11/02/2026
Почитувани родители,
Со задоволство Ве покануваме Вас и Вашите деца на едукативна и интерактивна работилница на тема „Здрава храна за деца и родители“. Целта на настанот е преку практични активности и разговор да се поттикнат здрави навики во исхраната кај децата и целото семејство.
Датум: 16.02
Време: 17:30 часот
Локација: Игротека Kiddy
Предавач: Марија Џалева Петрова
Времетраење: 90 минути]
Возраст на деца: 5–10години
Работилницата вклучува:
-кратка едукација за здрава и балансирана исхрана;
-забавни активности за деца;
-практични совети за родители;
-неделно мени за групата деца кои ќе бидат на работилницата изработена од нутриционист
-идеи за брзи и здрави оброци за дома
-здрав оброк за секое дете подготвено од нашите пријатели JuMi
Учеството е со котизација 500 ден со претходна пријава.
Ве молиме потврдете присуство на: 078272946
#сите
14/11/2025
📢 Kiddy ја поддржува детската трка во Гевгелија!
Се гледаме на стартот! 🏁🏁🏁
06/11/2025
Нашата игротека сега е уште подобра за родендени и прослави! 🥳
Имаме нова кетеринг опција 🍕🧁 и повеќе простор за сите гости – со високи маси и поголем капацитет! 🎈
Повеќе место за смеа, игра и вкусни моменти со другарчињата! 💫
16/10/2025
🕸️ Spooky, fun & full of treats!
Најзабавната Halloween вечер за најмалите!
🎭 Забава со костими
🍬 Мали подароци
🎨 Креативна работилница
🕕 30 октомври | 19 часот | Влез: 350 ден
Пријавете се на нашите телефонски броеви
15/10/2025
Природна и забавна – дрвена играчка за големи авантури
Игра која поттикнува движење, креативност и радост
12/09/2025
Ние се' погрижуваме вашиот роденден да е незаборавен, ваша задача е само да уживате во секој момент од него 🎉
25/04/2025
Забавно и вкусно ♥️
Уште една успешна работилница заедно со Nora package
Ви благодариме на сите за вашето присуство, кое ова работилница ја направи уште по шарена 💚
16/04/2025
Мали истражувачи во светот на влекачите! Учиме преку игра и авантура. Од убавата Клеопатра и нејзините миленичиња змии, па се до најпознатата змија во нашиот крај 🐍
14/04/2025
Работилница "Велигденски путер колачи" заедно со nora package
Обликуваме колачи, ги боиме и украсуваме, на крај ги пакуваме и си ги носиме дома.
Секое детенце ќе добие:
1. Гоолемо путер колаче од кое со модли ќе може да исече 3-4 колачи со велигденски мотиви (зајаче, пајче, јајце)
2. Шприцеви со глазура во боја за боење на колачите
3. Мрвици, бонитоп, чоколадни и шарени топчиња за украсување на колачите
4. Велигденска ќеса од nora package за да ги спакува колачите и да си ги однесе дома.
Возраст: 4+
Времетраење: 2 час
Цена: 350 ден.
Време: 17.04 2025г. (четврток) во 17:30 часот
Пријавување на телефонските броеви или во порака