НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола

Share

Национална установа - Универзитетска библиотека „Св. ?

19/06/2026

Ве очекуваме!

Photos from НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола's post 18/06/2026

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола денес (18.6.2026 година) се реализираше работилницата „Млади гласови од Битола – од идеја до подкаст“, која ја водеше професорот Никола Трајковски.

Меѓу учесниците беа и членовите на младинското радио Youth Radio, кои имаа можност да слушнат, но и активно да споделат свои идеи, мислења и искуства поврзани со подкастите и современите медиуми.

Учесниците се запознаа со основите на подкаст продукцијата, подготовката на содржина, техниките за водење разговор, креирањето интересни прашања за гости, како и со начините на кои можат да го изразат своето мислење, да изградат сопствена публика и да воспостават успешна комуникација со неа. Преку практична работа, младите ги направија и своите први чекори во снимањето и водењето подкаст.

🎧 Работилницата уште еднаш потврди дека младите имаат идеи, ставови и приказни кои вреди да се слушнат, а подкастот претставува одлична алатка за креативно изразување, учење и активно учество во заедницата.

👏 Благодарност до професорот Никола Трајковски за инспиративната и интерактивна работа со младите, како и до сите учесници кои со својата љубопитност, енергија и ентузијазам придонесоа за успешна реализација на настанот.

📚 Активноста се реализира во рамките на проектот „Културни манифестации во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола“, поддржан од Министерството за култура и туризам.

Photos from НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола's post 18/06/2026

По повод Меѓународниот ден за борба против говорот на омраза – 18 Јуни, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа предавање посветено на препознавањето и спречувањето на говорот на омраза, особено во дигиталниот простор и на социјалните мрежи.

Во предавањето учествуваше Мирјана Недановска, началник на Отсекот за превенција при СВР Битола, која зборуваше за различните форми на говор на омраза, неговото влијание врз поединците и заедниците, како и за улогата на институциите во неговото спречување.

Посебен акцент беше ставен на социјалните мрежи, каде што говорот на омраза често се шири брзо и остава сериозни последици врз младите луѓе. Присутните имаа можност да слушнат корисни совети за препознавање на ваквите содржини, начини на пријавување и важноста од одговорна и безбедна комуникација во онлајн просторот.

🤝 Со вакви активности ја поттикнуваме културата на почитување, толеранција и одговорна комуникација, затоа што секој збор има тежина, а секој од нас има одговорност да придонесе кон општество без омраза

Photos from НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола's post 18/06/2026

Вчера (17.6.2026 година) во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа трибината „Да зборуваме за семејното насилство“, посветена на препознавањето, превенцијата и поддршката на жртвите на семејно насилство.

Преку стручните излагања на Марија Томевска Петковска и м-р Елизабета Талеска, како и преку искрената и храбра лична приказна на преживеана жртва, присутните имаа можност да слушнат важни информации, искуства и пораки кои потсетуваат дека семејното насилство не смее да остане скриено зад затворени врати.

Им благодариме на сите присутни што одвоија време да бидат дел од оваа важна трибина и придонесоа темата да добие поголема видливост и внимание во нашата заедница.

Да продолжиме да зборуваме.
Да препознаваме.
Да поддржуваме.
Да спречуваме.

16/06/2026

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО

🎯 Имаш помеѓу 15 и 29 години и сакаш да инвестираш во својот личен и професионален развој?

Тогаш те покануваме да се пријавиш за учество во програмата:

✨ „Курсеви за личен и професионален развој: Инвестирај во себе“

Во рамки на програмата ќе имаш можност да учествуваш на шест интерактивни предавања и работилници посветени на:

✔️ Комуникација и јавен настап

✔️ Емоционална интелигенција и ментално здравје

✔️ Лидерство, дисциплина и мотивација

✔️ Вештачка интелигенција и дигитални вештини

✔️ Подготовка за пазарот на труд

✔️ Претприемништво и развој на идеи

📌 Програмата е наменета за млади на возраст од 15 до 29 години oд Битола и околината.

📌 Бројот на учесници е ограничен на 20.

📌 Од избраните учесници се очекува задолжително присуство на сите предавања, работилници и на завршниот настан.

📌 По успешно завршување на програмата, учесниците ќе добијат сертификат за учество.

📝 Пријавете се на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/1IgLJY_R0u_gGurDN5t4FRnkdWlcHM8mUGdZ_7rR1IPc/preview

📅 Рок за пријавување: 1 јули 2026 година

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

📞 Контакт лице:
м-р Фатма Бајрам Аземовска
Библиотекар советник
Раководител на Одделението за развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста

📧 [email protected]

Не ја пропуштај можноста да стекнеш нови знаења, да развиеш практични вештини и да инвестираш во својата иднина!

