23/04/2026
Почитувани мои сограѓани!
На социјалните мрежи се одвива оркестирана црна кампања исполнета со манипулации и дезинформации со цел да се креира лажна перцепција за последните случувања во Собранието на РМ а е во врска со измената и дополнувањето на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и ЈПП.
Вообичаено и во минатото имаше напади со дезинформации насочени кон мене и моето семејство кои ги игнорирав бидејќи верувам дека личните навреди повеќе кажуваат за (не)кавлитетите на личноста која што ги навела отколку за личноста кон која се упатени.
Но оваа ситуација е поразлична. Целта е ширење неоснован страв и паника помеѓу сите вас, граѓаните на Општина Гевгелија.
Сега сакам да Ви ги наведам фактите па сами оценете.
Постои огромна разлика во тоа, да се поддржи “ПОТРЕБА”, за расправа на предлог Закон, од тоа, да се гласа за “ДОНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ЗАКОН”.
Јас лично сметам дека секоја иницијатива во Собранието, без разлика од каде доаѓа, заслужува да биде дебатирана помеѓу народните избраници, а тоа всушност и улогата на демократското уредување и законодавната власт.
Само преку дијалог и дебата може да се донесат правилни и информирани одлуки, а преку истото пошироката јавност ќе цени дали нешто е корисно или не.
Важно е да знаете дека предлог измените и дополнувањата на споменатите закони НЕ СЕ ИЗЛАГАСНИ (во прилог слика каде јасно се гледа дека оваа точка е неразгледана).
Мојот збор и мојот став се јасни, и секогаш се во согласност со волјата на моите сограѓани гевгеличани.
Тоа сум го покажала повеќе пати, на Референдумот, како советник, а сега и како пратеник.
И за крај, стратегијата на опозицијата да шири дезинформации и да креира лажни сценарија за да добие политички поени е истрошен политички маневар, веќе прочитан од граѓаните.
12/04/2026
Христос воскресе - навистина воскресе!
ВМРО-ДПМНЕ О.К. Гевгелија ви упатува
искрени честитки по повод Велигден, со желби за здравје, мир и благосостојба во секој дом.
Христовото воскресение нека ни донесе сила, надеж и верба во подобро утре. Во духот на празникот, да покажеме единство, човечност и грижа еден за друг. Нека Велигден биде потсетник дека после секој предизвик доаѓа нов почеток.
Честит Велигден!
30/03/2026
📺 Вечерва ќе бидам гостин на дебатната емисија ,,24 Анализа” на ТВ 24.
Ќе дебатираме на актуелни теми.
Следете!
23/03/2026
Премиерот Hristijan Mickoski: Донесена е одлука на Влада со која се намалува ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%.
Владата предовдена од ВМРО-ДПМНЕ ги разбира потребите на граѓаните и делува секогаш кога има простор и потреба.
Владата има план со цела низа разработени сценарија доколку се влоши состојбата или продолжи.
Оваа одлука го намалува данокот на додадена вредност од 18 на 10% на бензините и нафтата, со што дирекно се работи на спречување на енормен шок предизвикан од зголемените цени на горивата.
Оваа политика на намален ДДВ значи веднаш помали цени на горивата.
Тоа е најбрзиот начин за ублажување на ударот и се спречува ширење на поскапувањата низ целата економија.
Оваа интервенција таргетира повеќе сегменти со што се прекинува синџирот на поскапувања. Со стабилизирање на цената на горивата, се штитат цените на храната, транспортот и услугите.
13/02/2026
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
Ова претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД.
Таа го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници.
Joint Statement on a Framework for United States-North Macedonia Agreement on Reciprocal, Fair, and Balanced Trade
The United States of America (United States) and the Republic of North Macedonia (North Macedonia) have agreed to a Framework for an Agreement on
10/02/2026
Драги членови на УМС, Ве повикуваме да аплицирате на повикот за избор на претседател на УМС на ВМРО - ДПМНЕ. Да живее УМС! 🔴⚫
Драги членови на УМС, Ве повикувам да аплицирате на повикот за избор на претседател на УМС на ВМРО - ДПМНЕ. Да живее УМС! 🔴⚫
11/01/2026
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Гевгелија
По повод Стара Нова година
Ве поканува на традиционална прослава со василичарски оган на ден 13.01.2026 (вторник).
Во 18:00 часот.
Кај Касарната (Тениско игралиште).
Ве очекуваме.
17/11/2025
Студенти аплицирајте!
Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди во вредност од 15 300 денари!
🎓📢 Изборите завршија - ваучерите за студенти се објавени❗️
Според ветувањето на Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, објавен е јавниот повик од Владата за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди: преносен компјутер (лаптоп или All-in-One), таблет или персонален компјутер.
📌 Кој има право да аплицира?
Сите студенти на прв циклус студии државјани на Република Македонија
Запишани (редовно или вонредно) во учебната 2025/2026 година на државни или приватни високообразовни установи во земјата
Не постари од 29 години на денот на објавување на повикот
🗓️ Рок и број на ваучери
Апликации се поднесуваат електронски преку порталот uslugi.gov.mk до 20 декември 2025 и/или до исцрпување на ваучерите.
Вкупно 55.000 вакви ваучери ќе бидат доделени.
💡 Аплицирај сега и обезбеди свој уред за учење!