26/02/2013
На часот по унапредување на здравјето, во склоп на проектот „Здрава храна“, учениците од 7-3 одделение (осмолетка) во ОУ„Раде Кратовче“-Кочани, изработуваа информативен материјал што би можел да биде вклопен во леток или брошура.
24/02/2013
Како дел од наставната програма и наставниот план по предметот „Унапредување на здравјето“, учениците од 7-3 (осмолетка) изработуваа флаери. Откако ќе бидат изработени, ќе се направи избор на три најдобри кои понатаму ќе бидат испечатени и дистрибуирани кога ќе се појави потреба од некој настан на оваа тематика во училиштето.
22/02/2013
http://www.youtube.com/watch?v=pnFi2HOIes0 pozdrav
ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДЕТСТВО БЕЗ МАНА
Здрава храна за детство без мана! Zdrava hrana za detstvo bez mana!
18/02/2013
Четири групи на бои
Храната ја делиме во 4 групи бои; жолто-портокалова, црвена, зелена и сино-виолетова, кои би требало секојдневно да ги внесуваме со исхраната, истакнуваат нутриционистите.
Жото-портокалово овошје и зеленчук: морков, тиква, пченка, манго, папаја, грејпфрут, портокал, мадарина, кајсија, праска.
Црвено овошје и зеленчук: црвена пиперка, ротквица, домат, цвекло, малина, јагода, лубеница, вишња, црешна.
Зелено овошје и зеленчук: спанаќ, блитва, брокула, тиквичка, зелена салата, грашок, боранија, киви, авокадо, млад лук и кромид.
Сино-виолетово овошје и зеленчук: црвена зелка, модар патиџан, слива, грозје, боровинка.