🌟 Инвестирај во себе денес – затоа што најдобрата инвестиција е знаењето.

15/06/2026

ТРИБИНА: „Да зборуваме за семејното насилство“

Семејното насилство е тема за која мора да се зборува отворено, гласно и одговорно. Затоа ве покануваме на јавна трибина посветена на препознавањето, превенцијата и поддршката на жртвите на семејно насилство.

🗓 17 јуни 2026 година
🕕 18:00 часот
📍 НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

На трибината ќе учествуваат:

🔹 Марија Томевска Петковска – правник, Женски центар за поддршка – Битола

🔹 м-р Елизабета Талеска – дипломиран педагог, системски и семеен советник, поранешен раководител и водител на случаи во Центарот за социјална работа – Битола

🔹 Долгогодишна жртва на семејно насилство која ќе ја сподели својата лична приказна за борба, храброст и надеж.

Трибината има за цел да поттикне информираност, да ги охрабри жртвите да побараат помош и да ја нагласи улогата на институциите и заедницата во спречувањето на семејното насилство.

📌 Влезот е слободен.

Да разговараме. Да препознаеме. Да поддржиме. Да спречиме.

Photos from АПЛА.мк's post 12/06/2026
Photos from НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола's post 12/06/2026

НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола во својот богат книжен фонд поседува и книги со Брајово писмо, кои се комплетно адаптирани за лица со оштетен вид и се достапни за позајмување.

Photos from НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола's post 11/06/2026

Во изминатиот период, Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола, потпиша меморандуми за соработка со повеќе национални институции од областа на културата со седиште во Битола:
• НУ Народен театар - Битола
• НУ Центар за култура - Битола
• НУ Камерен оркестар - Битола
Исто така, беше потпишан Меморандум за соработка и со Државниот архив на Р.С. Македонија.
Библиотеката ја обнови и долгогодишната соработка со Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ - Битола, организација која од самото свое основање е тесно поврзана со Библиотеката, препознавајќи ја како свој дом и место за книжевно творештво, промоција и афирмација на пишаниот збор.
Потпишувањето на овие меморандуми претставува потврда за заедничката определба за унапредување на културниот живот, развој на нови проекти и продлабочување на меѓуинституционалната соработка.
Ова е уште еден показател дека културните институции во Битола преку секојдневна комуникација, градат современ модел на партнерство, взаемна поддршка и заедничка визија за развој на културата во градот и пошироко.

09/06/2026

Македонскиот јазик и кириличната македонска азбука

Македонската азбука се заснова на кирилицата со одредени измени приспособени на македонскиот гласовен систем. Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков.
Јазикот и азбуката се врзуваат со идентитетот на еден народ и затоа важно е јазичното планирање, јазичната политика и јазичната стратегија.
Нашата библиотека во соработка со СОЕУ „Јане Сандански„ – Битола, ја започна кампањата за масовна употреба на кирилицата.
Иако уште од мали учат да пишуваат на кирилица, на социјалните мрежи сѐ почесто комуницираат на латиница. Дигиталната комуникација постепено го потиснува кирилското писмо. Статуси, коментари, приватни пораки на интернет се пишуваат со латинични букви. Ваквите навики на младите го отвораат прашањето за иднината на кирилското писмо во онлајн просторот.
Интернетот може да ја обликува само површината, но битието на јазикот опстојува во нашите секојдневни постапки.
- Педагошката наука е јасна: децата не се воспитуваат со празни поуки, туку со впивање на моделите на однесување. Ако кирилицата не е наш личен избор, децата ќе ја доживуваат како застарена обврска која се практикува само кога „мора“. Со личен пример можеме да изградиме генерации со вкоренето достоинство дека кирилицата е современ и единствен вистински дом за нашиот јазик.
Современиот дигитален говор е обележан со една специфична нетрпеливост – мислата брзо да се вообличи и да се оддаде, без притоа да го почитува графичкиот релјеф на нашето писмо од 31 буква, додека латиницата лажно нуди „пократок пат“ во тесните рамки на екранот.
Кирилицата е нашето битие и нашиот идентитет, затоа треба да се користи секогаш и секаде. https://soeu-jane-sandanski.mk/

Want your business to be the top-listed Government Service in Bitola?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Address


Pece Matichevski 39
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 07:00 - 20:00
Tuesday 07:00 - 20:00
Wednesday 07:00 - 20:00
Thursday 07:00 - 20:00
Friday 07:00 - 20:00