РАБОТНА АКЦИЈА - ДА БИДЕМЕ ПРИМЕР КАКО СЕ САКА ДРЖАВАТА КОГА НАДЛЕЖНИТЕ СЛУЖБИ СПИЈАТ
♥️ Со многу љубов, слога и добра организација го средивме детскиот парк и му дадовме нов живот! Му ја вративме душата, па сега дечињата конечно имаат чисто и безбедно место каде што можат безгрижно да си играат.
💙🤍♥️Ги враќаме во мода поранешните работни акции кои беа пример во Југославија за тоа како се сака и чува сопствената држава.
Тие некогаш имаа голема улога во изградбата и обновата, но уште повеќе во зближувањето и социјализацијата на луѓето.
⚠️ Пред акцијата, ова место беше буквално извор на зараза – обраснато во грмушки и претворено во змијарник кој личеше на сè, освен на парк за деца!
🤝 Големо БЛАГОДАРАМ до сите комшии за нивната вклученост и безрезервна поддршка!
Левица - Прилеп
Официјална ФБ страна на локален огранок (ЛО) - Прилеп
🚩 Денес пратеничката група на Левица ја поднесе најавената иницијатива до Уставен суд со која бара да се поништат последните измени на Законот за минерални суровини.
⚠️ Предметните измени предвидуваат давање дозвола да се копа руда на нечиј приватен, личен имот.
🔴 Тоа е така затоа што законските измени предвидуваат давање дозвола да се копа руда без да заврши постапката за експропријација.
‼️ Незавршена постапка за експропријација значи дека имотот е сеуште приватен, а давање дозвола да се копа руда во таква ситуација е давање дозвола да се копа руда во нечиј личен имот.
⚠️ Со ваквите измени рударското лоби се става во опасна привилегирана положба од која лесно може да ја загрози приватната и лична сопственост на граѓаните.
⚠️ Рударското лоби со последните измени на Законот за минерални суровини со доби привилегија
📛 Спорните законски измени му овозможуваат на рударското лоби да добие дозвола за експлоатација и пред да заврши постапката за експропријација, што во превод значи пред земјиштето од приватна сопственост да стане државно. Тоа е спротивно и на постојните закони и на Уставот.
📌 Ископот на македонската руда не е само прашање на профитабилност за рударското лоби. Тоа е прашање од широк јавен интерес.
🟢 Затоа пратеничката група на Левица утре ќе поднесе иницијатива пред Уставен суд за поништување на тие измени.
22/05/2026
💰💰💰
ПОВИСОКИ ЦЕНИ, ПОВИСОК ТРОШОЦИ, А КАДЕ СЕ ПОДОБРИТЕ УСЛОВИ?!
Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ не е само финансиска табела – таму живеат луѓе кои заслужуваат достоинство и грижа.
Во првиот квартал од 2026 се прикажува минимален позитивен резултат, но бројките отвораат сериозни прашања:
• Драстично зголемени комунални трошоци
• Речиси целосно потрошени средства за „други договорни услуги“ без јасно образложение
• Минимални вложувања во хигиена и одржување
• Повисоки цени за престој, без видливи подобрувања во условите
Граѓаните имаат право да знаат: каде завршува секој денар и дали корисниците добиваат услуга соодветна на цената што ја плаќаат.
Начинот на кој се грижиме за старите лица кажува многу за тоа какво општество сме.
❌ ИТНА СЕДНИЦА СВИКУВАЊЕ
✅ СЛИКАЊЕ ВО ОХРИД ПОКРАЈ ЕЗЕРО
🚌 ЈП ЗА ПУП ВОЗИ НА “ВЕРЕСИЈА” АМА ДИРЕКТОРОТ ВИКА ИМАЛО ДОБИВКА
🔴⚫️ ДПНЕ со игра на зборови се обидува и загубите на претпријатието да ги прикаже како добивка каде последните месеци од општинскиот буџет беа префрлени 5 000 000 ден за претпријатието да преживее.
💶 67% од вкупните трошоци се за плати за вработените, а во исто време најмиле Агенција за привремено вработување на која и исплаќаат енормни провизии и со која ги држат работниците како да се сезонски работници!
🚨Ваквото привремено вработување преку агенции е добро позната шема каде партиите ги држат работниците на "кратко ремче" до следните избори... и ова мора да прекине еднаш засекогаш!
ВЛАСТА НЕ ГЛАСАШЕ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ДА ИМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ❗️
👎 Сегашните законски одредби предвидуваат ситуација во која доколку сте биле лани вработен на 400 евра месечно плата, а годинава сте останале без работа, да немате право на здравствено осигурување и да мора да си плаќате на приватно.
❓️ Зошто? Затоа што лани сте оствариле приходи колку годишна минимална нето плата па имате пари да си платите???
📌 На таквите приходи од ланската година може да се смета доколку луѓето живеат само од воздух затоа што според синдикалната потрошувачка кошничка тие пари не се доволни само за храна и пијалоци, па од лани до сега од нив ништо не е останато.
🚩 Преку пратеничката група на Левица пробавме со законска интервенција да ги избришеме ваквите законски одредби и да ја исправиме неправдата.
❌️ Пратениците од власта немаа слух за ваквата проблематика.
💶 ДАЛИ ТОЧИЛА ЌЕ ДОБИЕ НОВ НАПЛАТЕН ПУНКТ ?
😱Претседателката на совет од фобија и страв од таа говорница со цел да ги заштити “нивните” почна да им скратува права на советниците загарантирани со закон и да си толкува деловник за работа по нејзина желба ?!
👨🏻⚖️Но правник и доктор кога ќе се судрат со факти што мислите кој ќе излези во право ?
💉За се има лек!
🫏“Дури и за инает, како во случајот со грчките магариња, постои начин за справување.”🐑
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Website
Address
Улица Караорман, лок. 1
Prilep
7500
