Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен

Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен

Share

Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен

Photos from Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен's post 14/05/2026

Денес градскиот плоштад " Цар Самоил" во Ресен беше исполнет со среќа, енергија и позитивна атмосфера.

Нашите матуранти со песна, насмевки и заедничка прослава го одбележаа крајот на едно значајно поглавје од нивниот живот.

Горди сме на генерацијата матуранти која денес испрати силна порака за заедништво и пријателство.

Ви посакувам успех во понатамошното образование, нови предизвици и остварување на сите ваши соништа.

Нека денешниот ден остане убав спомен за сите вас, а Ресен секогаш нека биде ваш дом каде што ќе се
враќате со радост.

Среќна матура!

Photos from Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен's post 08/05/2026

Вечерва во посета на Општина Ресен беше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски каде што и се одржа најавената трибина.

На трибината се разговараше за програмите на МЗШВ, предизвиците со кои се соочуваат земјоделците, за нивно решавање како и за мерките за поддршка на македонското земјоделство.

Заеднички продолжуваме кон унапредување на земјоделството и подобри услови за сите земјоделци.

05/05/2026

5 мај, Денот на македонскиот јазик – еден од најзначајните столбови на нашиот национален идентитет.

Македонскиот јазик е нашата духовна врска со минатото и мост кон иднината.

Со почит се сеќаваме на делото на Крсте Петков Мисирков, кое што има непроценливо значење за афирмацијата на македонскиот јазик

Нека овој ден нè потсети на нашата обврска да го чуваме, негуваме и развиваме македонскиот јазик, со љубов и гордост и истото да го пренесуваме на нашите идни генерации.

Честит Ден на македонскиот јазик!

Photos from Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен's post 04/05/2026

Со особена чест денес го одбележавме патрониот празник на ОУ „Гоце Делчев“.

Во духот на традицијата и почитта кон делото на нашиот великан, заедно со учениците, наставниците и вработените, положивме свежо цвеќе на споменикот, оддавајќи почит на неговата жртва и идеали.

Гоце Делчев останува вечен симбол на борбата за слобода, правда и достоинство.

Неговата визија за слободна и просветена татковина и денес нè води и инспирира да градиме општество на еднакви можности, знаење и напредок.

Неговото дело е аманет за сите генерации – да го чуваме, негуваме и продолжиме патот што го трасирал.

Настанот беше збогатен со прекрасна програма подготвена од учениците и наставниците, кои со многу љубов, труд и креативност нè потсетија на значењето на образованието, слободата и патриотизмот.

ОУ „Гоце Делчев“ продолжува да биде пример за посветеност, знаење и воспитување на младите генерации.

Како локална самоуправа, остануваме силен поддржувач на образованието и развојот на нашите деца.

Честит патронен празник!

Photos from Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен's post 28/04/2026

Со особена чест денес присуствував на свеченото доделување на EU4M Municipal Excellence Award (EUMEL), кое се одржа во Националната опера и балет во Скопје, во рамки на завршниот настан на EU4M.

Нашата општина беше номинирана за ова престижно признание за исклучителен ангажман во прекуграничната соработка, што претставува голема потврда за напорната работа, посветеноста и визијата што ја вложуваме во развојот на нашата заедница.

Настанот беше можност да се разменат искуства со други општини и партнери, како и да се потврди значењето на регионалната соработка како двигател на економскиот и општествениот развој.

Преку ваквите иницијативи се зајакнуваат врските со соседните региони и се отвораат нови можности за проекти од заеднички интерес.

Ова признание им припаѓа на сите – на општинската администрација, на партнерите и пред сè на граѓаните, кои со својата поддршка и активност придонесуваат за напредокот на општината.

Остануваме посветени на создавање подобри услови за живот, развој и европска иднина за нашата општина.

Photos from Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен's post 20/04/2026

Денес во Општина Ресен имавме посета од министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, работната посета беше посветена на унапредување и заштита на нашето богато културно наследство.

Посетата започна во с.Љубојно, каде што беше извршен увид во објектот на Старото училиште, кое со претстојната реконструкција ќе прерасне во современ центар за промоција на македонскиот јазик.

Потоа следеше посета на црквата во Курбиново, еден од најзначајните споменици на културата во нашиот регион, каде се разговараше за тековните и идните активности за нејзина заштита и конзервација.

Во Ресен, делегацијата го посети Сарајот – препознатлив симбол на градот и еден од најрепрезентативните објекти во неокласичен стил во Македонија, каде се запозна со неговото функционирање и културната понуда.

Посетата продолжи во Спомен-куќата на Татарчеви, родниот дом на револуционерот Христо Татарчев, кој денес претставува значаен музејски простор и сведоштво за нашата историја.

Оваа посета е потврда за заедничката заложба за зачувување, афирмација и развој на културното наследство на Ресен и Преспа, како важен сегмент од националниот идентитет и туристичкиот потенцијал.

11/04/2026

Почитувани,
Од мое лично име и од името на локалната самоуправа на Општина Ресен, Ви го честитам најголемиот христијански празник Христовото Воскресение– Велигден.

Нека светлината на празникот донесе мир, љубов, здравје и благосостојба во секој дом, и ни биде поттик за заедништво, хуманост и надеж за подобра иднина.

Христос Воскресна!
Навистина Воскресна!
За многу години!

Photos from Embassy of the Republic of North Macedonia in UK's post 11/04/2026
Photos from Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен's post 09/04/2026

Традиционално, како и секоја година, и оваа по повод велигденските празници се одржа велигденскиот хепенинг, исполнет со радост и детски насмевки.

Настапија учениците од основните училишта како и децата од градинките, кои преку песна и игра ја пренесоа празничната атмосфера и духот на Велигден.

Настанот беше вистинско уживање за сите присутни, создавајќи топли спомени и празнично чувство.

За многу години Велики четврток!

Photos from Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен's post 07/04/2026

Работни активности за поставување на нова водоводна мрежа на крак 1 и крак 2 на ул.Наум Веслиевски, со која изведба се подобрува водоснабдувањето во тој дел на улицата.

Photos from Јован Тозиевски - Градоначалник на Општина Ресен's post 01/04/2026

Денес по повод 1-ви Април – Денот на шегата, во градинките и основните училишта во Општина Ресен се одржа
Првоаприлското дефиле.

Поради врнежливото време, овој пат маските беа претставени во самите градинки и училишта.

Благодарност за креативноста и трудот на наставниците, родителите и децата кои измамија безброј насмевки и донесоа весела атмосфера кај посетителите и најмилите.

Want your business to be the top-listed Government Service in Resen?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


Плоштад Цар Самоил бр. 20
Resen
7310