Фан страна на НУ Библиотека "Григор Прличев - Охрид"
Почетоците на библиотечната дејност во Климентовиот и Прличев град датираат многу одамна уште од 19. века, кога охридскиот терзија Ангел Групчев за кого Прличев рекол дека е “најучениот тогаш маж“, во својот дуќан во охридската чаршија , отворил читалиште кое привлекло големо внимание и предизвикало интерес кај граѓаните. Како интелектуален кадар , кој во 1830 година завршил класно училиште во рео
нот “Кошишта“, Анге Групчев својот дуќан го претворил во центар на народната писменост, особено што важел за писмен човек кој знаел да чита и пишува црковнословенски и кој ја ширел меѓу учениците просветата и културата.
Годишна членарина за возрасни изнесува 300,00 денари, додека за деца годишна членарина изнесува 200,00 денари.
Услови за користење на библиотечниот материјал:
Библиотечниот материјал се позајмува за 10 работни дена со можност за продолжување на уште 10 работни дена.
При позајмувањето на библиотечниот материјал се наплаќа фиксна услуга (амортизација) во вредност од 5,00 денари по примерок.
Доколку позајмениот библиотечен материјал не се врати во предвидениот рок, истиот се наплаќа задоцнина од 5,00 денари за секој позајмен примерок дневно.
При оштетување, губење или уништување на библиотечниот материјал корисникот е должен да ја надомести направената штета, а за посебни вредности од книжниот материјал (ретки книги, уникати) одлучува Комисијата која се формира во библиотеката за таа цел.