02/06/2026
Благодарност за големата поддршка што ја добивме денеска од нашите соселани од сите генерации, но и од Месните заедници на селата Студена Бара, Горно Коњари и Винце. Од утре стартуваме со работа на терен и собирање петиција. Овој проблем мора да се реши! 🫡
01/06/2026
⚠️ВОНРЕДЕН СОСТАНОК⚠️
Утре 02.Јуни.2026 со почеток во 20.00 часот во Месна заедница на село Пчиња ќе се одржи вонреден состанок. Со една и единствена точка на дневен ред "Депонија Краста и движење на тешки теретни возила по патот Пчиња - Куманово." Доста беше чад и гушење дојдете масновно, сега организацијата е најпотребна. Или ќе молчиме или одиме на долга блокада!
20/05/2026
За многу години Пчињани, за многу години Македонци, да сте живи и здрави каде и да сте! 🇲🇰
19/05/2026
Како што беше и планирано, денеска во функција ќе биде пуштена фонтаната во дворот на нашиот свет храм Свети Спас, донација од Марија и Александар Вукановски, а изработена од мајсторот Аце Уметник Трајковски. Нека им дава Господ здравје, радост и среќа, а оваа преубава фонтана долги години да ја краси нашата црква и нашето село.
11/05/2026
ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА ВО ПЧИЊА! 🌟
Со голема чест и задоволство ве покануваме на овогодинешниот Собор „Спасовден 2026“ во село Пчиња. Годинава, празничната атмосфера ќе ја збогатиме со еден од најдобрите македонски интерпретатори на народна музика - Дамјан Стојаноски!
📍 Локација: Црква Св.Спас, с. Пчиња
📅 Датум: 20.05.2026 (Среда)
🕖 Почеток: 19:00 часот
Да ги негуваме верата и единството, да пееме и да се веселиме заедно под отворено небо. Ве очекуваме да бидете дел од најубавата традиција во регионот!
04/05/2026
Поради проблемите со депонијата "Краста" и се почестото не реализирање на договорените точки од предходниот договор. Свикан е состанок со директорот на "Чистота и зеленило - Куманово". Ги повикуваме сите жители да дојдат и учествуваат на него. Да дадат свое мислење и став за тоа како да бидат решени проблемите. Состанокот ќе се одржи во Среда со почеток во 19:00 часот во Месна заедница Пчиња. Сите сте повикани!
09/04/2026
Се известуваат сите жители на с. Пчиња и околните места дека по повод големиот христијански празник Велигден - Воскресение Христово, во храмот „Св. Спас“ ќе се одржат следните богослужби:
📅 12 април 2026 година
🕛 00:00 часот - Божествена Литургија
🔔 Претходно:
🕦 23:30 часот - Литија околу храмот, по што свечено ќе биде објавено Христовото Воскресение.
Ги покануваме сите верници да присуствуваат и заеднички да го прославиме најголемиот христијански празник во духот на верата, заедништвото и радоста.
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! ✨