Ivana Gjorgjievska

Call Directions Website Contact the organization

Ivana Gjorgjievska Претседателка на Совет на Општина Куманово

02/10/2026
🐝Искрена благодарност за ентузијазмот и посветената работа во промоција на Кумановскиот мед и на Општина Куманово !🍯И по...
01/10/2026

🐝Искрена благодарност за ентузијазмот и посветената работа во промоција на Кумановскиот мед и на Општина Куманово !
🍯И покрај исклучително неповолна пчеларска година со драстично намалени приноси поради неповолните временски услови, Пчела Куманово ја испочитува традицијата Денови на медот и тоа по 26-ти пат!

01/10/2026

Дневен ред на осумнаесетта седница на Совет на Општина Куманово

На 5 октомври 2026 година, во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, ќе се одржи 18. седница на Советот на Општина Куманово, со почеток во 09:00 часот, со следен

Дневен ред

Предлог – Одлука за давање согласност на барањето на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово за ангажирање на 10 (десет) работници по пат на отстапување преку агенција за привремени вработувања за период до една година;
Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со под 20 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година;
Предлог – Одлука за давање согласност за прифаќање на донација на движни ствари на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово;
Предлог – Одлука за пренесување на правото на трајно користење на движни ствари на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ - Куманово;
Предлог – Одлука за усвојување на Извештај-Елаборат за проценета висина на штети причинети од природни непогоди и други несреќи на територија на Општина Куманово во 2025 година;
Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик бр. 05-а/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управен одбор на Јавно претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово - гас“ – Куманово.

01/10/2026

🍯26-то издание на Денови на мед🐝

30/09/2026
30/09/2026
„Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата"советување со цел подигање на јавната свест за занче...
29/09/2026

„Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата"
советување со цел подигање на јавната свест за занчењето и улогата на книгата во воспитно-образовниот и ментален развој на личноста кај децата и младите во организација на Здружение на просветни работници Куманово.

Советувањето се одржа по повод 5 Октомври – Меѓународниот ден на учителот и Детската недела, во рамките на одбележувањето на осум децении од излегувањето од печат на првото списание за деца и првиот буквар на стандарден македонски јазик, на заедничка иницијатива со:
☑️Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија,
☑️Здружението на просветни работници на град Скопје,
☑️Здружението на одделенски наставници „Учител",
☑️Здужението на просветни работници на град Куманово
☑️Педагошки факултет „Св. Климент Охридски", УКИМ, Скопје,
☑️Библиотека „Тане Георгиевски" Куманово
☑️ЈОУДГ „Ангел Шајче" Куманово
со поддршка на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ" и „Просветно дело", Редакција „Детска радост" Скопје.

Над 150 присутни педагошки работници учествуваа во заедничко вмрежување и дејствување во правец на промовирање и популаризирање на читачките навики кај најмладата популација, јавното говорење и изразување, креирање млади лидери, како и за стандардите и состојбите во областа на литературата и списанијата за деца, како клучни фактори во развивањето на љубовта кон читањето и книжевното творештво воопшто.

Address

11 Oktomvri
Kumanovo
1300

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ivana Gjorgjievska posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Ivana Gjorgjievska:

Shortcuts

Share