01/06/2026
NSDP Prilep
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from NSDP Prilep, Political organisation, Бизнис Центар лок . 87, Prilep.
01/06/2026
31/05/2026
Мисовски од конгресот на НСДП: Државата се движи во погрешна насока Претседателот на Нова социјалдемократска партија (НСДП), Горан Мисовски, од говорницата на седмиот конгрес на партијата порача дека државата се движи во погрешна н...
08/05/2026
НАСКОРО ЛИПИТЕ ЌЕ ЦВЕТААТ, А ГРАЃАНИТЕ САМИ ЌЕ СЕ СПРАВУВААТ СО СКАПОТИЈАТА!
Додека граѓаните се борат со скапотијата и секојдневните трошоци, претседателката Гордана Силјановска-Давкова во својот говор забележува дека „липите наскоро ќе цветаат“.
Христијан Мицкоски претходно повика: „Да зборуваме за убави работи“.
Ова не е оптимизам – ова е бегање од реалноста!
Инфлацијата од 5.7% ги јаде платите. Нема вистински раст на примањата. Земјоделците чекаат субвенции. Младите се оставени без перспектива.
И наместо решенија – признание дека во буџетот нема пари. Па сега, наместо да создадат услови младите да останат тука, ќе ги оданочуваат средствата што студентите чесно ги заработуваат со работа во странство.
Ова е новата поразувачка реалност: власт која не слуша, не чувствува и не реагира.
Нема напредок кон Европа. Нема визија за иднината. Наместо тоа, се заробува иднината на младите генерации.
Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, ним им е удобно во фотељите и на службените патувања.
Ова ли е „твоја и горда Македонија“?
Граѓаните не бараат „убави приказни“, туку конкретни мерки, одговорност и достоинствен живот. Наместо тоа, секојдневно добиваат празни, популистички и дефокусирачки изјави.
А пораката од власта е јасна:
Справувајте се сами – важно е што липите ќе цветаат наскоро.
07/05/2026
🖲НСДП: Владата ја оттурнува Македонија од ЕУ со неработење и отсуство на реформи‼️
Најновите изјави на Томас Вајц се уште една сериозна опомена дека Македонија стагнира на европскиот пат поради неспособноста и незаинтересираноста на актуелната Влада да спроведе суштински реформи.
Фактот дека веќе една година нема никаков напредок во реформската агенда, особено во владеењето на правото и борбата против корупцијата, е директна одговорност на Владата.
Наместо конкретни резултати, граѓаните гледаат политички калкулации, празни ветувања и целосно отсуство на визија.
Особено загрижува предупредувањето дека средствата од Планот за раст, во вредност од 47 милиони евра, може да бидат изгубени и пренасочени кон соседните земји. Ова е уште еден доказ дека Владата не само што не ја движи државата напред, туку директно ги загрозува економските интереси на граѓаните.
НСДП укажува дека владеењето на правото, независното судство и решителната борба против корупцијата не се формалности за ЕУ, туку предуслов за економски развој, нови работни места и подобар животен стандард. Без тоа, Македонија ќе остане заробена во сиромаштија, неизвесност и иселување.
Соседните земји напредуваат - за Црна Гора веќе се пишува договорот за пристапување во ЕУ, а Македонија тапка во место. Ова не е поради недостиг на можности, туку поради недостиг на политичка волја.
НСДП ја повикува Владата итно да престане со декларативни политики и да започне со вистински, мерливи реформи.
Во спротивно, одговорноста за пропуштената европска перспектива и економската стагнација ќе биде целосно на нејзин товар.
Граѓаните заслужуваат европска иднина❕️
🇲🇰🇪🇺
23/04/2026
Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ и Коалицијата ќе се повлечат од работата за Изборниот закон!
🎙️ Дозволете да ја известам целокупната јавност за следните чекори на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата во врска со носењето на Законот за Влада со кој се укинува Пржинската Влада.
Имено, кажавме повеќепати дека сметаме дека на овој начин, којшто е целосно автократски манир на владеење на оваа власт, и ова не е единствен пример, ова е само еден од примерите, техничката влада не треба и не може да се укине. Таа е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори.
Во ситуација кога има целосна контрола на оваа власт врз судството, кога се именуваат партиски послушници за судии и за обвинители, кога премиерот без грам срам од собраниска говорница, од прес-конференции, јавно со своите чувства на некој начин дели наредби на обвинителите и врши притисок врз правосудството, во ситуација кога не се знае како, на кој начин се складираат и ќе се употребуваат или веќе сега се употребуваат податоците од системот Сејф Сити, ова едноставно не смее да се случи.
Овој манир на владеење е еднаков на манирот на владеење од времето на Никола Груевски од 2006 до 2016 година. И затоа, доколку денеска овој закон помине на Комисија и власта продолжи да ја тера собраниската процедура, нашата пратеничка група се повлекува од работната група за работа на изборниот закон.
Овој Закон за влада и укинување на Пржинската влада мора власта да го повлече. Вакви автократски манири не се дозволени и нема да прифатиме. Да потсетам, тој закон беше донесен за изборите во 2016 година, но на барање на Христијан Мицковски законот беше вратен во 2018 година и така важеше на нивно барање и за парламентарните избори во 2020 година.
Затоа уште еднаш повторувам, власта овој закон мора го повлече, Пржинската Влада, којашто е единствен гарант во оваа форма во која што сега важи законот за спроведување на фер и демократски избори, мора да остане. Во спротивно се повлекуваме од работата за изборниот закон од работната група којашто се води Министерството за правда. - истакна лидерот на Коалицијата предводена од СДСМ, др. Венко Филипче
23/04/2026
⛔️ЗАБРАНАТА ЗА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО ТРЕБА ДА ВАЖИ ПОДЕДНАКВО ЗА СИТЕ ИЗБРАНИ И ИМЕНУВАНИ ФУНКЦИОНЕРИ – ВЕДНАШ‼️
Пратениците на НСДП заедно со останатите пратеници од Пратеничката група во рамки на Коалицијата предводена од СДСМ, поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Владата по скратена постапка, со кој се предвидува забрана за двојно државјанство за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата, и тоа со итна примена.
НСДП цврсто стои зад принципот дека истите правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок и без одложување.
Државната одговорност подразбира јасна и недвосмислена лојалност кон државата, а тоа мора да се одрази и во законските решенија.
Во таа насока, НСДП укажува дека најавените измени на Законот за пратеници од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се предвидува ограничување на двојното државјанство, но со одложена примена, претставуваат неприфатлив и селективен пристап.
Со вакво решение, актуелните функционери се изземаат од правилата што самите ги предлагаат, што отвора сериозни прашања за искреноста и принципиелноста на ваквите политики.
Пратениците ќе поднесат амандмани на предложените измени на Законот за пратеници, со цел истите да важат веднаш и за актуелниот состав.
Позицијата на НСДП е јасна дека нема привилегирани функционери и нема одложувања кога станува збор за одговорноста пред граѓаните.
Забраната за двојно државјанство треба да важи подеднакво за сите избрани и именувани функционери – веднаш.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Website
Address
Бизнис Центар лок . 87
Prilep
7500
Opening Hours
| Monday | 19:30 - 23:00 |
| Tuesday | 19:30 - 23:00 |
| Wednesday | 19:30 - 23:00 |
| Thursday | 19:30 - 23:00 |
| Friday | 19:30 - 23:00 |
