10/05/2026
🔵 Денес се одржа конститутивната седница на новоизбраниот Републички одбор на Партијата на Власите од Македонија, при што официјално започна новиот мандатен период на еден од најзначајните партиски органи.
⚪️ На седницата беа верификувани мандатите на членовите на Републичкиот одбор, а во конструктивна и работна атмосфера се отворија и прашања поврзани со идните активности, организациското унапредување и понатамошното политичко делување на партијата.
🟡Во рамки на седницата беше извршен и избор на нов Генерален секретар на Партијата Kosta Gjorgjiev, кој во наредниот период ќе биде задолжен за координација на партиските активности, институционалната комуникација и организациското функционирање на партијата.
🔵Дополнително, Републичкиот одбор изгласа избор на нова партиска функција – Организационен секретар Sterjov Stefan, со цел понатамошно зајакнување на теренската организација, внатрешната координација и оперативната ефикасност на партијата.
04/05/2026
На денешен ден пред 123 години почина Ѓорѓи Николов Делчев или по познат како Гоце Делчев.
Апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење.
Македонскиот и балканскиот Гарибалди, којшто не себично се бореше за мир, просперитет и разбирање помеѓу тогаш- сите народи и народности во автономна, независна Македонија и Одринско.
Најголемиот македонски државник на сите времиња.
Вечна му слава! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Сликата е сопственост на Национална Галерија - National Gallery - Galeria Nacionale
01/05/2026
1 Мај – Меѓународниот ден на трудот
Партијата на Власите од Македонија им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот на сите работници и граѓани кои со својот труд, знаење и посветеност ја градат иднината на нашата држава.
Трудот е достоинство, вредност и основа на секое праведно општество. Силна држава се гради со мотивирани работници, фер услови за работа и институции кои го штитат човекот што создава.
Среќен 1 Мај – Ден на трудот!
28/04/2026
🏛️„ВЛАШКА КУЌА“ ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ
Денес, претседателот на ПВМ, Стерјо Папули, одржа клучна средба со Градоначалникот на Град Скопје и Претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. Главниот акцент на разговорот беше ставен на иницијативата за формирање на „Влашка куќа“ во рамките на КИЦ – Скопје.
📍 „Влашка куќа“ – Институционален дом за нашиот идентитет.
Оваа иницијатива, за која претседателот Папули веќе разговараше и со Министерот за транспорт и врски Николовски, има за цел создавање постојан простор во центарот на Скопје каде што влашката култура, јазик и уметност ќе бидат соодветно презентирани. „Влашката куќа“ треба да биде центар за средби, едукација на младите и негување на влашкиот дух, со поддршка од Градот и надлежните институции.
На средбата беа истакнати и следните клучни точки:
📜 Историскиот придонес на Власите во Скопје: На градоначалникот Ѓорѓиевски му беше детално презентирана историската територија на некогашното Влашко маало, кое го опфаќало денешниот најстрог центар на градот – од хотелот „Бристол“ по улица Македонија преку црквата „Св. Константин и Елена“ па се до брегот на Вардар, црквата Богородица како и Градскиот Трговски Центар и Собранието. Беше потенцирана улогата на големите влашки фамилии, како фамилијата Икономови (сопственици на ф-ката „Европа“), чии градби и денес се архитектонски бисери на Скопје.
🎭 Културна и логстичка поддршка: Се разговараше за можностите Градот финансиски да поддржи концерти, театарски претстави и фолклорни настапи во институции како МКЦ, како и тематски изложби во Музејот на град Скопје.
📚 Јазик и публикации: Поддршка за издавање на двојазични публикации и детски списанија, како и курсеви по влашки јазик за младите.
🤝 Комисија за односи меѓу заедниците: Поттикнување на работата на оваа Комисија во рамките на Советот на Град Скопје, каде претставниците на Власите директно ќе предлагаат проекти од интерес на заедницата.
„Влашката куќа“ како Културно Информативен Центар ќе биде симболот на нашето опстојување во Скопје и признание за сè што Власите вложиле во овој град низ вековите.
Изразуваме благодарност до градоначалникот Ѓорѓиевски за конструктивната средба и стратешкиот дијалог. Продолжуваме со конкретни чекори до реализација! 🇲🇰
25/04/2026
VI Конгрес на ПВМ – 18.04.2026
18/04/2026
Денес во Дом на култура „Билјана Беличанец“ го одржавме VI Конгрес на Партија на Власите од Македонија.
Со довербата на делегатите, за нов претседател беше избран Стерјо Папули, кој ја претстави програмата за институционално јакнење на партијата, унапредување на правата на Власите и поактивно учество во политичките процеси.
🎶 Ја промовиравме и нашата нова партиска химна – симбол на заедништво, традиција и идентитет.
🎖️ По повод 25 години постоење, им оддадовме признание на ветераните и долгогодишните активисти.
Продолжуваме обединети, модерни и посилни во нашето политичко делување.
——.——.———.———.———.
📍 Azã, la Tsentrul Cultural Biljana Belitchanets, ndreapsim al VI-lea Congres a Partia a Armãnjilor ditu Machidunii.
👥 Cu pistea ditu partea a delegatslor, fu aleptu nãulu prezidentu, Sterjo Papuli, cari pãrãstisi programlu ti consolidarea institutsionalã ali partiiljei, promovarea a ndrepturloru a Armanjlor shi unã partitsipari cama activã la protsesili polititsi.
🎶 Tutunãoarã, adzã lu promovãm shi nãulu imnu ali Partiiljei a noastra - un semnu a unitatiljei, traditsiiljei shi identitatiljei.
🙏 Cu ispetea cã s-umplurã 25 di anji di existentsã, lã adusim tinjii a veteranilor shi a activishtilor di lungu chiro.
🤝 Nidzemu ninti units, moderni shi cama sãnatoshi tu activitãtslji anoastri polititsi.
16/04/2026
Денес со особена почит и благодарност се потсетуваме на роденденот на Мите Костов Папули — нашиот основач и прв претседател на Партијата на Власите од Македонија.
Неговата визија, посветеност и храброст поставија темели врз кои и денес ја градиме нашата заедница. Со љубов кон својот народ и силна верба во иднината, тој остави траен белег во борбата за зачувување на идентитетот, културата и правата на Власите.
Нека неговото дело биде наш водич, а неговиот пример – поттик да продолжиме со уште поголема решителност и единство.
Вечна му слава и благодарност! 🤍
16.04.1959♾️
———•———•———•———•———•———•———
Azã, cu ahorghea respectu shi pricunushteari, nã adutsemu aminti dzuua di amintari al Mite Kostov Papuli - fundatorlu shi protlu a nostru prezidentu ali Partia a Armãnjilor ditu Machedonii.
Vizia shi lucurlu a lui bãgarã thimelji pi cari u adrãm comunitatea di azã. Cu vrearea ti populu a lui shi unã pistusini vãrtoasã ti yinitor, alãsã unã zghljioatã tu alumta shi ti avigljarea a identitatiljei culturãljei shi andrepturilor a Armãnjilor.
Lucurlu a lui s-nã hibã una videalã, a exemplul a lui - un stimulentu ta s-dutsen ninti cu ma multã determinari shi unitati ti lucurlu Armãnescu.
Doxa a-lui, ti eta etilor! 16.04.1959-♾️