Nacionalen Park Pelister

Directions Website

Nacionalen Park Pelister Pelister National Park is a national park in the Municipality of Bitola, North Macedonia.

Целосно уредување на планинската патека Нижо Поле - Големо Езеро - БрајчиноЗапочнаа теренските активности за целосно уре...
24/09/2026

Целосно уредување на планинската патека Нижо Поле - Големо Езеро - Брајчино

Започнаа теренските активности за целосно уредување на планинската(пешачка) патека Нижо Поле - Големо Езеро - Брајчино со вкупна должина од 19km. Уредувањето подразбира целосно расчистување на вегетација по должина на целата патека, целосно обновување на Кнафелцовата сигнализација и поставување на нова зимска маркација на правецот Нижо Поле - Големо Езеро(по Дебел рид). Дополнително ќе бидат поставени и патокази за Мало Езеро и Врв Пелистер од правец на Големо Езеро. Активностите се одвиваат во исклучително тешки услови поради алпските карактеристики на терен, па целата опрема и работен алат се носи на раце. Активностите се одвиваат во соработка со Slavkov Hiking Trails , Österreichische Botschaft Skopje/Austrian Embassy Skopje, Czech Embassy in Skopje, Slovenské veľvyslanectvo v Severnom Macedónsku, Federacija na Planinarski Sportovi na Makedonija

Prespa Ohrid Nature Trust - PONT
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH

Првиот ден од есента на Пелистер, ни донесе снегМинистерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe ...
23/09/2026

Првиот ден од есента на Пелистер, ни донесе снег
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

09/09/2026

По повод 8 септември денот на независноста, повеќе од 3000 битолчани и посетители од соседни општини беа дел од еден сосема поинаков музички настан на Пелистер. Осумчасовната забава со Svaba, KeeKetz, Дупер и ConTruDJ, надополнета со магијата на Пелистер, љубовта на битолчани за природата и желбата за едно поразлично дружење, прерасна во настан за паметење. Битолчани повторно покажаа дека се пример за тоа како достоинствено и културно се прославува и истовремено се промовира она што е наше најголемо богатство. Настанот беше организиран во соработка со Project 7000 и со поддршка на Општина Битола

ПЕЛИСТЕР Е СИМБОЛОТ НА ОБЕДИНУВАЊЕПо повод 8 септември денот на независноста, повеќе од 3000 битолчани и посетители од с...
09/09/2026

ПЕЛИСТЕР Е СИМБОЛОТ НА ОБЕДИНУВАЊЕ

По повод 8 септември денот на независноста, повеќе од 3000 битолчани и посетители од соседни општини беа дел од еден сосема поинаков музички настан на Пелистер. Осумчасовната забава со Svaba, KeeKetz, Дупер и ConTruDJ, надополнета со магијата на Пелистер, љубовта на битолчани за природата и желбата за едно поразлично дружење, прерасна во настан за паметење. Битолчани повторно покажаа дека се пример за тоа како достоинствено и културно се прославува и истовремено се промовира она што е наше најголемо богатство. Настанот беше организиран во соработка со Project 7000 и со поддршка на Општина Битола - официјална страница
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH

БИТКАТА ЗА ПЕЛИСТЕР Е ДОБИЕНАПосле 72 часа непрекината активност на терен и три непроспиени пеколни ноќи на линија на ог...
01/09/2026

