминирање на секој вид на насилство. Креирањето на средина на соживот и почитување на разликите е од клучно значење за идните генерации. Целта е да изградиме општество во кое секое дете ќе разбере дека решавањето на проблемите треба да се врши преку дијалог, а не насилство.
Одбележувањето на Светскиот ден на детето ќе овозможи да се слушне гласот на децата и тие да укажат на најголемите предизвици со кои се соочуваат. Кренете го гласот и помогнете за да се спасат детски животи, помогнете им на децата да се борат за своите права и да го остварат својот потенцијал.
01/11/2024
Едукативно превентивен настан„ Во Општина Неготино на 28.10.2024 година се одржа едукативно превентивен настан на тема
„Појава на Екранизам и влијанието на технологијата врз развојот на децата“
За децата со љубов❤️
Настанот го отвори Претседателот на Општинскиот Совет за социјална заштита Аница Карафилоска , додека учество и свои излагања на трибината имаа еминентни стручни лица лица од областа на социјалната детска и здравствена заштита .
-Зорица Јовановска - предучилишен педагог со долгогодишно искуство, вклучена во многу проекти од предучилишното и основното образование во државата и надвор од неа .
-Душица В. Димова- Дефектолог Душица В. Димова -Координатор на Оддел за организирано живеење со поддршка при “ЈУ Специјален завод Неготино“ и Претседател на здружението „Центар за рана интервенција и стимулација на деца Неуро Плус и член на Општински Совет за социјална заштита “Неготино
-Валентина Тасева-Дефектолог Раководител на Организирано живеење со поддршка во заедницата -„Порака“ Неготино и член на Општински Совет за социјална заштита
Трибината на иницијатива на Општинскиот Совет за социјална заштита во соработка со ЈУОДГ Фемо Кулаков Неготино со поддршка на Општина Неготино на поттикна голем интерес во заедницата, на која се дискутираа различни заклучоци ,причини и последици како и совети во поглед на превенција и заштита на општественото здравје на децата поткрепено со клучни совети и насоки во воспитното влијание на родителите ,раниот детски развој и последиците од појавата на екранизам кај децата.Настанот беше од отворен и интерактивен карактер на истиот беа присутни родители,претставници на институции -раководни лица од образовни институции,претставници од здравствени институции,членови на ОССЗ Неготино,претставници на стручни тимови во областа на детската заштита,невладини организации,претставници на институции на безбедноста-јавен ред и мир ,општинска администрација ,граѓани од нашата и соседните општини.
Превенцијата продолжува со голема посветеност ,заложба и взаемна соработка и љубов кон сите возрасни групи на деца.
15/10/2024
👩🌾Меѓународниот ден на руралната жена е посветен на препознавање на значајната улога што жените во руралните средини ја имаат во одржувањето на земјоделските заедници, обезбедувањето храна и нивниот придонес за економскиот развој.
👩🌾Да го препознаеме и вреднуваме придонесот на овие хероини и да се застапуваме за рурални области со еднакви можности за сите.
10/10/2024
Sekoj den so razbiranje i bez stigma❤️
🧠На овој Меѓународен ден на менталното здравје, да си дадеме приоритет на нашата благосостојба и да се поддржуваме едни со други во разбивање на стигмата околу менталното здравје.
🫶🤗Заедно, можеме да поттикнеме заедница каде што отворените разговори и сочувството напредуваат, потсетувајќи ги сите дека е во ред да се побара помош.
🧠Вашето ментално здравје е важно - да се грижиме за себе и едни со други.
02/10/2024
Меѓународен ден на ненасилство – 2ри октомври
30/09/2024
Во насока на меѓусекторска работа како на локално и на регионално ниво ВПР Општинските локални совети како дел од неа во поглед на основната цел пристап и право на сите маргинализирани лица
25/09/2024
Регионална Работилница социјални услуги и Социјални совети во рамки на општините локално и регионално ниво во меѓусекторска соработка, Организација на жени на Општина Св. Николе Kvina till Жена за Жена Претставници на Општини и Институции од ВПР
19/08/2024
„Ако не можете да нахраните сто луѓе, нахранете само еден човек“ - Мајка Тереза
Среќен Светски Ден на Хуманоста
03/06/2024
https://womsvetinikole.org.mk/public/povik-za-devojki-za-uchestvo-na-tridneven-trening/
Повик за девојки за учество на тридневен тренинг
ПОВИК ЗА ДЕВОЈКИ ЗА УЧЕСТВО НА ТРИДНЕВЕН ТРЕНИНГ „за граѓански ангажман и вклучување на девојки и млади жени во заедницата“ ДАТУМ: 17-20 јуни 2024 година МЕСТО: ќе биде...