Dolno Kosovrasti

Directions

Dolno Kosovrasti Долно Косоврасти

Известување!
06/10/2026

Известување!

04/10/2026

За гаснење на пожарот што избувна меѓу селата Елевци и Горно Косоврасти, во помош на пожарникарските екипи е вклучен и хеликоптер на Армијата.

01/10/2026
11/09/2026

Во врска со фрлањето на ѓубре во Река Радика Радика кај нас се крена голема галама, до степен што цела држава зборува за тоа.
Не дека го оправдуваме чинот напротив, меѓу првите го осудивме. Но, една неодговорна постапка на поединец, било свесна или несвесна, не може да биде причина да се оцрнува цело село и сите негови жители.
Сите знаат колку е направено во Долно Косоврасти за заштита на животната средина, за чистотата и за уредувањето на самото село. Заедно со Mesna Zaednica Dolno Kosovrasti и самите жители, направени се бројни активности. Слободно можеме да кажеме дека Косоврасти може да биде пример за регионот, а и пошироко, кога станува збор за грижата за животната средина.
Но, ако веќе институциите, медиумите и јавноста реагираат толку брзо и остро за еден ваков случај, каде е истата реакција за проблемите со кои граѓаните се соочуваат секојдневно?
Каде се Komuna Dibër - Municipality of Debar - Општина Дебар Општина Дебар, ЈКП, инспекциските служби, државните институции и надлежните министерства и тие што коментираат(тогаш веројатно немат дозвола од партиите) кога во летниот период нема вода за основните потреби?
Каде се надлежните кога во 21 век патиштата се полни со дупки, а некои улици и патишта со децении чекаат решение?
Каде е одговорноста кога камионот за собирање на отпад некогаш доаѓа, некогаш не? Во авгусот имаше објави од граѓани за несобран отпад. Кој побара одговорност од претпријатието? Кој побара објаснување од Општината? Каде беа институциите, медиумите и порталите тогаш?
Зошто не се објавува јавно кога и каде не е собран отпадот, зошто не е собран и кој е одговорен?
Каде е истиот број на коментари и осуди за овие проблеми? Или, за жал, и коментарите и реакциите понекогаш се појавуваат само кога некој ќе им каже од која страна треба да се застане?
Патишта ни се градат 30 години. За некои делници решение се бара со децении. Имаме ситуации каде што патишта се прават благодарение на соселани, бизнисмени и луѓе кои доброволно помагаат, наместо институциите да ја завршат својата работа.
А каде се надлежните за пропустот кај Мелници и мостот? Две години стои истиот проблем. Две години граѓаните гледаат и чекаат да се санира. Кој е одговорен за тоа и кога конечно ќе се реши?

Не бараме ништо повеќе од еднаква реакција, еднакви критериуми и одговорност пред граѓаните.

Ако за постапката на еден поединец може експресно да реагираат институции, медиуми и јавност, тогаш очекуваме со истата брзина и сериозност да се реагира и за проблемите што ги засегаат сите жители секојдневно.
Надлежностите се јасни: Општина Дебар и општинските служби, јавното комунално претпријатие, комуналната инспекција, државниот инспекторат за животна средина, надлежните министерства и другите институции според видот на проблемот.
И, пред сè, сакаме истите тие што денес со право бараат одговорност за животната средина во Радика, со истата решителност да се борат и за чиста околина, вода, патишта, редовно собирање на отпад и нормални услови за живот на граѓаните.

Правилата треба да важат за сите, а одговорноста да биде иста за сите.

09/09/2026

Превземено видео од СДР "трофта".

04/09/2026

За кажување сите се први. А на дела ги нема.Сѐ едни истите луѓе на акции,и други активности.Кои одвојуваат време од својот живот,од своето семејство, влегуват во расправи со тие што узупират места,се расправат по институции без личен интерес. Извините Па не се селски измејќари.
А за денешнава активност требаше еден човек да сврти круг низ цело село и толку.

Address

Dibra
1250

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Dolno Kosovrasti posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share