11/06/2026
Објавен е Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на усогласеност на тема: „Исплата на права на парична помош од социјална заштита“ кај Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Линк до Конечен ревизорски извештај:
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/KRI_Isplata_paricna_pomos_socijalna_pomos_FINAL.pdf
Линк до Соопштение за медиуми од конечен ревизорски извештај (македонски јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/Soopstenie_RUs_Isplata_paricna_pomos_socijalni_prava_FINAL_pdf.pdf
Линк до Соопштение за медиуми од конечен ревизорски извештај (албански јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/Soopstenie_RUs_Isplata_paricna_pomos_socijalni_prava_FINAL_alb.pdf
09/06/2026
👉 Објавен е Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Националната установа Албански театар - Скопје, за 2024 година - 3 сметки.
➡ Линк до Конечен ревизорски извештај:
https://dzr.mk/mk/260609-revizija-na-regularnost-2025-nacionalna-ustanova-albanski-teatar-skopje
➡ Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (македонски јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/Apstrakt_Albanski_teatar_mkd_FINAL.pdf
➡ Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (албански јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/Apstrakt_Albanski_Teatar_alb_FINAL_pdf.pdf
08/06/2026
Државниот завод за ревизија активно учествуваше на Годишниот состанок на Работната група за јавен долг на ИНТОСАИ (INTOSAI), кој се одржа од 3 до 5 јуни 2026 година во Каиро, Египет.
Претставничките на ДЗР, Билјана Стојановска и Горица Николовска, го презентираа искуството на ДЗР во спроведувањето ревизии поврзани со јавниот долг и ги споделија клучните согледувања и предизвици во оваа област.
Како признание за долгогодишната посветеност и активен придонес во работата на Работната група за јавен долг, Државниот завод за ревизија беше избран за член на Управувачкиот комитет на Работната група за јавен долг на EUROSAI за периодот 2026–2029 година.
ДЗР останува посветен на меѓународната соработка, размената на знаења и унапредувањето на ревизорските практики во областа на јавниот долг и финансиската отчетност.
08/06/2026
Денес, во Државниот завод за ревизија, главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со Амбасадорот на Република Швајцарија, Н.Е. г. Кристоф Зомер.
На работната средба се разговараше за континуираната поддршка што Амбасадата на Швајцарија ја обезбедува за Државниот завод за ревизија, особено преку овозможување програми за едукација и професионален развој, насочени кон зајакнување на знаењата и вештините на државните ревизори.
Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски му се заблагодари на Амбасадорот за посетата, воедно заблагодарувајќи се и на даночните обврзници на Швајцарија за континуираната поддршка што Швајцарија ја дава на ДЗР, при што ги презентираше клучните резултати и активности на институцијата, како и одредени значајни наоди и утврдени состојби од спроведените ревизии.
Амбасадорот г. Кристоф Зомер изрази задоволство од постигнатите резултати и активностите на Државниот завод за ревизија, истакнувајќи дека е добро запознаен со високото ниво на професионалност, независност и интегритет со кое ДЗР е препознаен и етаблиран како врховна ревизорска институција.
Работната средба се одвиваше во конструктивна и пријателска атмосфера, при што беше заеднички оценето дека постои цврста основа за понатамошно унапредување на партнерството и соработката меѓу двете земји.
04/06/2026
👉 Објавен е Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Академија за судии и јавнји обвинители, за 2024 година
➡ Линк до Конечен ревизорски извештај:
https://dzr.mk/mk/260603-revizija-na-regularnost-2025-akademija-na-sudii-i-javni-obviniteli
➡ Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (македонски јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/Apstrakt_KRI_ASJO_Mk_0.pdf
➡ Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (албански јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/Abstrakt_RPR_AGJPP_ALB.pdf
➡ Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (англиски јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/Abstract_AJPP_ENG.pdf
03/06/2026
🤝 Во рамки на билатералната соработка меѓу Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија и Државната ревизорска институција на Република Србија, на 2 и 3 јуни 2026 година, во просториите на Државниот завод за ревизија се одржа вториот работен состанок посветен на паралелната ревизија на тема „Давање услуги за итна медицинска помош“.
👥 Ревизорскиот тим на Државниот завод за ревизија беше предводен од м-р Соња Камбовска, помошник на главниот државен ревизор, додека тимот на Државната ревизорска институција на Република Србија беше предводен од Нада Тошиќ, врховен државен ревизор.
📊 Во текот на работилницата ревизорските тимови ги презентираа матриците и плановите за работа за ревизијата на успешност, ги разгледаа досегашните активности и разменија искуства во однос на методолошкиот пристап, утврдените ризици, ревизорските прашања и планираните постапки за спроведување на ревизијата. Посебно внимание беше посветено на усогласување на понатамошните чекори и на координацијата меѓу тимовите во следните фази од ревизорскиот процес.
