Регионален Советувалиштен Центар Визија Кавадарци
Прв регионален советувалиштен центар во Македонија
16/12/2025
📌 Регионалниот советувалиштен центар учествуваше на консултативна средба со претставници од општините
Дел од нашиот тим учествува на консултативна средба, организирана од Организацијата на жени – Свети Николе,
Се дискутираше за:
📌 промоција на родовата еднаквос
📌 спречување на дискриминација
📌 Меѓународна и национална правна рамка за еднакви права и недискриминација,
📌Методи и алатки за родова интеграција во политики и јавни програми.
📌Влијанието на јавните политики врз жените и мажите, како и различните пристапи во креирањето на политики
📍Циклусот на креирање на политики и буџетирање, со цел ефективна родова еднаквост на локално ниво.
☝️Оваа средба ја потврди важноста на координацијата меѓу институциите и локалните власти за имплементација на политики кои го промовираат правото на еднаквост и спречување на дискриминацијата.
💡 Регионалниот советувалиштен центар и понатаму ќе ја поддржува промоцијата на родовата еднаквост и инклузивни јавни политики
Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци
Регионален Советувалиштен Центар Визија Кавадарци
📞 075480288
28/11/2025
28/11/2025
13/11/2025
Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци
15/09/2025
🔴 ДВОЈНО УБИСТВО ВО ВЕЛЕС – ЖРТВАТА ПОВТОРНО НЕ БИЛА ЗАШТИТЕНА
Длабоко жалиме за денешната трагедија во Велес, каде што две лица беа убиени, а сторителот потоа си го одзеде животот. Според информациите, жртвата повеќекратно го пријавувала насилникот поради закани, физичко насилство и заплашувања, но институциите не реагирале соодветно за да го спречат овој епилог.
👉 Овој случај повторно ја покажува болната реалност: жените во Македонија сè уште не се безбедни и често остануваат незаштитени и покрај тоа што повеќекратно бараат помош.
👉 Родово базираното насилство не е „приватен проблем“, туку прашање на јавна безбедност и човекови права.
👉 Секое занемарување на пријава е ризик кој може да заврши со смрт.
👉 Жените не треба да умираат за институциите да сфатат дека мора итно да реагираат.
📢 Како Советувалиштен центар „Визија“ бараме:
✔️ итна одговорност од сите институции кои имале информации за случајот,
✔️ системско воведување на итни заштитни мерки за секоја пријава на закани,
✔️ јакнење на сервисите за заштита и поддршка на жртви на насилство,
✔️ јавно општествено осудување на насилството без релативизирање.
⚫ Денес жалиме за изгубените животи, но и гневно потсетуваме дека оваа трагедија можела да се спречи. Жените заслужуваат живот без страв.
📢Пријавете насилство во Регионален советувалиштен центар за родово базирано насилство,, Визија"
📞075 480-288
✊ #СтопЗаНасилството #Визија
https://infomax.mk/
14/08/2025
❗️❗️❗️ 5400 откази во текстилната индустрија
👉 5400 семејства се соочуваат со неизвесност согласно истражувањата на Гласен текстилец.
Поддршка во истрајноста и посветеноста за застапување на работничките права
Жени, мажи, лица со попреченост – работници кои со години го вложуваа својот труд, остануваат без извор на приходи
👉 Ова не е само економска бројка – ова е удар врз достоинството, безбедноста и правото на секој човек на чесна работа. Последиците ќе ги почувствуваме сите: сиромаштијата ќе расте, а најранливите ќе бидат првите кои ќе страдаат.
✊ Здружението за родова еднаквост „Визија“ Кавадарци бара од институциите итно да обезбедат поддршка, преквалификации и работни можности за погодените работници.
📌 Најпогодени се жените – повеќето од нив единствени носители на приход во своето семејство. Жените кои секое утро стануваа пред зори, минуваа часови во фабриските погони за минимална плата, а вечер се враќаа дома да се грижат за децата и домаќинството. Денес, тие се соочуваат со празни раце, со страв и неизвесност за утрешниот ден.
👉 Работничките права се човекови права. Не можеме да молчиме!
🫵Кога се кршат работничките права, се рушат темелите на демократијата
https://lokalaktiv.mk/2025/08/14/%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D1%83%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98/?fbclid=IwQ0xDSwMKx7xjbGNrAwrHtGV4dG4DYWVtAjExAAEeCDsi_Ueu4gtE0Zox1dZz9ZXvj0lf5FSyR50OCbHIxfBxgcWSL-0tg_2_xBo_aem_1F3hxhFU5X1vFJWcATOwsQ
#ВизијаКавадарци #РодоваЕднаквост #РаботничкиПрава #ТекстилнаИндустрија
21/07/2025
КАЖАЛА ДЕКА Е БРЕМЕНА, УТРЕДЕНТА ДОБИЛА ОТКАЗ, ПА ЗАВРШИЛА НА ПСИХИЈАТАР, КOМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА УТВРДИ НАЈТЕЖОК ВИД ДИСКРИМИНАЦИЈА - Сака Бремените жени и натаму се казнуваат со бркање од работа штом работодавачите ја дознаат информацијата за мајчинството. Комисијата за спречување […]
30/04/2025
Поддршка и помош за жртвите на родово базирано насилство – Регионален советувалиштен центар „Визија“ Кавадарци
👉Жртвите на родово базирано насилство заслужуваат сигурност, поддршка и правна помош. Регионалниот советувалиштен центар „Визија“ Кавадарци е тука да обезбеди сеопфатна помош и поддршка за сите кои се соочуваат со родово базирано насилство
👉Нашата работа се фокусира на:
📌Психолошка и емоционална поддршка – Нашите стручни психолози и советници ќе ви помогнат да се соочите со последиците од насилството и да развиете стратегии за закрепнување
📌Правна помош и консултации – Нудиме правни совети и поддршка при процесот на правна заштита, како и пријавување на случаите на насилство.
📌Сигурност и заштита – Обезбедуваме доверлива и сигурна средина за сите кои се наоѓаат во опасност.
📌Образование и превенција – Поставуваме фокус на подигање на свеста за родово базирано насилство, како и на спречување на насилството преку едукација и работилници.
📌,,Визија“ е простор каде секој може да најде помош без страв од осуда. Ние веруваме дека сите жртви имаат право на достоинство и поддршка на патот кон закрепнување
25/04/2025
Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци
Регионален Советувалиштен Центар Визија Кавадарци
Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство
Панел-дискусија за родовата еднаквост во Кавадарци: Политичкото учество на жените сè уште треба да го освојуваме - МКД.МК „Овој настан е резултат на нашата континуирана и плодна соработка со Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, со која заеднички се зала...
07/04/2025
Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци
Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci
Општина Неготино
Општина Росоман (официјална страна)
Општина Демир Капија
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Цано Поп-Ристов бр. 61
Kavadarci
1430
Opening Hours
| Monday | 08:00 - 16:00 |
| Tuesday | 08:00 - 16:00 |
| Wednesday | 08:00 - 16:00 |
| Thursday | 08:00 - 16:00 |
| Friday | 08:00 - 16:00 |
