13/05/2020
Продолжуваме Радовиш залужува повеќе ✅✅
Можеби ќе звучи нескромно, но во општината се работи како никогаш до сега. Имаме петнаесетина поголеми и помали градежни активности во тек.
Се работи на школотo во Ињево, мостот во Раклиш, коритото на р.Сушица, резерворот и новиот цевковод се во завршна фаза,патот на пл.Палчковица и на повеќе улици во општината.
Наскоро започнуваме со обновата на другата коловозна лента на булеварот А.Македонски и изградба на улици во селата Јаргулица,Калугерица, Ораовица и центарот на Покрајчево. Селото Подареш ќе добие ново мултифункцинално игралиште.
ИНФРАСТРУКТУРА ЗА СИТЕ!
19/04/2020
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ
ЗА МНОГУ ГОДИНИ!
25/03/2020
Демант на лажни и неточни вести во јавноста!
02/03/2020
НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА РАМНОМЕРЕН ОПШТИНСКИ РАЗВОЈ
Денес е потпишан Меморандумот за соработка со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со кој се обезбедуваат средства за нови инвестиции во општинската патна инфраструктура.
Со средствата добиени од Светска банка треба да се подобри патната поврзаност, безбедноста на сообраќајот и локалниот и државниот економски развој.
28/02/2020
ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ГАСИФИКАЦИЈА НА РАДОВИШ
Вчера во салата на Советот на општината беше презентиран идејниот проект за гасификација на Радовиш од страна на проектантот „Филбис“ ДООЕЛ – Скопје.
Главниот магистрален гасовод на територијата на општината се предвидува да биде завршен до крајот на 2020 год. ГМРС Радовиш треба да биде завршен и ставен во функција до половината на 2021 година.
Вкупната мрежа за гасификација на градот Радовиш изнесува приближно 7000м должина, што би опфатило изградба на главни кракови на гасоводен систем, изградба на споредна мрежа на гасоводен систем како и изгрдба на сите други потребни помошни објекти на трасата.
Општина Радовиш е една од општините во РСМ која е опфатена со новоизградениот магистрален гасовод Клечевци -Неготино-Битола.
За Радовиш е оставен приклучок и мерно регулаторна станица со капацитет од 5.000 m3 n/h.
Со овој притисок гасот се доведува до индустриските и населените подрачја во општината.
26/04/2018
ПОСЕТА НА ЗБРАТИМЕНАТА ОПШТИНА АЛИАГА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА
17/09/2017
Почитувани,
Вашите проблеми, идеи и потреби ќе бидат приоритет во следниот мандат на новиот Градоначалник.
15-ти Октомври ден за промени.
15-ти Октомври ПОБЕДАТА Е НАША!!!
Сите заедно и победнички за ГЕРАСИМ КОНЗУЛОВ
16/09/2017
Победа во првиот круг.
Победа за сите.
Победа за Радовиш.
Герасим Конзулов за Радовиш што заслужува промени.