ЛК СДММ Неготино

ЛК СДММ Неготино

Share

Local Club of Youth wing of Social democratic Union of Macedonia

12/05/2026

Новиот проект во центарот на градот урбан хотел за жаби.

07/05/2026

Денес, на барање на советничката група на СДСМ, се одржа вонредна седница на Советот на Општина Неготино поради штетите од мразот.
Кога се во прашање егзистенцијата и трудот на земјоделците, нема простор за одложување – потребна е навремена и одговорна реакција.
Донесени се заклучоци и формирана е комисија за проценка на штетата. Како советничка група предложивме и сет мерки кои би им помогнале на засегнатите земјоделци во овие тешки времиња не само на територијата на Општина Неготино туку и цела држава бидејќи проблемот не е локален. Сега е важно тие да се спроведат ефикасно и без одолговлекување.
Ќе продолжиме внимателно да ја следиме состојбата.

Photos from Трајче Стојчевски's post 20/04/2026
12/04/2026

Нека празникот донесе здравје, мир и хармонија. Христос Воскресе! ✨

Photos from ЛК СДММ Неготино's post 10/04/2026

🌟 Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, во духот на социјалдемократските вредности солидарност и праведност, дониравме прехранбени производи за Здружението на самохрани родители.
Во знак на почит кон повозрасната популација на граѓани го посетивме и Здружението на пензионери во Неготино.
Среќата е поголема кога ја споделуваме едни со други. ❤️

Саботажа сезона 12 бр. 44 10/03/2026

И медиумите ја забележуваат неспособноста на претседателот на совет да ја води седницата.

Саботажа сезона 12 бр. 44 „Несигурна Саботажа“, емитувана на 09 март 2026 година (понеделник) на МРТ1 во емисијата „360 степени“.автор: Среќко Поповскимонтажа: Коста А.

08/03/2026

Среќен 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

Денес оддаваме почит на силата, храброста и посветеноста на жените.

Жената е темел на семејството, двигател на заедницата и важен столб на државата. Затоа нашата обврска е постојано да работиме на создавање општество во кое секоја жена ќе има еднакви можности, почит, сигурност и достоинство.

Да продолжиме заедно да градиме општество во кое гласот на жената се слуша, нејзиниот труд се вреднува, а нејзините права се целосно заштитени.

Нека овој ден биде потсетник дека почитта и поддршката кон жените се потребни секој ден.

Среќен 8 Март! 🌹

23/01/2026

Честитки до претседателот на УМС Неготино. Со среќа новото работно место.
#КЛИЕНТЕЛИЗАМ #ВМРОВЕЧНО

13/01/2026

Сакам кажам не знам речам…

07/01/2026

Нека овој ден донесе многу здравје, љубов, мир, хармонија, надеж и благосостојба во сечиј дом ❤️

✨ Христос се роди – Навистина се роди. Честит Божиќ, за многу години! 💫

Want your business to be the top-listed Government Service in Negotino?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


Negotino
1440