04/05/2026
🎨 Ајде да ја обоиме мојата буква! 💌
На оваа работилница ќе започнеме со кратка интерактивна игра, а потоа секој од нас ќе ја изработи и обои првата буква од своето име 💛
Буквите се изработени од дерматолошки тестирана Фимо глина, а ќе користиме и акрилни бои од Примо – совршена комбинација за безбедна и шарена креација 🌈
📅 Пријавувањето трае до 13.05.2026
⚠️ Местата се ограничени – резервирајте навреме!
Создавај, играј и понеси дома уникатна буква со твој потпис 🖌️
23/03/2026
🌸 Мирис на пролет, креативност и убави моменти!
Нашата омилена пролетна работилница, која ја организираме секоја година, повторно ни донесе многу инспирација и насмевки 💐
Оваа традиција ни е посебно драга, затоа што секоја година носи нова енергија, нови идеи и уште повеќе љубов кон креативноста
Во соработка со Цветна Фабрика, учесниците уживаат во создавање уникатни цветни аранжмани и учење нови техники 🌿
📅 Датум: 28/3/2026
⏰ Час: : 12:00
💰 Цена: 700ден.
Резервирај си место навреме 💛
#пролет #работилница #цвеќе #традиција #креативност #соработка
20/02/2026
3 years of creating memories ✨
Три години љубов, игра и посветеност 🤍
Forever thankful за секој споделен момент.
03/02/2026
Замислете насмевки извалкани со боја, мали рачиња што внимателно создаваат и едно дрвено роботче што полека оживува…🤖
На оваа креативна работилница, децата ќе бојадисуваат и украсуваат свое роботче – уникатно, весело и создадено со љубов.
Спомен направен со љубов – што си оди дома со нив.
👧🧒 5+ години
25/01/2026
Со срце полно благодарност славиме двоен роденден 🥳💖
🎂 3 години нашата продавница – место создадено со љубов, соништа и многу посветеност
💻 5 години нашата онлајн продавница – патување заедно со вас, чекор по чекор.
Ова не е само наш успех — ова е нашата заедничка приказна 🤍
Без вашата поддршка, доверба и љубов, ништо од ова немаше да биде можно.
Затоа, време е да ви возвратиме! 🎁
Организираме GIVEAWAY со две добитнички 🎉
✨ ГРАТИС СЛАВАЊЕ НА РОДЕНДЕН
✨ ВАУЧЕР во вредност од 3.000 денари
Се што треба да направите е: да го следите профилот на .mk и , да ја лајкнете оваа објава и да означите пријателка/мајка во коментар.
Фала што сте дел од нашето семејство.
Фала што верувавте во нас.
Ајде заедно да славиме уште многу години! 🥂🎉
Извлекувањето е на 01.02.2026
Среќно на сите🤍
25/01/2026
Со многу љубов и радост ве покануваме да славиме нешто навистина посебно 💛✨
Нашата игротека полни 3 години – 3 години смеа, прегратки, детски насмевки и убави спомени ✨
📅 Сабота | 31.01.2026
⏰ 12:00
Ќе пееме, ќе играме, ќе се дружиме со маскоти 🎶🧸💃🕺
Ќе дуваме свеќички и заедно ќе сечеме роденденска торта 🎂
А најважно – ќе ја споделиме радоста со вас 🤍
Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и што ни ги доверувате вашите најмили!
Дојдете да славиме заедно, со срце полно љубов и детска магија ✨
Со нетрпение ве очекуваме 🤍🎈
25/01/2026
🎉 Славиме 3 години постоење 🎉
Благодарение на вас, нашата продавница денес слави трет роденден.
Како мало „фала“ за довербата и поддршката, подготвивме роденденски попусти:
• 10% на еден производ
• 20% на два производи
• 30% на три производи
📅 Попустите важат во периодот од 26.01.2026 до 31.01.2026.
Ви благодариме што сте дел од нашата приказна 💛
14/01/2026
Glimpse of our magical New Years party🍾 🎉
Ви Благодариме на сите што сте дел од Kidly♥️
21/12/2025
Драги другарчиња,
Ве каниме на новогодишна забава во Kidly Playspace, организирана во соработка со Via Fiore 🎄🥳
Дојдете заедно да ја испратиме оваа година со многу музика, танцување, забавни игри и слатко изненадување за најмалите 🥰
🎁 Како дел од настанот, родителите истовремено можат да уживаат во 15% попуст на новогодишните аранжмани на Via Fiore ✨
Задолжителен dress code: ugly Christmas sweater
📅 Датум: 27 Декември, сабота
⏰ Почеток: 14:00ч
💰 Цена: 500ден
Резервирајте си го Вашето место уште од сега во порака. ♥️
20/12/2025
„Ајде да ги направиме најубавите елки досега!“ 😌🥰🎄
Да ги научиме децата уште од мали дека рачно изработените декорации се највредните во домот – особено кога се создадени од малите рачиња на нашите најмили, поолни со магија✨🎄
Ве чекаме во Kidly, како и секогаш – со многу креативност, насмевки и љубов 💛