Завод за Социјални Дејности Скопје

Завод за Социјални Дејности Скопје

Share

Заводот за социјални дејности е јавна установа за унапредување на социјалната дејност, со надлежност на територија на целата држава.

Photos from Завод за Социјални Дејности Скопје's post 23/06/2025

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА (18.06.2025)

Минатата недела во Центар за обука - МВР е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители, Министерството за внатрешни работи – Центар за обукa и Јавната установа Завод за социјални дејности – Скопје.

Со потпишувањето на овој Меморандум, наведените институции ќе ја зголемат меѓусебната комуникација со цел да ја воспостават и формализираат меѓуинституционалната соработка во промовирање на принципите на правдата за деца, заштита на правата на децата и нивниот најдобар интерес.

Соработката подразбира заеднички активности во полето на развој на системот за учење и професионален развој, како и истражување, анализа и создавање на едукативен материјал, а целните групи на корисници се службени лица, вработени во судството, внатрешните работи и државниот систем на социјална заштита.

Меморандумот го потпишаа: г-ѓа Ирина Трајкоска Стрезоски-Директор на Академијата за судии и јавни обвинители, м-р Влатко Митковски-Помошник на министерот на Центарот за обука и г. Стојан Станиславски-Директор на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје.

Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme

Photos from Институт за семејни студии - Institute of Family Studies's post 16/05/2025

По повод Меѓународниот ден на семејството – 15 мај, Заводот за социјални дејности учествуваше на настан организиран од Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет – Скопје, УКИМ, во соработка со Факултетското студентско собрание.

Настанот беше одбележан со богата и инспиративна програма, посветена на значењето на семејната едукација. Во рамки на програмата се одржа панел-дискусија со учество на експерти од различни области, на која активно учествуваа и претставници од Заводот за социјални дејности.

Со своето присуство и учество, Заводот ја потврди својата посветеност кон унапредувањето на семејните вредности и промоцијата на важноста од едукација и поддршка на семејствата во современото општество.

Photos from Филозофски факултет - Скопје's post 16/05/2025

Со голема чест и задоволство ве известуваме за потпишување на нашиот Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет во Скопје.

Оваа соработка отвора нови можности за заеднички активности во областа на образованието, научно-истражувачката работа и стручната пракса.
Целта е зајакнување на стручниот кадар и унапредување на системот на социјална заштита во интерес на заедницата.

Заедно кон поквалитетна социјална реалност! 📘🤲

#ФилозофскиФакултет #ЗаводЗаСоцијалниДејности #Соработка #ЗнаењеВоПрактика

Photos from UNHCR North Macedonia's post 19/06/2024
08/03/2023

Драги дами Честит 8-ми март!
Никогаш не заборавајте колку сте посебни! 🌹🥂❤️

KICK OFF на проектот “Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици “ | ЈУ З 23/12/2022

Драго ни e што повторно стапуваме во партнерство со македонското здружение на млади правници и другите релевантни здруженија кои се дел од овој проект со кои исто сме имале соработка во насока на натамошно јакнење на принципот на владеење на правото и правната сигурност во Република С. Македонија, овој пат во врска со спроведување на активности кои се однесуваат на зајакнување на капацитетите и меѓуинституционалната соработка помеѓу казнено-поправните установи, пробациските службеници, центрите за социјална работа и другите даватели на услуги со цел ресоцијализацијата и реинтеграција на осудени и поранешно осудени лица.

Повеќе за проектот на следниот линк👇👇👇
https://zsd.gov.mk/2022/12/23/kick-off-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%82/

KICK OFF на проектот “Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици “ | ЈУ З KICK OFF на проектот “Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици “ by zsdgovmk_admin | Dec 23, 2022 | Активности “...

Меморандум за соработка | ЈУ Завод за социјални дејности Скопје 17/12/2022

На 15 декември 2022 година, во просториите на Заводот за социјални дејности, Директорот на Заводот С.Станиславски и Деканот на факултетoт за Безбедност проф.д-р Никола Дујовски, потпишаа Меморандум за соработка за реализација на заедничко истражување поврзано со процесот на деинституционализација на установите за деца ви ризик и деца во судир со законот.

Меѓусебната соработка произлегува од законските надлежности и потребата од континуиран процес на истражување и унапредување на процесот на деинституционализација на децата во ризик и во судир со законот, како и спроведување на истражувања, анализи и евалуации што се дел од научната дејност на високообразовните установи во Република Северна Македонија.
Повеќе информации можете да прочитате на следниот линк:

Меморандум за соработка | ЈУ Завод за социјални дејности Скопје Меморандум за соработка by zsdgovmk_admin | Dec 17, 2022 | Активности На 15 декември 2022 година , во просториите на Заводот за социјални дејности , Директорот на Заводот С.Станислав....

Want your business to be the top-listed Government Service in Скопје?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


11th October Street 42, Skopje
Скопје
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:30
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00