29/09/2026
Денес беше потпишан нов Колективен договор во Фабриката за опрема и делови – ФОД ДООЕЛ Новаци, од страна на директорот Николчe Котевски и претставниците на синдикалните организации во друштвото.
Со потпишувањето на новиот Колективен договор се унапредуваат правата, материјалната положба и условите за работа на вработените, а воедно се создава основа за долгорочно подобрување на нивните примања и соодветно вреднување на трудот, особено имајќи ги предвид специфичните и одговорни услови во кои се извршуваат работните задачи.
Претходно, нов Колективен договор беше потпишан и во АД ЕСМ, со што дополнително се потврдува значењето на колективното договарање и социјалниот дијалог во рамките на енергетскиот сектор.
Следејќи ги позитивните практики, преку конструктивен дијалог меѓу менаџментот и синдикалните организации, со новиот Колективен договор се уредуваат правата и обврските согласно специфичните потреби и услови на работење на ФОД ДООЕЛ Новаци.
Со ова се придонесува кон подобри и посигурни услови за работа, поголема економска сигурност и соодветно вреднување на придонесот на секој вработен.
Потпишувањето на Колективниот договор претставува значаен чекор во унапредувањето на социјалниот дијалог и градењето партнерски однос меѓу менаџментот и синдикатите, со заедничка цел – стабилна иднина на компанијата и задоволни, ценети и мотивирани вработени.