15/04/2026
📢 Информативно-едукативни средби (06–09 април)
АПРЗ продолжи со теренските активности и реализираше едукативни средби во повеќе рурални средини низ државата.
Присутните земјоделци беа информирани за мерките од програмите за финансиска поддршка, како и за актуелни теми поврзани со земјоделското производство.
Средбите овозможија интеракција, размена на искуства и директна комуникација со советодавните служби.
🔗 Повеќе информации:
https://agencija.gov.mk/info-sredbi-za-period-06-09-april/
08/04/2026
АПРЗ продолжува со реализација на информативно-едукативни средби низ повеќе региони во државата, како дел од теренските активности.
Во текот на изминатата седмица од страна на директорот м-р Пеце Стојковски и вработените беа опфатени повеќе населени места, каде земјоделците имаа можност да се информираат за мерките од Програмите за финансиска поддршка, како и да дискутираат за актуелни теми поврзани со земјоделското производство.
Средбите се одвиваат интерактивно, со можност за размена на искуства, идеи и практики.
🔗 Повеќе информации на следниот линк:
https://agencija.gov.mk/aprz-prodolzuva-so-info-edukativni-sredbi/
03/04/2026
🟢АПРЗ со активно учество на Саемот за кариера
Вработените во АПРЗ активно учествуваа на Саемот за кариера кој се одржа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, каде што имаа свој промотивен штанд. На настанот тие ги запознаа студентите и посетителите со можностите што ги нуди институцијата, како и со значењето на советодавната поддршка во развојот на современото земјоделство.
Во тој контекст, беше истакнато дека земјоделците сè повеќе треба да се насочуваат кон користење на дигитални технологии и иновативни решенија. Примената на алатки базирани на вештачка интелигенција, паметни системи за наводнување и софтверски решенија може значително да ја зголеми продуктивноста, да ги намали трошоците и да овозможи поефикасно управување со ресурсите.
Дигитализацијата претставува клучен чекор кон модерно и одржливо земјоделство, а улогата на институциите како АПРЗ е да ги поддржат земјоделците во овој процес.
27/03/2026
🌱 АПРЗ успешно реализираше едукативни средби со земјоделци
Во текот на изминатата седмица одржавме информативни средби низ повеќе региони во државата, каде што земјоделците се запознаа со:
✔️ актуелни мерки и програми
✔️ практични совети за производство
✔️ директна поддршка од стручни лица
Размена на искуства, прашања и конкретни насоки за подобри резултати на терен.
Продолжуваме со активности за модерно, одржливо и конкурентно земјоделство.
👉 Погледнете повеќе информации на следниот линк:
https://agencija.gov.mk/uspesno-realizirani-edukativni-sredbi-so-zemjodelci/
24/03/2026
📢 АПРЗ на терен – средби со земјоделци низ целата држава!
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството започнува со информативно-едукативни средби во повеќе од 250 населени места.
📅 Период: 22 март – крај на април 2026
На средбите ќе се разговара за:
✔️ Можности за финансиска поддршка
✔️ Програми за рурален развој
✔️ Специјализирани и практични совети за тековната сезона
👉 Проверете кога АПРЗ ќе биде во вашето населено место и преземете го распоредот на средби:
🔗 https://agencija.gov.mk/planirana-poseta-na-poveke-od-250-naseleni-mesta/
12/03/2026
📢 Објавен е Јавен повик бр. 02/2026 за поддршка на земјоделските задруги преку Мерка 131.1 – Економско здружување на земјоделски стопанства.
Целта на мерката е поттикнување на здружувањето на земјоделските стопанства преку формирање и развој на земјоделски задруги, со што ќе се подобри конкурентноста, организацијата на производството и пласманот на земјоделските производи.
📅 Краен рок за доставување на барањата: 10.04.2026 година
🔗 Повеќе информации на следниот линк:
https://agencija.gov.mk/objaven-javen-povik-za-zemjodelski-zadrugi-merka131-1/
20/02/2026
📍Едукативна трибина во с. Грушино за актуелните состојби на пченицата и примена на земјоделските практики
АПРЗ, во соработка со Земјоделскиот институт УКИМ – Скопје, организираше трибина на тема производството и квалитетот на пченицата, како и примена на вкрстена сообразност на ниво на земјоделски стопанства.
Настанот овозможи практични совети и активна дискусија со земјоделците.
👉Повеќе на следниот линк:
https://agencija.gov.mk/edukativna-tribina-grushino-pcenica-dzp/
10/12/2025
📍АПРЗ вистински пријател на индивидуалните земјоделци и земјоделските стопанства!
Одржан шестиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД
Во рамки на шестиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД програмата беше презентиран конечниот извештај од Ex-post евалуацијата на ИПАРД II за Република С. Македонија. ✅
На состанокот присуствуваше и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, м-р Пеце Стојковски.
📊 Резултатите од евалуацијата и спроведените анкети јасно покажуваат дека Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството е клучен и доверлив партнер на земјоделците – дури 71% од испитаниците добиле стручна и административно-техничка поддршка при аплицирање, особено за:
• ✅ Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства
• ✅ Мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси
🌾 Овие податоци уште еднаш потврдуваат дека развојот на земјоделството и руралните средини останува врвен приоритет, а АПРЗ продолжува со АКТИВНА, ПРОФЕСИОНАЛНА и ПОСТОЈАНА поддршка на земјоделците во користење на европските фондови и националните програми.
🤝 За посилно, поконкурентно и одржливо земјоделство.