12/05/2023
12.05, ОУ" Браќа Миладиновци", Скопје
😷
Нашите најмлади и нашите најмили. По изразот на нивните лица, можеме да се надеваме дека интересот за професијата медицинска сестра ќе создаде нови идни колеги и колешки❤️
По повод неделата на сестринството, и Меѓународниот ден на медицинската сестра 12ти Мај, со мотив на промоција на улогата на медицинската сестра во здравствената грижа на населенито, на покана на ОУ"Браќа Миладинивци" Скопје, во соработка со Националното здружение ЗМСТАМ, организираа промоција на неколку интервенции и ги запознаа учениците со неколку основни појави во болничките установи.
Интересот за што значи инфузија, како се преврзува со завојче, како се носи заштитна униформа, хигиена на раце, заштита од болести, низ интеракција со учениците од второ одделение, претставуваше задоволство како за нашите прекрасни клинички медицински сестри, Марија Радеска Станковиќ и Анѓела Стојановска, така и за најмладите и заинтетесирани дечиња и нивните наставници.
Да промовираме здравје, да промовираме грижа и да промовираме љубов кон професијата,
Честит празник на сите медицински сестри.
22/03/2023
Конечно. 👏
Чекор по чекор, колку и да е тешко, мора да чекориме за да го освоиме местото на професијата кое си го заслужува.
Имаме уште доста, но овој момент е вреден за поздрав и поттик за понатамошна промоција и заштита на сестринството.
Веќе нема да може вонредно да се учи средно медицинско
Во средните училишта во државава кои имаат насоки од здравствена струка веќе нема да може вонредно да се запишуваат ученици
10/08/2022
Прекрасно интервју👏👏👏.. Секоја чест за нашата Др. Шошолчева..
Има Анестезиолози и Анестезиолози..Ама??
Анестезијата, како неисцрпно поле на потребно знање, многу предупредувања и предизвици, на многу достигнати цели кои изгледале невозможни, како поле на чување на животот- почнувајќи од моментот на доаѓање на светот од мајчината утроба па се до достојно заминување при исклучување на сите животни функции,, како делот од медицината каде се знае колку "шеќер" и колку "сол" смеат или не смеат да се мешаат, како знаење кое може да го врати запреното срце, , како предизвик кој те тера да ги знаеш сите чекори на танцот однапред уште пред да почне музиката, како наука која е кралица во медицината која ја победува болката, ја победува смртта и остварува невозможни циклуси на спасување ма живот.
Со стравопочит кон кралицата на Медицината : АНЕСТЕЗИЈА .
А, само вистински анестезиолог ја има таа доблест да почувствува стравопочит кон Анестезијата која ја спроведува, знаејќи всушност колку голема и непредвидлива работа работи и покрај сето тоа знаење.
Тие што ја почитуваат дур ја спроведуваат, без многу напор си ја заслужуваат почитта од сите останати. Едноставно си доаѓа почитта неприметно и неисфорсирано..
Најдобрите пак успеваат знаењето , тој дух , жар, моќ и сила да ја пренесат на наредните генерации.
Затоа се посебни..
Проф . Шошолчева👏👏👏 е таква, посебна.
Чест за сите генерации кои усвоиле знаења од Вас, низ Катедрата или низ безбројните работни часови меѓу пациентите.
Anesthesia rules!!!
💪🩸🩺⚕️💊💉😷
Анестезиологијата е најубавата гранка во медицината и е љубов која започнува на прв поглед и трае засекогаш - Проф. д-р Мирјана Шошолчева
1. Како бард во областа на анестезиологијата кај нас, колку според Вас анестезиологијата е битна
14/05/2022
И што по "неделата на сестринство".?
Олимписка дисциплина - да се избориме за подобро сестринство во Македонија.
Вики Котевска: Сме враќале во живот и пациенти кои по 6 месеци биле во кома - НОВА ТВ
Сѐ додека не се испотите додека го масирате пациентот за да ја вратите срцевата акција и да успеете да го реанимирате – нема предавање во борбата...
24/12/2021
⏳⌛
Медицинските сестри бараат да се имплементираат европските директиви во македонските закони
Професионалните здруженија се жалат дека за прекратко време и со вонредно учење, како медицински сестри се вработуваат недоволно искусни и неиспраксирани кадри, к...
10/07/2021
На Клиниката на неврохирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за прв пат во нашата земја е изведена операција за вградување на стимулатор на нервот вагус кај 36 годишна пациентка. Оваа хируршка метода се воведува како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија, која тешко се контролира со лекови. Операцијата опфаќа имплантација на мал електростимулатор кај пациентот со што се намалува зачестеноста на епилептичните напади кои кај овие пациенти знаат да бидат и по десетина на ден. Во текот на наредните денови стимулатор на нервот вагус ќе се вгради кај уште двајца пациенти со тешка форма на епилепсија.
Интервенцијата ја изведоа неврохирузите д-р Венко Филипче и д-р Владимир Рендевски од Клиниката за неврохирургија заедно со д-р Владо Башчаревиќ од Клиниката за неврохирургија во Република Србија, како и невролозите од Клиника за неврологија, д-р Емилија Цветковска и д-р Бојан Бошковски.
Честитки за колегите !