04/06/2026
На денешниот ден (04.06.2026), кандидатите за прием во Единицата за Брзо Распоредување успешно реализираа показна вежба составена од повеќе етапи, преку кои ги демонстрираа своите стекнати знаења, вештини и подготвеност за извршување на полициските задачи.
Во рамки на вежбата беше презентиран дел од обуката за справување со нарушувања на јавниот ред и мир, тактики за воспоставување и одржување на јавниот ред, како и постапки за лишување од слобода и апсење на сторители на кривични дела.
Кандидатите покажаа високо ниво на дисциплина, координација, физичка подготвеност и професионален пристап, потврдувајќи ја својата подготвеност за идните предизвици во служба на граѓаните и безбедноста на Република Македонија.
17/05/2026
Во Полицискиот Центар Ѓорче Петров се одржа првиот меморијален турнир во чест на загинатите припадници на ЕБР и САЕ Тигар кои го дадоа својот живот во Диво Насеље на 09/10 Мај 2015 година — херои кои со својата пожртвуваност и храброст засекогаш останаа запишани во историјата на Македонија.
Со длабока почит и достоинство им оддадовме чест на нашите колеги, чие име и дело никогаш нема да бидат заборавени.
Голема благодарност до сите екипи кои учествуваа на турнирот и со своето присуство покажаа единство, почит и поддршка. Посебни честитки до СВР Скопје за освоеното прво место и прикажаната борбеност и спортски дух. 🏆
Во чест и сеќавање на загинатите колеги, овој меморијален турнир ќе стане традиција и ќе се одржува секоја година, за нивната жртва, храброст и дело никогаш да не бидат заборавени.
Хероите живеат вечно!
10/05/2026
Во чест и сеќавање на хероите од Диво Насеље, на 09.05 во Куманово се одржа „Панихида“ за загинатите бранители - потоа беше оддадена почит и положено цвеќе пред споменикот на хероите кои го дадоа својот живот за татковината. Во нивна чест се одржа и меморијален турнир во мал фудбал под мотото „Хероите живеат вечно“.
На 10.05 се одржа и Меморијален велосипедски марш на релација Куманово – Гостивар, посветен на загинатите борци од Диво Насеље, како симбол на почит, достоинство и вечно сеќавање.
Само преку вакви настани, сплотеност и почит кон жртвата, хероите вечно ќе живеат во нашите срца и никогаш нема да бидат заборавени.
Слава им.
08/05/2026
По повод Денот на полицијата, нашата единица секоја година оддава посебна почит и благодарност кон сите припадници на полицијата кои несебично го дале својот живот во служба на татковината.
Во знак на сеќавање и длабока почит, се оддава признание и кон нивните семејства, кои живеат со нивната жртва и гордост. Токму затоа, традиционално се положува свежо цвеќе на спомен-обележјата, како симбол на вечна благодарност, почит и незаборав.
28/04/2026
28 април 2001 година останува врежан како ден на болка, но и на неизмерна храброст. Овие млади луѓе, синови, браќа и пријатели, не се двоумеа да застанат во одбрана на татковината, свесни за ризикот што го носи нивната должност.
Во нивна чест, СВР Битола организираше одбележување на 25 години од нивната трагична жртва, при што се одржа турнир во мал фудбал. Екипата на ЕБР го освои второто место, оддавајќи почит преку спорт и заедништво.
16/03/2026
На 13.03.2026 година, во просториите на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), беа во посета студенти од Факултетот за безбедност – Скопје.
Во рамки на посетата, на студентите им беше презентирана организацијата на единицата, нејзината улога во безбедносниот систем, како и задачите и надлежностите кои ги извршува ЕБР. Преку кратка презентација и разговор, студентите имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на единицата, опремата со која располага и предизвиците со кои се соочуваат припадниците при извршување на нивните задачи.
Посетата претставуваше одлична можност за приближување на практичната работа на единицата до идните безбедносни кадри и размена на искуства и знаења.
09/03/2026
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, упатуваме искрени честитки и изразуваме длабока благодарност до сите припаднички на ЕБР за нивната посветеност, професионалност и придонес во секојдневното извршување на задачите.
Како знак на почит и благодарност, на припадничките на ЕБР, како и на сите вработени жени, им беа доделени пригодни подароци.
Ви благодариме за вашата сила, одговорност и инспирација што ја носите секој ден. Нека овој ден биде потсетник за значењето на вашата улога и придонес.
05/02/2026
Од архива...
Момент кога времето застанува – чекор меѓу храброст и хаос, погледи полни со адреналин, улица што врие и секунда во која сè може да тргне на погрешна страна.