Rotaract Club Bitola SHIROK SOKAK

Call Directions Website Contact the organization

Rotaract Club Bitola SHIROK SOKAK Ротаракт може да го промени вашиот живот. Вие можете да го промените светот!

Членови во Ротаракт Клуб Битола Широк Сокак
- Рула Чаламани
- Филип Гагалов
- Јане Велкоски
-Никола Христовски
-Катерина Анакиевска
-Софија Петличковска
- Стефан Степанулески
-Давор Буторац
-Анџела Петровска
-Петар Богоевски
-Марија Василевска
-Александра Јовевска






Целите на Ротаракт се:
1. Да се развиваат професионални и лидерски вештини;
2 Да се нагласи почитувањето на правата на другите и да се промовираат етнички стандарди и достоинството на сите корисни занимања;
3. Да се обезбедат можности за младите луѓе да одговорат на потребите и интересите на заедницата и нашиот свет;
4. Да се обезбедат можности за работа во соработка со другите Ротари клубови;
5. Да се мотивираат младите за членството во Ротари.

На кратко за компанијата:
Ротаракт е меѓународна организација на млади професионалци и студенти на возраст од 18 до 30, кои се посветени на услуга и лидерство во нивните заедници и во странство. Основана во 1968 година од страна на Ротари Интернационал, Ротаракт е глобална мрежа на млади луѓе кои го менуваат светот со клубови во повеќе од 160 земји.

Едно кафе за свет без полиоРотари клуб „Битола Широк Сокак“ Ве поканува на хуманитарно-едукативна средба по повод Светск...
20/10/2026

Едно кафе за свет без полио

Ротари клуб „Битола Широк Сокак“ Ве поканува на хуманитарно-едукативна средба по повод Светскиот ден за борба против полиото – 24 октомври.

📅 22 октомври 2026 година (четврток)
🕗 20:00 часот
📍 Ресторан „Милениум“ – Битола

Наша гостинка и предавач ќе биде прим. д-р Аница Апчевска Василева, специјалист педијатар – неонатолог, со која ќе разговараме за полиото, значењето на вакцинацијата и заедничката грижа за здравјето на децата.

Преку едукација, дружење и доброволни донации ќе ја поддржиме програмата PolioPlus на Ротари Интернационал, посветена на глобалните напори за искоренување на детската парализа.

Средбата е отворена за сите граѓани, родители, млади и пријатели кои сакаат да бидат дел од оваа хумана цел.

☕ Едно кафе, една средба, една заедничка надеж – свет без полио!

Вашето присуство е поддршка за децата и за иднина без полио! 💜

07/10/2026

Ова е анонимен прашалник од Interact Rotary Club Bitola за нашиот подкаст посветен на менталното здравје кај младите. Дали некогаш сте имале прашање за стрес, анксиозност, само....

07/10/2026

💗 РОТАРИ КЛУБ „БИТОЛА ШИРОК СОКАК“ ВО РОЗОВО 🎀
Овој октомври се обединуваме околу една важна порака – да се грижиме за себе и да бидеме поддршка на жените околу нас.
Ротари клуб „Битола Широк Сокак“, како партнер, Ве поканува на „Разговор во розово – здравје, сила и поддршка“, средба посветена на женското здравје, превенцијата, здравите навики, физичката активност и психолошката поддршка.
Наместо класично предавање, нè очекува отворен и непосреден разговор со гости кои ќе ја споделат својата стручност, искуство и лична перспектива. работилница8.10.2026
🎙️ Модератор: Божидар Николовски
💗 Наши гости:
🩷 Марина Крстич – заменик-градоначалник на Општина Битола
🩺 д-р Весна Шикловска – специјалист радиолог
🥗 Елена Рајкоска – нутриционист
🏃‍♀️ Стевка Јанковска Петковска – спортистка
🫶 Наташа Бекирова – психолог и семеен советник
🎀 Катерина Петровска – жена со лично искуство со рак на дојка, која преку „Мојата приказна“ ќе сподели лично искуство, сила и порака до другите жени. работилница8.10.2026
📅 7 октомври 2026 година
🕕 18:00 часот
📍 НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
💗 НЕ ДОАЃАЈТЕ САМИ!
Понесете со себе мајка, ќерка, сестра, другарка, пријателка, соседка или колешка. Поканете жена која ви значи.
Затоа што поддршката започнува токму така – со внимание, со разговор и со грижа едни за други.
Организатор:
🎀 Здружение за развој на ромската заедница „Сумнал“
Партнери:
🤝 Општина Битола
🤝 НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
🤝 Ротари клуб „Битола Широк Сокак“
🤝 Организација на жени Битола
💗 Заедно ја шириме пораката дека превенцијата е грижа, информираноста е сила, а поддршката може да направи разлика.
🎀 Дојдете во розово. Дојдете за себе и за жените што ги сакате. Ве очекуваме!

02/10/2026

🎀 ДВИЖИ СЕ ЗА СЕБЕ!
Розов ден за здравје, сила и поддршка

💗 Ротари клуб „Битола Широк Сокак“ со задоволство се приклучува и ја поддржува активноста „Движи се за себе“, посветена на Розов октомври – месецот за подигање на свеста за ракот на дојка.