БИТКАТА ЗА ПЕЛИСТЕР Е ДОБИЕНА

После 72 часа непрекината активност на терен и три непроспиени пеколни ноќи на линија на огнот БИТКАТА ЗА ПЕЛИСТЕР Е ДОБИЕНА. Стануваше збор за еден од најкомплексните пожари оваа сезона на територија на Македонија, во шума каде доминираат црн и бел бор и соодветно на тоа следуваше една од најкомплексните акции за гаснење на пожар на отворен простор. И покрај неповолните временски услови на терен, акцијата беше успешна благодарение на перфектната и совршена координација на терен помеѓу сите институции кои беа вклучени. Невозможното стана возможно затоа што Единиците на НП Пелистер, ТППЕ Битола, ТППЕ Ресен, ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Неготино, механизација на ЈП од Општина Битола, ЈП Стрежево, Општина Ресен, Огнените сили на ДЗС, ДПД Архангел, ДПД Кочани, ДПД Валандово, ППЕ РЕК Битола, ТППЕ Ранковце, Национални шуми, Хеликоптерите на Воздухопловниот ВИНГ на АРМ, ер тракторите на ДЗС и голем број на приватни стопанственици и други доброволци беа непрекинато на терен без ниту една пауза во текот на целото деноноќие. Целата оваа поддршка беше обезбедена благодарение на Директорот на Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim Стојанче Ангелов. Во исто време да се координираат сите овие сили на еден релативно мал простор и непристапен терен каде паралелно дејствуваат единици на линија на огнот заедно со механизација, а паралелно од воздух дејствуваат воздухоплови е еден страшно сериозен предизвик. Добар дел од овие единици во оваа битка за Пелистер останаа будни и повеќе од 48 часа. Поддршка и помош за Пелистер пристигнуваше континуирано од сите страни на Македонија и за тоа ви сме неизмерно благодарни. Уште еднаш упатуваме огромна благодарност до сите кои несебично се вложија и дадоа свој допринос во гаснењето на овој пожар.
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

Во село Арвати грозјето зрее со помош на рефлексијата на сончевите зраци од Преспанското ЕзероВо насока на добра соработ...
26/08/2026

Во село Арвати грозјето зрее со помош на рефлексијата на сончевите зраци од Преспанското Езеро

Во насока на добра соработка со локалното население и во пресрет на на големиот христијански празник - Успение на Пресвета Богородица, вработените од НП Пелистер со помош на локалното население работеа на уредување на дворот на црквата.

Сместено во подножјето на Баба Планина, во непосредна близина на Преспанското Езеро, Арвати е потпланинско село во кое совршено се спојуваат планинскиот и езерскиот пејсаж. Се одликува со чист планински воздух, густа шума, карактеристична архитектура како и со традицијата на одгледување овошје и лозје. Благодарение на специфичната микроклима, ова село нуди идеални услови за одгледување на квалитетно грозје.
Приказната за Арвати е тесно поврзана со Винаријата Алесто, која што е мала семејна винарија со голема и богата традиција.
Посетителите секогаш имаат можност да уживаат во вкусот на доброто вино, да ги пробаат вкусните домашни специјалитети и да го пробаат вкусното сирење.
Арвати претставува пример за соживот и еден совршен спој на различни култури, спој кој е најсилна нота во комплексниот колорит која е вистинската одлика на ова населено место.

Локалните жители како добри домаќини по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица упатуваат јавна покана до сите верници и добронамерници да ја посетат истоимената црква и селото Арвати.
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

Инфоцентарот на НП Пелистер нуди нова забава за најмладите✅️Инфоцентарот на НП Пелистер прераснува во едно од најпопулар...
24/08/2026

Инфоцентарот на НП Пелистер нуди нова забава за најмладите

✅️Инфоцентарот на НП Пелистер прераснува во едно од најпопуларните места за организирање на роденденски забави. Најмладите имаат можност да го прослават својот роденден на најоригинален начин досега.
✅️Адреналински парк, еколошка едукација и прошетка низ планината во присуство на овластени лица од паркот се само дел од активностите кои од скоро се достапни за најмладите.
Моментите поминати на Пелистер засекогаш остануваат запишани во меморијата на секој од нас.
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

23/08/2026

Езеро Рупа - скриениот бисер на Пелистер

Езерото Рупа се наоѓа веднаш под северниот гребен на Врв Р'жана(2334мнв). Врвот Р'жана е најјужниот врв во рамки на НП Пелистер, а неговиот северен гребен е познат и под името Гарван. Базенот на глацијалното езеро Рупа е со дијаметар од околу шеесетина метри и околу два метри длабина. За време на Првата светска војна, низ природниот бедем на езерото е ископан канал и водата е испуштена со цел базенот на езерото да се користи за потребите на присутните војски. Затоа денес можи да се забележи многу мала количина на вода, но само во текот на влажните периоди.