🚑 Работилницата претставува значаен чекор во спроведувањето на паралелната ревизија, чија цел е преку независен, но координиран пристап да се анализираат состојбите, предизвиците и можностите за унапредување на системот за давање услуги за итна медицинска помош.
🌐 Со одржувањето на оваа работилница, Државниот завод за ревизија и Државната ревизорска институција на Република Србија ја потврдија заедничката заложба за јакнење на професионалната соработка, размена на знаења и добри практики, како и за унапредување на квалитетот и влијанието на ревизиите на успешност.
02/06/2026
👉 Објавен е Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Јавна здраствена установа Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија- Скопје, за 2024 година
➡ Линк до Конечен ревизорски извештај:
https://dzr.mk/mk/260601-revizija-na-regularnost-2025-jzu-institut-za-javno-zdravje-na-republika-severna-makedonija
➡ Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (македонски јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/Apstrakt_JZU_IJZ_finalno_mk.pdf
➡ Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (албански јазик):
https://dzr.mk/sites/default/files/2026-06/Abstrakt_ISHP_Final_ALB.pdf
27/05/2026
За поефикасно и поодговорно управување со јавните финансии неопходни се силна регионална соработка и заедничко делување на врховните ревизорски институции. Таквата соработка е клучна за унапредување на надзорот врз користењето на јавните средства, како и за зајакнување на транспарентноста и отчетноста.
Дополнително, заедничките ревизии насочени кон остварување на Целите за одржлив развој придонесуваат за градење посилни институции и поефикасна борба против корупцијата.
Во Домот на Народното собрание во Белград се одржа дводневниот стручен настан „Стратешки дијалог на врховните ревизорски институции за заеднички ревизии во однос на Целите за одржлив развој“, на кој учествуваа претставници на врховните ревизорски институции од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора и Србија, како и претставници од Амбасадата на Република Словачка во Белград.
„Активностите во рамките на проектот „Паметно финансирање за одговорно локално управување“ претставуваат значајна можност за соработка и размена на знаења меѓу ревизорските институции. Паралелните ревизии овозможуваат меѓусебно учење, подготовка на поквалитетни ревизорски извештаи и создавање додадена вредност за граѓаните“, истакна м-р Максим Ацевски, Главен државен ревизор.
Проектот „Паметно финансирање за одговорно локално управување“ го спроведуваат Регионалниот центар на УНДП во Истанбул, УНДП во Македонија и канцелариите на УНДП во Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија, со финансиска поддршка од Министерството за финансии на Република Словачка, во рамки на проектот „Јавни и приватни финансии за развој“.
Државниот завод за ревизија изразува благодарност на UNDP за континуираната поддршка.
24/05/2026
📚 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј 📚
Денес оддаваме почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј – темелоположници на словенската писменост, просвета и духовност, чие дело остави траен печат врз културниот и образовниот развој на словенските народи.
Нивната мисија претставува симбол на знаењето, просветлувањето и моќта на пишаниот збор како двигател на општествениот напредок. Благодарение на нивната визија и посветеност, словенските народи добија писмо, јазик и можност за духовен и културен развој на свој мајчин јазик.
Во духот на вредностите што ги промовирале – знаење, интегритет и посветеност – Државниот завод за ревизија упатува честитки по повод 24 Мај, со желби за продолжување на традицијата на образование, култура и почитување на вистинските вредности.
Среќен 24 Мај!
20/05/2026
Во периодот од 4 до 8 мај 2026 година, м-р Маја Ставреска, самостоен ревизор во ДЗР, учествуваше на престижната меѓународна програма за обука под наслов „Transcending Gender Norms in Leadership“ (Надминување на родовите норми во лидерството), која се одржа во Сингапур, во рамки на билатералната техничка соработка помеѓу Владата на Сингапур и Република Северна Македонија.
Оваа напредна студиска програма беше организирана од страна на Singapore Cooperation Programme (SCP) и Civil Service College Singapore. Учеството на нашата колешка е реализирано со целосна поддршка на Главниот државен ревизор, што ја потврдува стратешката посветеност на ДЗР кон континуирано професионално усовршување и следење на глобалните стандарди.
Стекнатите знаења имаат директна и практична вредност за тековните активности на институцијата, со оглед на тоа што м-р Ставреска е дел од ревизорскиот тим кој во моментов ја спроведува ревизијата на успешност на тема „Жени лидери во Република Северна Македонија“.
Искуствата и позитивните практики од Сингапур, особено во делот на користење на податоци за следење на напредокот и елиминирање на системските бариери, ќе дадат значаен придонес во финализирањето на ревизијата. Со ова, ДЗР продолжува да го зајакнува својот капацитет за независен и квалитетен надзор над спроведувањето на политиките за родова еднаквост и поддршка на женското лидерство во земјата.