ДПД Виница / VFD Vinica

ДПД Виница / VFD Vinica

Share

🧑‍🚒Доброволно противпожарно друштво - Виница
📍Адреса: Илинденска бр.7, Општина Виница
📞+38977570777

Photos from ДПД Виница / VFD Vinica's post 25/04/2026

🌱 Зелен Чекор 2026 🌱

Со големо задоволство ве информираме дека ДПД-Виница се приклучи кон акцијата „Зелен Чекор 2026“!

Заедно правиме чекор напред кон почиста и поздрава животна средина 🌍
Со заеднички сили, ентузијазам и грижа за природата, покажуваме дека малите чекори прават големи промени.

💚 Да продолжиме да ја чуваме нашата околина!

Photos from Општина Виница's post 21/04/2026
12/04/2026

Христос Воскресе!
Нека светлината на Велигден донесе здравје, мир и благосостојба во секој дом.

Со сила, храброст и посветеност, секогаш тука за заедницата –
Ви посакуваме радост, среќа и многу благослови!

Навистина Воскресе!

03/03/2026

Мрежата на доброволни противпожарни друштва на Република Северна Македонија денес одржа состанок со Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија со цел да се отвори прашањето за регулирање на тарифата за електрична енергија за доброволните противпожарни друштва.Оваа иницијатива се реализира со поддршка и помош од директорот на Дирекција за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој ја препознава важноста на улогата на доброволните противпожарни друштва во системот за заштита и спасување.
Иницијатива не е во интерес на поединци, туку во интерес на граѓаните и безбедноста на државата.
Доброволните противпожарни друштва се составен дел од системот за заштита и спасување. Ние сме први на терен кога се случуваат пожари на отворен простор, природни непогоди и други вонредни состојби. Работиме 24 часа, 7 дена во неделата, често со ограничени финансиски средства, но со голема одговорност кон заедницата.
Трошоците за електрична енергија директно влијаат врз нашата подготвеност – од одржување на опремата, полнење на батерии, функционирање на комуникациски системи, па сè до основно осветлување и работа на просториите. Затоа сметаме дека доброволните противпожарни друштва треба да имаат повластен, односно регулиран тарифен третман, како субјекти што работат во јавен интерес и во функција на безбедноста на сите граѓани.
Ова не е борба за привилегии. Ова е борба за посилен и поефикасен систем за заштита, за подобро организирано општество и за поголема сигурност на секој граѓанин.
Ќе продолжиме институционално, транспарентно и одговорно да ги застапуваме интересите на доброволните противпожарни друштва, со единствена цел – подобра заштита на животите, имотот и природата во нашата држава.
Заедно градиме побезбедна иднина.

Photos from ДПД Виница / VFD Vinica's post 01/03/2026

01 Март – Ден на цивилната заштита

По повод Денот на цивилната заштита, тим од ДПД Виница учествуваше на дводневна стручна обука во Битола, организирана од ДПД Архангел во соработка со Дирекција за заштита и спасување.

Обуката беше насочена кон унапредување на тактичките и оперативните вештини, како и кон размена на практични искуства меѓу единиците од територијалната противпожарна заштита.

Нашиот тим имаше можност да работи со висококвалификувани инструктори, да совлада нови техники и да ја зајакне меѓусебната координација преку реални сценарија и симулации.

Горди сме што континуирано инвестираме во знаење, подготвеност и професионален развој, со цел побрзо, поефикасно и побезбедно реагирање при интервенции.

ДПД Виница останува посветено на служба на заедницата, со храброст, одговорност и чест. 🚒🔥

Photos from Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim's post 23/02/2026
Photos from Uprava Republike Slovenije za zaščito in reševanje's post 05/02/2026
Photos from ДПД Виница / VFD Vinica's post 10/01/2026

📊 Статистика на активности – ДПД Виница

Во текот на нашето активно делување, ДПД Виница реализираше и учествуваше во следните активности, со цел заштита на граѓаните, имотот и животната средина.

31/12/2025

🎆 Среќна Нова Година! 🎆

ДПД Виница им посакува на сите граѓани многу здравје, среќа, успех и мир во Новата година.
Нека биде исполнета со солидарност, хуманост и заеднички победи.

Ви благодариме за довербата и поддршката – и понатаму сме тука за вас! 🚒🔥
Среќна и бериќетна Нова година!

Photos from ДПД Виница / VFD Vinica's post 29/12/2025

Со голема благодарност и празничен дух 🎄✨

🙏 УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА НОВОГОДИШНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА 🩸

Благодарение на хуманоста и солидарноста, успешно се одржа новогодишна крводарителска акција во организација на ДПД Виница 🚒 и Црвен крст Виница ⛑️.

👏 Голема благодарност до сите крводарители кои, во пресрет на Новата година, подарија највреден подарок – живот ❤️🩸

🤝 Заедно покажавме дека празничниот дух значи грижа, човечност и заедништво.
🌟 Да ја започнеме Новата година со хуманост и добри дела!

🎉 Среќна и хумана Нова година на сите! 🎆

#НовогодишнаКрводарителскаАкција 🎄🩸
#ДПДВиница 🚒
#ЦрвенКрстВиница ⛑️
#ДарувајКрвДарувајЖивот ❤️

Want your business to be the top-listed Government Service in Vinica?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address

Vinica