Goce Dimovski

Directions

Goce Dimovski Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Goce Dimovski, Government Official, Gostivar.

CEO of Directorate for Technological Industrial Development Zones (DTIDZ) https://fez.gov.mk/

Deputy Secretary General
https://vmro-dpmne.org.mk/

Investments and Development (PhD) 📊
All glory to God 🙏

Остварена средба со комапнијата Кемет📌Денес остварив средба со Билјана Маркоска од компанијата Кемет, која работи во рам...
15/09/2026

Остварена средба со комапнијата Кемет

📌Денес остварив средба со Билјана Маркоска од компанијата Кемет, која работи во рамките на ТИРЗ Скопје. На средбата беа разгледани тековните активности на компанијата, како и идните планови и можности за понатамошен развој. Разговорот беше насочен и кон условите за работа во зоната, потребите на компанијата и можностите за унапредување на соработката, со цел создавање уште подобри услови за непречено функционирање и раст.

✅️Нагласив дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на континуирана комуникација со инвеститорите и на следење на нивните потреби и предизвици во секојдневното работење. Воедно посочив дека успешното работење на компаниите во ТИРЗ е важен дел од целокупниот економски развој и дека Дирекцијата продолжува да работи на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна средина.

👤Од страна на Билјана Маркоска, беа споделени тековните активности, како и плановите поврзани со идниот развој на производството. Воедно, беше изразена подготвеност за продолжување на отворената комуникација и соработката со Дирекцијата за ТИРЗ.

🔑Средбата е дел од континуираните активности на Дирекцијата за ТИРЗ за директна комуникација со компаниите и подобро запознавање со нивните тековни потреби, предизвици и развојни планови.

Остварена посета на компанијата Витек во ТИРЗ Скопје🎯Согласно концептот за активна и транспарентна соработка, ја посетив...
14/09/2026

Остварена посета на компанијата Витек во ТИРЗ Скопје

🎯Согласно концептот за активна и транспарентна соработка, ја посетив компанијата Витек во ТИРЗ Скопје, каде остварив средба со директорот на компанијата, Чиријако Ло Конте.

✅️Во рамки на посетата, заедно со Ло Конте разговаравме за досегашното работење на компанијата, тековните активности, како и за плановите и можностите за понатамошен развој. Воедно, беше реализирана и обиколка на производствениот погон, при што беше согледан начинот на функционирање на производството, работните процеси и капацитетите со кои располага компанијата.

👤Посочив дека Дирекцијата за ТИРЗ продолжува да биде во постојан контакт со компаниите кои работат во зоните, со цел подобро разбирање на нивните тековни потреби и поддршка на нивните развојни планови.

🔑На средбата беше истакнато значењето на континуираната комуникација меѓу Дирекцијата и компаниите во зоните, со цел навремено идентификување на потребите и предизвиците со кои се соочуваат инвеститорите, како и создавање услови за нивно успешно работење и понатамошно инвестирање.

13/09/2026

👇👇👇

Неделно пријателско кафе со Митрополитот тетовско-гостиварски г-дин Јосиф 🙏
13/09/2026

Неделно пријателско кафе со Митрополитот тетовско-гостиварски г-дин Јосиф 🙏

За многу години 🙏
11/09/2026

За многу години 🙏

Компанијата ВИК со нов производствен погон и нова инвестиција од над 16 милиони евра во ТИРЗ Прилеп📌Заедно со претседате...
10/09/2026

Компанијата ВИК со нов производствен погон и нова инвестиција од над 16 милиони евра во ТИРЗ Прилеп

📌Заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес присуствував на официјалното отворање на новиот производствен погон на компанијата ВИК во ТИРЗ Прилеп.

🔑Новата инвестиција, во вредност од над 16 милиони евра, претставува значајно проширување на производствените капацитети на компанијата, а со реализацијата на инвестицијата се предвидува отворање на 300 нови работни места. Во новиот погон ќе се произведуваат електрични апарати, со што ВИК дополнително ги проширува своите капацитети во ТИРЗ Прилеп.

✅️Во рамки на настанот, беше организирана обиколка на новиот производствен погон, каде што заедно со премиерот Мицкоски одблизу се запознавме со производствениот процес и современите услови за работа. Реализиравме и средба со менаџментот на компанијата, на која беа разгледани тековните активности, досегашниот развој, како и идните планови и можности за дополнително проширување.

🏛Посочив дека Дирекцијата за ТИРЗ останува фокусирана на создавање стабилна и предвидлива средина за инвеститорите, како и на континуирана комуникација со компаниите кои веќе работат во зоните. Дополнително, истакнав дека проширувањето на ВИК е значаен показател за довербата на компанијата во условите за работа и потенцијалот за понатамошен развој во ТИРЗ Прилеп.

🎯Германската групација ВИК (WIK Group) е еден од водечките светски производители на мали електрични апарати за домаќинство, со традиција која датира уште од 1950-тите години. Заклучно со септември 2026, бројот на вработени во фабриката во ТИРЗ Прилеп изнесува 520 лица, додека извозот за 2025 достигна 38 милиони евра, а увозот 30.8 милиони евра. Преку примена на иновативни инженерски решенија и високи стандарди за одржливост, компанијата развива производи кои не само што го олеснуваат секојдневието на корисниците, туку и активно придонесуваат кон енергетска ефикасност и заштита на животната средина.

Силно светнал ден!Да ни е вечна Македонија!🇲🇰 Честит 8 Септември - Денот на независноста 🇲🇰
08/09/2026

Силно светнал ден!

Да ни е вечна Македонија!

🇲🇰 Честит 8 Септември - Денот на независноста 🇲🇰

Силно светнал ден!Денес одбележуваме 35 години независна Македонија, 35 години државност и самостојно чекорење по патот ...
08/09/2026

Силно светнал ден!

Денес одбележуваме 35 години независна Македонија, 35 години државност и самостојно чекорење по патот што го избравме како народ.

Продолжуваме со одговорни политики, одржлив економски развој и отворање нови можности за раст, градејќи држава во која секој граѓанин има можност за напредок.

Да ни е вечна Македонија!

🇲🇰 Честит 8 Септември - Денот на независноста 🇲🇰

07/09/2026

Среќен 3️⃣5️⃣-ти роденден Македонија!

📈 Расте интересот за инвестирање во Македонија🗓 Во периодот јули 2024 - јуни 2026 година, приливот на странски директни ...
07/09/2026

📈 Расте интересот за инвестирање во Македонија

🗓 Во периодот јули 2024 - јуни 2026 година, приливот на странски директни инвестиции достигна 1,381 милијарди евра, што претставува 86% поголем прилив во споредба со периодот анализиран од јуни 2017 - мај 2019 година.

👤 Дополнително, приливот на странски директни инвестиции по глава на жител се зголеми од 405 на 752 евра.

✅️ Овие податоци се показател за растечкиот интерес за инвестирање и за потенцијалот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација.

🏛 Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) како владина институција продолжува активно да работи на унапредување на инвестициската клима, привлекување нови квалитетни инвестиции и создавање услови за одржлив економски развој.

👉 Повеќе квалитетни инвестиции = Повеќе можности = Поголем економски развој!

Address

Gostivar
1230

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Goce Dimovski posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share