Веднаш под францускиот пат кој поминува покрај езерото Рупа, започнува зоната на строга заштита која покрива најголем дел од површината чија форма на релјеф подсетува на природен амфитеатар исцртан со врвовите Балтан, Цуце, Р'жана, преку Лош Камен, Муза, Голема Грива, Орлов врв, па се до Големо врвче. На оваа територија од НП Пелистер може да се забележи субалпска букова и елова шума, придружена од боровинка и смрека.
Станува збор за еден од најтешко достапните терени на Пелистер за сите посетители, но и за ренџерската служба. Денес активностите на ренџерите во тој дел се ограничени поради недостапноста на теренот. Во соработка со Македонско еколошко друштво и исклучителната поддршка од фондот (Prespa Ohrid Nature Trust - PONT) во периодот кој следи заеднички ќе работиме на реставрација на езерото Рупа.
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

Голем успех за животинскиот свет на Пелистер! 🏔️Овој успех не е случаен. Тој е директен резултат на неуморната работа и ...
21/08/2026

Голем успех за животинскиот свет на Пелистер! 🏔️
Овој успех не е случаен. Тој е директен резултат на неуморната работа и континуираните активности за зачувување на Ренџерската служба, како и на активните мониторинг мерки кои се спроведуваат со исклучителната поддршка од Фондот за природа Prespa Ohrid Nature Trust (PONT).

Заедничките напори даваат огромни и видливи резултати! Нашата мисија продолжува — да ги сочуваме дивиот свет и природните богатства на Баба Планина за идните генерации.

✅️Дивечот во НП Пелистер после интензивираните активности на ренџерската служба се почесто можи да се забележи во неговите живеалишта во зоната на активно управување и во зоната на строга заштита. На фотографиите од фотозамките лесно можи да се забележи каде дивечот се движи, колкава е неговата бројност, во каква здравствена состојба се наоѓа и како во секојдневието функционира како дел од синџирот на исхрана.

✅️На првата фотографија можи да се забележи волк(Canis lupus) во улога на предатор како се движи со својот плен(срндач - Capreolus capreolus).

✅️На втората фотографија после долго време на интензивен мониторинг забележана е дивокоза(Rupicapra rupicapra)

✅️Третата фотографија го опишува движењето на дива свиња(Sus scrofa) во група. Ова е карактеристично за овој животински вид на Пелистер.

✅️На останатите фотографии ќе ја забележите и дивата мачка која често пати можи да биди помешана со рисот од страна на посетителите на НП Пелистер. Дивата мачка(Felis silvestris) има свои карактеристики и во значителна мера се разликува од Балканскиот рис.
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH

🐻 Започна првиот генетски мониторинг на кафеавата мечка во МакедонијаКафеавата мечка кај нас добро опстојува, а нејзинот...
20/08/2026

🐻 Започна првиот генетски мониторинг на кафеавата мечка во Македонија

Кафеавата мечка кај нас добро опстојува, а нејзиното присуство е знак дека сè уште имаме дивина и треба да научиме да живееме со неа. За тоа ни се потребни точни податоци: колку мечки има?

Во Националниот парк „Пелистер“ ја одржавме првата работилница за генетски мониторинг. Вработените во паркот се запознаа со неинвазивниот метод за моиниторинг на мечката преку собирање примероци од измет. Обуката опфати правилно собирање, обележување и чување на примероците, како и начинот на евидентирање на наодот. За оваа цел, учесниците добија и специјализирани прибори.

Генетскиот запис е единствен за секоја мечка. Генетската анализа на собраните примероци ќе овозможи да се идентификуваат поединечни мечки и да се добијат попрецизни податоци за бројноста, распространетоста и генетската разновидност на популацијата. Овие податоци се неопходни за планирање на идните мерки за заштита и за носење национални одлуки и политики.

Мониторингот на големи и тешко достапни подрачја не може да се потпира само на научниците. Затоа за овој мониторинг клучна ни е граѓанската наука и вклучувањето на обучени луѓе кои и онака се често во природа, тоа се вработените во заштитените подрачја, планинари, ловци, велосипедисти и локални ентузијасти.

Преку проектот LIFE DinPin Bear (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear/101214048), кофинансиран во рамките на програмата „Лајф“ на Европската Унија, заедно со Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH активно работиме на зачувување на кафеавата мечка и одржливо управување со нејзината популација.

#КафеаваМечка #КафеаваМечка

Address

Viesnka 14
Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Nacionalen Park Pelister posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category