Како член на собраниската комисија за избор на новиот состав на ДКСК, дадов поддршка за изборот на Татјана Димитровска, верувајќи во нејзината стручност и интегритет.
Денес, кога против неа е покрената постапка за предавање службени тајни и компјутерски фалсификат, а има и изречена мерка за забрана на вршење функција, со жалење констатирам дека нејзиното останување на функцијата ѝ нанесува сериозна штета на ДКСК и на борбата против корупцијата.
Ја повикувам Татјана Димитровска да поднесе оставка – самостојно, достоинствено и одговорно.
Таа должи отчет пред јавноста и пред институцијата која ја претставува. Останувањето на функцијата во вакви околности е неприфатливо.
Jovan Andonovski Јован Андоновски
Human Rights defender, dedicated to Rule of Law, good governance, fight against corruption and organized crime
Experienced lawyer with a demonstrated history of working in the government administration industry with strong understanding of law, experienced in change & reform processes. PhD in Law, specialized in roman and private law; law practice in human rights, legislative drafting and EU law. HR professional with over than 10 years experience in human capital management. Excellent analytical, communica
🔵 Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!
Во изминатиот период се појавија размислувања (во медиуми и јавни дискусии) за воведување на некаков вид на „данок за неженети лица“ – мерка која би ги „стимулирала“ браковите и наталитетот. На прв поглед, можеби некои ја гледаат како интересен предлог. Но да погледнеме малку подлабоко:
оваа идеја е сѐ освен демократска!
🔹 Од каде потекнува ваквата идеја?
Историски, вакви даноци постоеле во СССР и во Романија за време на Чаушеску – авторитарни режими кои сакале со присила да го зголемат наталитетот. Тие држави не воделе грижа за слободата на избор, за правата на поединецот, ниту за еднаквоста пред законот. Граѓаните биле „инструмент“ во државниот проект, а не слободни личности.
🔹 Што е проблематично со ваквиот пристап денес?
Да се казнува некој со повисоки даноци затоа што не се оженил/омажил значи:
• мешање во приватниот живот на поединецот,
• дискриминација врз основа на брачен статус,
• игнорирање на социјалните, здравствени или лични причини поради кои некој не е во брак,
• исклучување на лица со различни животни стилови и ориентации, особено во држави каде што не се дозволени сите форми на брак.
🔹 Демократијата не се гради со принуда, туку со поддршка
Ако сакаме повеќе млади семејства и деца, тогаш државата треба:
✅ да обезбеди стабилна економија,
✅ достапна грижа за деца,
✅ олеснување за младите семејства,
✅ поддршка за родителите на пазарот на труд,
✅ достапно здравство и станбени решенија.
🔹 Слободата да се избере дали и кога ќе се влезе во брак е основно човеково право.
Никој не смее да биде казнет затоа што избрал различен пат во животот. Даночната политика не смее да се претвори во алатка за социјален притисок.
⛔ Наместо назад кон авторитарните политики, ајде да гледаме напред – кон општество во кое секој граѓанин е еднаков, слободен и поддржан, без оглед на неговиот брачен статус.
22/05/2025
Предизвик за сите кои сакаат да научат за "Усогласеност со прописи"
Повеќе информации на линкот👇
#Усогласеностсопрописи
#УТМС
Губењето на 63 млади животи во Македонија е еквивалентно на губење на:
• 11,390 луѓе во САД,
• 2,856 во Германија,
• 2,278 во Обединетото Кралство — сите во еден ден.
Замислете сега каква трагедија ни се случи.
Државата и институциите мораат да го расчистат целосно случајот #Кочани и да ги уверат граѓаните дека државата има имунитет за во иднина да не се повторат вакви ужаси.
24/04/2025
Ако е ова точно, тогаш очекувам г-а Димитровска да си поднесе веднаш оставка.
20/04/2025
Христос Воскресе!
После дискотеките, почнете и со проверка на зградите за колективно домување.
Хидранти има или нема, црева за гасење пожар, излез за евакуација, светлосна сигнализација во случај на непогода, доградби и дивоградби на заеднички простории, вклучително и на надворешни (резервни) скали, скривници запуштени со децении.
Како може во згради да има кафетерии, ресторани, игротеки за деца и што ли уште не во импровизирани простории?
Проверете ги и училиштата и градинките. Дали имаат противпожарни апарати и хидранти, дали се во исправна состојба, дали воопшто некој знае да ракува со нив.
Дејствувајте пред да биде доцна.
Корупцијата ни ја уништи денешницата и украде иднината.
Сочувство до семејствата на несреќно загинатите.
Почитувани пријатели,
Додека го завршувам мојот мандат како заменик Народен правобранител, сакам од срце да ви се заблагодарам на сите вас за вашата несебична поддршка во текот на оваа епизода. Вашата поддршка беше извор на сила, која ме мотивираше да работам неуморно за правда и заштита на човековите права.
Горд сум што успеав успешно да завршам илјадници случаи, застанувајќи во одбрана на поединци и семејства. Сепак, со тешко срце признавам дека имаше случаи каде не успеав да помогнам онолку колку што посакував. За секој од нив, знајте дека не бевте заборавени и дека вашите искуства само ја продлабочија мојата решеност да ја продолжам оваа работа.
Иако мојата улога тука завршува, мојата посветеност кон човековите права, владеењето на правото и доброто управување останува непоколеблива. Заедно, продолжуваме да се бориме за подобро и поправедно општество.
Ви благодарам уште еднаш за вашата доверба и поддршка.
Со почит,
Јован Андоновски
Честит ден на независноста Татковино🇲🇰
Честит Илинден Македонијо 🇲🇰
Албанска академија на науките и уметностите - не со моите пари
Давањето етнички признак на науката и уметноста е една од најголемите глупости кои сум ги слушнал. Науката не познава вера, нација, раса или пол. Или си научник/уметник и имаш докажани резултати или не си.
Во држава во која едвај се врзува крај со крај, пари за "порно национализам" нема. Но, замислете, немало во прво време да се финансира со пари од државниот буџет, туку од општините! Кои општини? Па тоа се македонски општини. Читај не од десен, туку од лев џеб ќе се вадат парите. Во општини во кои нема пари за базични работи кои се поврзани со квалитетот на живот, ќе се троши на нешто што не носи никаков бенефит за граѓаните. Мизерно.
Да сум на место на премиерот, би им се заблагодарил на "Вреди" и би ги пратил во историјата. Нека се преиспитаат во ВМРО ДПМНЕ дали навистина вреди!
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Website
Address
Ulica Makedonija Br. 12
Skopje
1000
