12/06/2026
🥇 ДОДЕЛЕНИ 5️⃣7️⃣ СТИПЕНДИИ НА НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ ОПШТИНСКИ УЧИЛИШТА❗️
🏆 Под мотото “ Со срце учам, со знаење успевам” ја продолжуваме традицијата која ја започнавме и доделивме парични ваучери на најдобрите наши ученици од општинските основни училишта!
💶 Беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари и 6.000 денари на најдобрите ученици.
🥇 На 11 првенци на генерација во три наставни јазици македонски, албански и турски им беа доделени парични ваучери во вредност од 12.000 денари.
🏵 На основците од 8, 7, 6 и 5 одделение во трите наставни јазици им беа доделени парични ваучери во вредност од 6.000 денари.
„Образованието е најсилното средство за духовен и национален напредок“ кажал Крсте Петков Мисирков.
👫 Затоа вложуваме максимално во образованието.
Континуирано се грижиме за нашите најдобри ученици.
Учениците се наша гордост, наша должност е да го почитуваме нивниот труд.
#ОпштинаБутел ✅
10/06/2026
🌲 ЗАЕДНО СО ГРАД СКОПЈЕ ГО ГРАДИМЕ МЕГА ПАРКОТ НА БУЛЕВАРОТ ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ❗️
Денес, градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, направија увид во градежните активности за изградба на мега паркот на булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“.
🌳 Запуштениот простор долж булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ прераснува во модерен и функционален зелен простор — мега парк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес-зони, со содржини наменети за сите возрасти.
Инвестицијата во зелени површини е инвестиција во здравјето и иднината на градот.
Општина Бутел и Град Скопје се развиваат модерно и урбано!
09/06/2026
🚗 ПРОДОЛЖУВАМЕ СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИ ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО РАСАДНИК❗️
🚧 Денес започнавме со градежните активности на улицата Ангел Мојсковски во населеното место Расадник.
Наскоро ќе се реконструираат и улиците:
✅ улица Александар Грличков
✅ улица Љубинка Басотова
🔙 Предходно ја реконструиравме и главната улица во ова населено место, улица 21 и улицата 2.
Инвестираме и градиме онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес.
💪 Продолжуваме, заедно со сите вас да ја градиме и развиваме општина Бутел во модерно и подобро место за живеење!
#ОпштинаБутел ✅
03/06/2026
🏞️ ЗАЕДНО СО ГРАД СКОПЈЕ ГРАДИМЕ ПЕШАЧКА ПАТЕКА И ГО ЧИСТИМЕ КОРИТОТО НА РЕКА СЕРАВА ВО БУТЕЛ 1❗️
Едно од најголемите барања на граѓаните на општина Бутел денес се реализира со поддршка на Град Скопје.
😇 Проектот кој повеќе децении беше ветуван на граѓаните на општина Бутел станува реалност и се гради со одлична донамика.
Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски го чистат речното корито и ја градат пешачката патека покрај река Серава. Овој дел од речното корито се чисти по повеќе од 2️⃣0️⃣ години.
Патеката ќе биде во должина од 1️⃣5️⃣9️⃣0️⃣ метри. Се поставува и ново лед осветлување и нови клупи.
🌲🌳 Целиот простор ќе биде дополнително оплеменет со зеленило!
🛝 Ќе се изградат и нови детски игралишта.
Заедно со Град Скопје се менуваме ликот на општина Бутел, заедно ќе спортуваме и ќе рекреираме на новиот кеј!
Ветувањата се реализираат! ✅
22/05/2026
🇪🇺 НОВ ПРОЕКТ ОД ЕВРОПСКА УНИЈА ЗА ОПШТИНА БУТЕЛ❗️
Денес во Приштина градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски присуствуваше на завршната церемонија од доделувањето на грантовите за општините преку IPA III Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија.
На завршиот настан просуствуваа Министерот за локална самоуправа на Република Македонија, Златко Перински, министерот за локална самоуправа на Косово, како и колегите градоначалници.
Проектот „Заеднички напори за намалување на отпадот и подобрување на одржливоста - REDUCE“ е финансиран од Европската Унија преку IPA III Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија 2021-2027.
Проектот „REDUCE“ има за цел да придонесе кон почиста и поодржлива животна средина преку подобрување на системите за собирање, селекција и рециклирање на отпад.
Активностите во најголема мера се насочени кон надминување на заедничките предизвици со кои се соочуваат и двете општини во Косово и Македонија.
Воедно, проектот ќе помогне општината да ги унапреди своите практики согласно европските стандарди за заштита на животната средина.
Добивката од проектот REDUCE е почиста и поздрава животна средина, современо управување со отпад и поголема еколошка свест кај граѓаните. Со помош и поддршка од Европската Унија создаваме конкретни и долгорочни решенија кои во голема мера ќе го подобрат квалитетот на живот на жителите во двете општини.
22/05/2026
7️⃣0️⃣ ГОДИНИ ООУ “ПАНАЈОТ ГИНОВСКИ“ ❗️
🏫 Едно училиште безброј приказни - 7️⃣0️⃣ години подоцна нашето општинското училиште Панајот Гиновски го развиваме во модерно и успешно училиште.
Ова е уште едно општинско училиште кои има дадено многу квалитетни ученици кои се вградиле во нашето општество.
Честитки до директорката, наставниот персонал и пред се учениците за одличниот патронат.
Наскоро ова општинско основно училиште ќе добие нова училишта спортска сала и доградба со што ќе стане едносменско училиште.
Продолжуваме континуирано со инвестирање и развивање на образованието во општина Бутел.
#ОпштинаБутел✅
20/05/2026
✅ Се гледа крајот на првиот нов модерен мост во Радишани!
Денес, градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски заедно со градежни инженери и архитекти, извршија увид во работите на првиот мост во Радишани. После повеќе децении, Радишани конечно добива нов модерен мост со две коловозни ленти!
Не беше едноставно да се надминат сите предизвици и да се завршат сите процедури овој проект да стане реалност. Свесни сме дека во овој период има отежнато движење на возилата, но за кратко време граѓаните ќе добијат современ и безбеден мост, каков што Радишани заслужува.
Проектот е во вредност од 12 милиони денари, средства обезбедени од Владата на Република Македонија. Благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за поддршката.
❗️Вториот мост во Радишани, кај „Морски“, наскоро започнува со силна динамика. Во тек е подготовка на третото проектно решение, за кое сме убедени дека ќе биде најсоодветно за граѓаните.
#ОпштинаБутел✅
20/05/2026
🎓 ОЛИМПИЈАДА НА БУТЕЛСКИ СЕЗНАЈКОВЦИ❗️
Денес во организација на Општина Бутел се организираше Олимпијада на Бутелски Сезнајковци на кои учествуваа најдобрите ученици од 8 општински училишта.
Низ вкупно 4 игри, квиз на знаење, асоцијации, буква по буква и игра на спретност, многу забава и дружење беа избрани најдобрите од најдобрите ученици кои ги претставуваа своите основни училишта.
🥇Ацо Шопов
🥈Гоце Делчев
🥉Живко Брајковски
Честитки за сите учесници на овој квиз.
🎁 Благодарност и до општествено одговорните компании кои ги наградија сите денешни учесници.
Општина Бутел континуирано вложува во унапредување на образовниот процес.
Инвестирањето во квалитетно образование е влог во иднината. ✅