Премногу изгубени млади животи за да остане сѐ исто...
💔 16.03.2025 🕊️
Црвена Младина - Прилеп
Локален огранок на Црвена Младина
🚩8 Март не е ден за рози и празни зборови.
Тоа е ден кога се потсетуваме дека женските права се изборени со борба, штрајкови и отпор.
🚩 Додека политиката зборува за „еднаквост“, реалноста е ниски плати, експлоатација и дискриминација.
🚩 Денес стоиме со жените кои секојдневно се борат за достоинство и правда. Борбата не завршува со честитка – таа продолжува секој ден. ✊
#Левица
Денес, на 21 февруари — Меѓународниот ден на мајчиниот јазик — потсетуваме дека јазикот не е само средство за комуникација, туку право, идентитет и културна меморија.
Во свет во кој доминираат економски и политички центри на моќ, малите јазици сѐ почесто се туркани на маргините. Борбата за мајчин јазик е борба за еднаквост, за пристап до образование, за достоинство и за глас на секоја заедница.
Да зборуваш на својот јазик значи да постоиш.
Македонскиот јазик е жив доказ дека идентитетот, историјата и правото на самоопределување не се преговараат — тие се бранат и негуваат.
23/10/2025
#СкопјеСЕГА
#АмарЗаСкопје 💜
И ќе га поддржимо ВЛЕН 😼 - DJ Brane
11/10/2025
ЧЕСТИТ 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПРОТИВ ФАШИЗМОТ!
📆Денес се потсетуваме на храбрите македонски борци кои пред 84 години го кренаа востанието против фашизмот и ја започнаа борбата за слободна и независна Македонија. Овој храбар јуриш на првоборците е темелот на македонсаката држава.
✊️На 11 Октомври 1941 година, македонскиот народ храбро се спротивстави на бугарската и италијанската окупација.
🚩Како млади генерации, ние ја црпиме силата од нивната истрајност. Веруваме дека борбата за слободна и праведна Македонија не е завршена, туку продолжува секој ден, против новите облици на неправда и потчинетост.
✊️Црвена Младина останува доследна на идеалите на нашите предци. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија која ќе биде независна, праведна и ослободена од секоја форма на фашизам.
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Website
Address
Prilep
7500