Овој октомври се движиме за една важна порака – да се грижиме за себе, да се информираме и да бидеме поддршка на жените што ги сакаме.

📅 7 октомври 2026 година (среда)
🕦 Собирање: 11:30 часот
🕛 Почеток: 12:00 часот
📍 Пред Саат-кулата – Битола

🎈 Со 100 розови балони ќе тргнеме од Саат-кулата, ќе се движиме по Широк Сокак и попатно ќе споделуваме со граѓаните кратки пораки за здравје, грижа, солидарност и поддршка.

Нашата „Розова прошетка“ ќе продолжи до Градскиот парк, каде што кај спортските реквизити заедно ќе се раздвижиме со кратко симболично вежбање. 🏃‍♀️🎀

💗 А најважно – настанот е отворен за сите!

Ги повикуваме нашите сограѓани – жени и мажи, млади и повозрасни, родители, ученици, пријатели и колеги – да ни се придружат.

Дојдете сами или поведете некого што го сакате.
Понесете насмевка, позитивна енергија и желба за заедништво.
Розовите балони и пораките ги обезбедуваме ние. 🎈

Не се натпреваруваме. Не е важно кој е најбрз или најсилен.

Важно е да се движиме, да се информираме, да се грижиме за себе и да бидеме поддршка едни на други.

🎀 Движи се. Информирај се. Грижи се за себе. Поддржи.

На 7 октомври, заедно ја обојуваме Битола во розово. 💗

Придружете ни се! Секој е добредојден.

За здравјето.
За поддршката.
За солидарноста.
За себе и за жените што ги сакаме. 💗

Организатор:
Здружение за развој на ромската заедница „Сумнал“

Партнери:
🤝 Општина Битола
🤝 СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ – Битола
🤝 НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
🤝 Ротари клуб „Битола Широк Сокак“

Активноста се реализира во рамките на проектот „Спорт без насилство – Младински форум за фер-плеј“.

23/09/2026
Честитки до нашите ротарактовци Марко и Рула👏РАК Широк Сокак се гордее што има свој претставник во Дистриктот како десна...
07/07/2026

Честитки до нашите ротарактовци Марко и Рула👏
РАК Широк Сокак се гордее што има свој претставник во Дистриктот како десна рака на DRR за 26/27 🎖️
Веруваме во нивната заложба за доближување на ротаријанството до новите генерации и пренесување на пораката "Service Above Self" ⚙️

Примопредавање на претседателството 2026/2027Во просториите на Х. Милениум на ден 20.06.2025 год раководството за претхо...
22/06/2026

Примопредавање на претседателството 2026/2027

Во просториите на Х. Милениум на ден 20.06.2025 год раководството за претходната ротаријанска година го врачи мандатот на новата претседателка за ротаријанска 26/27 година Софија Петличкова 📌

Прекрасна атмосфера, осврт на настаните кои ја одбележаа 2025/2026 година беа само дел од точките на дневен ред 🔖
Преку низа разговори и искуства, ротарактовците се мотивираа за понатамошни успеси и меѓусебна поддршка за идни проекти 🎉

Од името на клубот уште еднаш ѝ се заблагодаруваме на Претседателката за 2025/2026 година Марија Василевска која неуморно се посвети да се задржи континуираниот успех на РК Широк Сокак како и да се збогати со нови членови, проекти, настани и донации🙏

Им посакуваме успешно членство и работа на изгласаните предлог членови Ана Спасеска, Марија Сервини и Божидар Николовски.

РАК Широк Сокак е спремен да ја зпочни и новата ротаријанска година почнувајќи од месеци септември со новото раководство односно како претседателка Софија Петличкова во чии тим се секретар Ферзије Асаноска и благајник Рула Чаламани 🖇️ Успешна работа на сите!

✨️ Кога младите, децата и заедницата се обединуваат, се создаваат моменти што оставаат трага. 🏛🎨 По повод 18 Мај - Меѓун...
27/05/2026

✨️ Кога младите, децата и заедницата се обединуваат, се создаваат моменти што оставаат трага.
🏛🎨 По повод 18 Мај - Меѓународниот ден на музеите, заедно со учениците од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ и Музејот на Битола споделивме ден исполнет со креативност, дружење и инспирација.
✏️ Преку интерактивна и едукативна работилница реализирана во соработка со Музејот на Битола и ООУ „Ѓорѓи Сугарев“, исполнета со креативна работа и заедничко дружење, децата имаа можност да ги изразат своите впечатоци и инспирација од музејската поставка, создавајќи ден исполнет со учење, култура и позитивна енергија.
❤️ Веруваме дека токму преку вакви активности градиме поколенија кои ќе ја ценат историјата, уметноста и заедничкото творење.
🙏🏼 Благодарност до Музејот на Битола, ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ и сите деца кои беа дел од ова прекрасно дружење кои со својата енергија го направија овој настан навистина посебен.

Address

Ulica Marshal Tito
Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Rotaract Club Bitola SHIROK SOKAK posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Rotaract Club Bitola SHIROK SOKAK:

Shortcuts

Share