Embassy of the Republic of North Macedonia in Australia and New Zealand

Embassy of the Republic of North Macedonia in Australia and New Zealand

Share

Welcome to the official page of the Embassy of the Republic of North Macedonia in Australia, New Zealand and Indonesia.

This page will provide you with the latest updates and events.

06/06/2026

Согласно владиниот Акциски план за прием на барања и издавање на пасоши преку дипломатско-конзуларните претставништва, во организација на Амбасадата во Канбера и Конзулатот Мелбурн, викендот на 18 и 19 јули 2026 година, ќе бидат оддржани конзуларни денови и сликање за пасоши во Оукленд, Нов Зеланд.

Ги повикуваме сите заинтересирани лица кои имаат потреба од обновување на македонските пасоши, да се обратат до Амбасадата на e-mail адресата: [email protected] или до Генералниот Конзулат на [email protected].

Покрај пасоши, на располагање ќе бидат и други конзуларни услуги- заверка на полномошна и изјави (за што е потребно да се поседува важечки документ за идентификација), правни консултации, информирање/поднесување барања за државјанство, издавање патни листови.

Photos from Embassy of the Republic of North Macedonia in Australia and New Zealand's post 24/05/2026

Во соработка со училиштето за македонски јазик "Свети Климент Охридски" од Канбера, во просториите на Амбасадата се одржа училишен час со кој беше одбележан Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Триесетина деца на македонски иселеници во овој дел на Австралија, читаа, рецитираа и пееја на македонски, учејќи го јазикот на своите родители, баби и дедовци и запознавајќи се со македонската литература, култура и традиција. Амбасадата ќе продолжи да дава поддршка на проектите на дијаспората за промоција на македонскиот јазик, негова што поширока примена кај младите генерации кои растат во Австралија, како и на заложбите за зачувување на македонските корени и јазичната идентитетска вертикала...
Голема благодарност до Македонско Училиште Канбера

Photos from Canberra and Region Heritage Festival-Macedonian Orthodox Church tour's post 19/04/2026
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026 - Јавни огласи - Информации од јавен 11/04/2026

Јавен повик до сите заинтересирани организации, здруженија и поединци од редовите на македонската дијаспора за достава на проектни апликации со идеи и иницијативи насочени кон унапредување на врските со матичната држава и поддршка на активностите на дијаспората.

Рок и начин на аплицирање:
Рокот за поднесување на апликациите е 15 дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Министерството.
Предлог-проектите доставени по истекот на наведениот рок нема да бидат разгледувани.

Проектите се доставуваат во скенирана форма по електронски пат, и тоа:
▶️до Министерството, преку електронската пошта на Амбасадата: [email protected]
▶️како и до Секторот за дијаспора при МНРНТ на e-mail адресата: [email protected].

Доколку апликантот не е во можност да го достави проектот во скенирана форма, истиот може да го испрати по пошта до надлежното ДКП.

Согласно внатрешниот Правилник за утврдување на постапката за доделување проектни средства наменети за потребите на дијаспората, министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе формира Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите проектни апликации.
Комисијата ќе изготви предлог-одлука за распределба на средствата, врз основа на утврдени критериуми и квалитетот на доставените проекти.

Апликантите чии проекти ќе бидат одобрени ќе бидат писмено известени по електронски пат од страна на Министерството.

Ги охрабруваме сите заинтересирани субјекти од дијаспората активно да се вклучат и да придонесат со свои квалитетни предлози и иницијативи.

Линк до Јавниот повик:

Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026 - Јавни огласи - Информации од јавен Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026 Јавни огласи Информации од јавен карактер Министерство за надв...

Photos from Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme's post 30/01/2026
18/12/2025
04/11/2025

Повик за пријавување учество во онлајн дискусија на претставници од дијаспората - Изработка на Национална Стратегија за соработка со дијаспората 2025-2030

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека во рамки на финалната фаза на изработката на Националната стратегијата за соработка со дијаспората 2025 – 2030, на 10 ноември 2025 година со почеток во 11:00 часот ќе се одржи онлајн дискусија со претставници од дијаспората, предводена од Државниот секретар на МНРНТ, Елена Кузмановска. На состанокот, покрај претставниците на македонските здруженија регистрирани во странство, се покануваат да учествуваат и физички лица од редовите на дијаспората кои сакаат да дадат личен придонес во содржината на Стратегијата. Покрај претставници од МНРНТ, на состанокот ќе учествуваат и членови од работната група за изработка на Стратегијата од повеќе државни институции.

За учество на состанокот, секој заинтересиран претставник на дијаспората потребно е да достави контакт податоци (име и презиме; назив на здружението/организацијата што ја претставува и контакт е-пошта и телефонски број) на [email protected] најдоцна до 6 ноември 2025 година (четврток).

21/08/2025

Информираме дека Агенцијата за иселеништво и оваа година ќе организира online настава по македонски јазик за деца со потекло од нашата земја кои живеат во странство. Наставата започнува на 1 септември 2025 гoдина и ќе се одвива два пати седмично.
Молиме сите заинтересирани родители да ги пријават своите деца преку официјалниот e-mail на Агенцијата: [email protected]

Macedonian Diaspora Survey 24/07/2025

Во продолжение следува анкетен прашалник наменет за претставниците на македонската дијаспора, изработен од „Македонија 2025“ и Владата, а со цел добивање соодветни резултати кои ќе помогнат во креирање на понатамошните владини програмски активности наменети за соработка со дијаспората, како и во подобрување на содржината на новата Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025- 2030, која е во фаза на изработка.

Анкетниот прашалник е достапен на следниот линк:

Macedonian Diaspora Survey Web survey powered by SurveyMonkey.com. Create your own online survey now with SurveyMonkey's expert certified FREE templates.

Want your business to be the top-listed Government Service in Canberra?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


25 Cobbadah Street
Canberra, ACT
O'MALLEYACT2606