22/07/2025
Почитувани,
Во прилог се наоѓа онлајн прашалник наменет за претставниците на македонската дијаспора, изработен од „Македонија 2025“ и Владата, со цел добивање на соодветни резултати кои ќе помогнат во креирање на понатамошните владини програмски активности наменети за соработка со дијаспората, а се во насока и на подобрување на содржината на новата Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025- 2030, која е во фаза на изработка од страна на МНРиНТ.
Анкетниот прашалник е достапен на следниот линк:
Macedonian Diaspora Survey
Web survey powered by SurveyMonkey.com. Create your own online survey now with SurveyMonkey's expert certified FREE templates.
23/04/2025
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци, кои потекнуваат од редовите на дијаспората, да поднесат проектни пријави кои опфаќаат идеи и иницијативи од нивен интерес.
Рокот за аплицирање трае 15 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик. Поднесените апликации пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
Апликациите во скенирана форма се доставуваат до Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку надлежно Дипломатско- конзуларно претставништво и на електронската пошта: [email protected]
Доколку апликантот нема можност за скенирање на проектот, истиот може да се достави по пошта до надлежно ДКП.
Огласот е достапен на следниов линк:
Министерство за надворешни работи
Министерство за надворешни работи
17/03/2025
Почитувани,
По повод трагичната несреќа во Кочани ве информираме дека од денес во нашето ДКП отворена е книга за жалост, во која може сите граѓани да упатат последни пораки за сочувство.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија споделува и контакт податоци од надлежните лица во македонските дипломатско-конзуларни претставништва, во земјите каде се хоспитализирани наши државјани. Воедно, во листата на контакти вклучени се и претставништвата во земјите кои понудиле помош за хоспитализација и лекување.
Контактите се достапни на следниот линк
https://mfa.gov.mk/mk/page/13/post/3983/soopshtenie1?fbclid=IwY2xjawJE169leHRuA2FlbQIxMQABHQ5y8rgQbZeqROVkjLbhGn3HQUpB9Agai2I_4LD8DFQ4iCloPIOplGUiJw_aem_j3OI8_P9jbsNeW-lns-msQ
Министерство за надворешни работи
Министерство за надворешни работи
17/03/2025
Почитувани,
Ве известуваме дека во просториите на Амбасадата на Република Северна Македонија во Ватикан, ќе биде отворена Книга на жалост во која секој може да ги напише своите последни пораки и изрази на сочувство кон невините жртви и нивните семејства.
Книгата ќе биде отворена во следнитe термини:
17 март, понеделник од 13:30 до 15:30 часот
18 март, вторник од 13:30 до 19:00 часот
19 март, среда од 13:30 до 19:00 часот
20 март, четврток од 13:30 до 17:00 часот
21 март, петок од 13:30 до 17:00 часот
Да изразиме сочувство до семејствата и сите засегнати од оваа голема трагедија.
Амбасада на Република Северна Македонија при Светата столица
26/12/2024
25-ти ноември, Ватикан - Традиционално божиќно обраќање на папата Франческо - "Urbi et Orbi" до градот и светот. 🇲🇰🇻🇦
29/11/2024
29-ти Ноември, Ватикан - Во рамки на активностите за завршување на мандатот, Н.Е. амбасадор Марија Ефремова имаше аудиенца со Неговата Светост папата Франческо, како и протоколарни средби со Н.Е. монсињор Едгар Пена Пара, заменик на државниот секретар на Светата столица, како и со Н.Е.монсињор Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации на Светата столица. 🇲🇰🇻🇦
27/11/2024
Ватикан, 27-ми Ноември - Во рамки на активностите против насилството врз жените, Н.Е. амбасадор Ефремова, со групата жени амбасадори акредитирани при Светата столица, присуствуваше на аудиенција со папата Франческо. 🇲🇰🇻🇦
23/11/2024
23 Novembre-Ambasatrice Marija Efremova ha avuto l’incontro di congedo con l’Em.mo Cardinale Pietro Parolin Segretario di Stato dela Santa sede preso la Prima Loggia del Palazzo Apostolico. Al fine del cordiale colloquio Ambasatrice ha espresso un sincero deferente ringraziamento per l’incontro avuto, la profuga collaborazione e la gentilezza in anni passati. 🇲🇰🇻🇦
11/11/2024
Рим, 10 Ноември – Н.Е. Амбасадор Ефремова во придружба на сопругот Др. Ефремов со големо задоволство присуствуваше на свечен роденденски бал по повод прослава на 249 роденден на Маринскиот Корпус. Среќен роденден и благодарност за целосната поддршка што 🇲🇰 ја има од 🇺🇸 ! 🎉🎉🎉
24/09/2024
23-ти септември - Во просториите на македонската амбасада при Светата столица, Н.Е. Амбасадор Марија Ефремова оствари средба со директорот Јованова-Грујовска и професори од Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков" при УКИМ. На средбата меѓу другото беше разговарано и за можностите за реализирање на заеднички проекти во идниот период.