КУЧЕ СПАСИТЕЛ

КУЧЕ СПАСИТЕЛ

Share

DEJNOST NA KLUBOT - Potraga po izgubeni lica vo dve mozhni situacii

SITUACIJA-1
- Potraga po izgube

20/06/2023

УШТЕ ЕДНА СРЕЌНА ЗАВРШНИЦА НА ПРЕБАРУВАЊЕ ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ДЕБРЦА

На 19.06.2023 година, во 20:55ч., оперативниот центар на ПСС Охрид, од страна на СВР доби пријава за исчезнато женско лице на околу 32 годишна возраст, кое собирало шумски плодови во атарот на с. Горно Средорече.
Веднаш по пријавата, согласно процедурите за пребарување и спасување во вакви ситуации, ПСС во соработка со КУЧЕ СПАСИТЕЛ излезе на терен со 9 припадници и едно куче за пребарување.
По пристигнување на местото каде последен пат била забележана жената, во координација со членовите на семејството и мештани од соседните села, кои со неколку возила веќе ја пребаруваа пошироката област, во 22:30ч. ја започнавме потрагата, која за жал не даде позитивни резултати.
Поради тешко проодниот терен, во густа дабова шума, акцијата беше прекината во 2:00ч. утринава, со план истата да продолжи веднаш по разденувањето. Во 6:00ч. утрово, тимовите на ПСС повторно се упатија на местото, но за среќа, акцијата беше прекината по 30-ина минути, по дојава од членови на потесното семејство на жената, со информација дека истата е пронајдена жива и неповредена.
На Госпоѓата и семејството им посакуваме брзо опоравување и добро здравје по овој немил настан и ја користиме оваа прилика уште еднаш да апелираме до авантуристите и локалното население кое од различни причини се движи на планина и шумски предели, да бидат внимателни, соодветно опремени за условите, како и да носат со себе доволно количество храна, течности и мобилен телефон со полна батерија.

18/02/2023

Клубот КУЧЕ СПАСИТЕЛ го подарува ова убаво и добро воспитано куче СИВКА

Photos from КУЧЕ СПАСИТЕЛ's post 18/02/2023

Кучиња кои ја поминаа втората проверка за трагачи
- АРАП - мелез. Земен од улица на околу 5 мсечна возраст, престојуваше во клубот повеќе од 2 месеци
- РЕКС - раса белгиски овчар . Земен од улица старост над 2 години.
Арап и Рекс се кучињата кои успешно ја завршија втората проверка во која учествуваа 6 кучиња од кои 3 домашни и 3 улични.
Арап и Рекс веќе почнаа со специјална дресура за намена кучиња трагачи. Шансите да ја завршат оваа дресура и да и се придружат на веќе спремната ДИКСИ се големи.

Администратор Тони Костовски

Охриѓанец дресира кучиња за потрага по исчезнати лица: Неверојатно е колку можат да бидат корисни уличните кучиња! 03/02/2023

Охриѓанец дресира кучиња за потрага по исчезнати лица: Неверојатно е колку можат да бидат корисни уличните кучиња! Од април 2022 година во Охрид започна да функционира клубот ,,Куче спасител”, чија основна дејност е потрага со кучиња трагачи по исчезнати лица. Претседател на клубо...

Photos 23/01/2023
Want your business to be the top-listed Government Service in Ohrid?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address


Vasil Stefoski 38
Ohrid
6000