✊️✊️✊️
СДСМ Охрид
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from СДСМ Охрид, Political Party, Галичица 39 А, Ohrid.
08/06/2026
📄 Прочитајте ја Програмската платформа „Твоја држава – твоја шанса“ на #СДСМ.
📄 Прочитајте ја Програмската платформа „Твоја држава – твоја шанса“ на #СДСМ.
Целата може да ја преземете од веб страната на партијата или директно од следниот линк 👇
🔗 https://tinyurl.com/3ua92kar
07/06/2026
Твоја држава
Твоја шанса!✊️
06/06/2026
Филипче: „Скопска иницијатива“ ги обедини прогресивните сили во регионот за европска иднина.
🎙️Денеска ја промовиравме Скопската иницијатива, регионална платформа за соработка меѓу сестринските партии и прогресивните сили во регионот и Европа.
Темелот на таа соработка е борбата против авторитарните режими, борбата против корупцијата и европската интеграција на нашиот регион – практично, сите исти предизвици со кои се соочуваме во регионот.
На почетокот, искрена благодарност до генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти, господин Џакомо Филибек, понатаму до госпоѓа Даша Шиловиќ, која ја предводи Мрежата за родова еднаквост, како и до претседателите на сестринските партии од регионот.
Имавме одлични дискусии, споделивме искуства и предлози. Од овој состанок ќе произлезе и заедничка Декларација, која ќе ја потпишеме на следниот состанок што ќе се одржи кон крајот на годината.
Имено, соочени со слични или исти предизвици, а тоа се силите на регресијата кои доминираат кај нас во Македонија и во регионот, и кои не дозволуваат да го продолжиме патот на развојот, реформите и евроинтеграцијата, мораме заеднички да се справиме со нив, затоа што заедно сме посилни.
Особено во оваа ситуација и особено по вчерашниот самит за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват. За првпат вака јавно и во оваа форма сите земји членки на Европската Унија кажуваат дека Западниот Балкан припаѓа во Европа. Нудат механизми и олеснувања со кои се забрзува нашата евроинтеграција, а бенефитите од членството се добиваат и чувствуваат уште за време на преговорите, а не дури откако земјата ќе стане членка на Европската Унија.
Сметам дека оваа можност треба да ја искористиме додека вратата е отворена во оваа форма.
Да не ја пропуштиме шансата, затоа што станува збор за иднината на државата, за благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните кои со децении го чекаат овој момент.
Сме имале многу разочарувања во минатото, вклучително и од Европската Унија. Едно од нив беше француското вето пред неколку години, кога сите очекувавме почеток на преговорите, но тоа не се случи. Потоа следеше понатамошен развој на процесот и сега треба да се направи следниот чекор – да започнат преговорите и отворањето на поглавјата.
Искрено верувам дека во оваа форма, заеднички и многу посилни, ќе ги надминеме силите што нè држат во место, а кои како механизми и инструменти ги користат корупцијата и кражбата на народните пари. Токму тоа е горивото што им овозможува на овие авторитарни режими толку силно и моќно да владеат.
05/06/2026
Најголемиот цинизам е кога едно се зборува дома, а сосема друго се покажува пред меѓународната јавност.
Па така, кога на Мицкоски му треба политичка фотографија - Франција е верен пријател.
Мицкоски - бледа копија на Вучиќ!
04/06/2026
Драги охриѓани, поплавени сограѓани‼️
Кога незнаењето, самоволието и гладната борба за профит се водилка, последиците од штетата се очекувани од уште еден "успешен" проект на немилосрдната локална власт.
Сквернавењето на култната охридска чаршија и понатака продолжува.
Полека но сигурно културните елементи, симболите и духот на Охрид и понатака се рушат!
Премиерот Мицкоски вели дека напредуваме толку многу што од петта, сега сме трета економија во Европа.
А реалноста која е ? Граѓаните секојдневно се соочуваат со високи цени, ниски плати и сè потежок животен стандард, но очигледно статистиките што ни ги сервира власта покажуваат некоја паралелна реалност.
01/06/2026
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Галичица 39 А
Ohrid
6000
Opening Hours
| Monday | 18:00 - 22:00 |
| Tuesday | 18:00 - 22:00 |
| Wednesday | 18:00 - 22:00 |
| Thursday | 18:00 - 22:00 |
| Friday | 18:00 - 21:00 |
| Saturday | 18:00 - 21:00 |
