03/06/2026
Роднокрајно одделение во ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - ПРИЛЕП ,
вистинска ризница и чувар на литературната и воопшто културната меморија и традиција на и за Прилеп и прилепско!
„РОДНОКРАЈНОТО ОДДЕЛЕНИЕ – ЧУВАР НА ПРИЛЕПСКАТА МЕМОРИЈА И ПИШАНИОТ ЗБОР“ – Клуб Деница
Во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ постои посебно место каде внимателно се чува духовното и културното наследство на Прилеп. Роднокрајното одделение прет...
25/05/2026
Почитувани љубители на пишаниот збор!
Драги почитувачи на домашните автори и нивните дела!
Ве покануваме да присуствувате на настанот во чест на раѓањето на едно ново дело, промоција на романот
ЗАМОКОТ НА АРДЕЉАН
од Драгица Ристиќ Стојческа!
Уживајте во оваа приказна за љубовта, предавството и проклетството!
Промоцијата ќе се одржи на 26-ти Мај (вторник) во Големата сала на ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - ПРИЛЕП , со почеток во 18.00 часот.
ЈОУ Градска библиотека "Борка Талески" -Прилеп, секогаш во поддршка на роднокрајното творештво!
24/05/2026
Мисијата за ширење на христијанството меѓу Словените ја извршиле светите браќа Кирил и Методиј пред 1163 години, во 863 година.
За потребите на мисијата, Кирил ја составил глаголицата, а Методиј ги превел богослужбените книги.
Нивниот живот е опишан во првото оригинално дело напишано на словенски јазик „Панонски легенди“.
Честит нека ни е празникот, Денот на македонските и сесловенски просветители!
ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ - ПРИЛЕП
04/05/2026
80 години Храм на книгата и мудроста во Штип!
Честит јубилеј НУ УБ " Гоце Делчев" -Штип!