Комисија за спречување и заштита од дискриминација

Комисија за спречување и заштита од дискриминација

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Комисија за спречување и заштита од дискриминација, Public Service, Улица Даме Груев бр. 1, Skopje.

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу КСЗД и ЗЕЛС - KSZD 12/06/2026

КСЗД и ЗЕЛС денес потпишаа Меморандум за соработка за заеднички активности насочени кон унапредување на еднаквоста, спречување и заштита од дискриминација и почитување на човековите права на локално ниво. 🤝
Соработката ќе придонесе за зајакнување на капацитетите на општините, поддршка на локалните механизми за еднакви можности, подигнување на јавната свест и обезбедување еднаков пристап до локалните услуги за сите граѓани.

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу КСЗД и ЗЕЛС - KSZD Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија – ЗЕЛС потпишаа Меморанду...

МЛАДИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОДБИЕНИ ЗА ПОМОШ ЗА ПРАКТИКАНТСТВО ОТИ ДРЖАВАТА НЕ ИМ ГИ ПРИЗНАВА ДРЖАВНИТЕ ДИПЛОМИ ЗА ЗАВРШЕНО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИ 01/06/2026

🔴Млади со попреченост одбиени за помош за практиканство, зошто државата не им ги признава државните дипломи за завршено средно образование.
Комисијата утврди дискриминација!

МЛАДИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОДБИЕНИ ЗА ПОМОШ ЗА ПРАКТИКАНТСТВО ОТИ ДРЖАВАТА НЕ ИМ ГИ ПРИЗНАВА ДРЖАВНИТЕ ДИПЛОМИ ЗА ЗАВРШЕНО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИ Девојка со пречки во развојот која што завршила средно специјализирано училиште, била одбиена да аплицира за мерката Практикантство, финансирана од […]

Втора година од имплементацијата на проектот „VIOLET“: Зајакнување на борбата против сексуалното вознемирување на работното место - KSZD 27/05/2026

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација учествуваше на третиот состанок на Управниот одбор на проектот „VIOLET - Towards Workplaces Without Sexual Harassment and Violence“, кој се одржа во Вилнус, Литванија.
Проектот влезе во својата втора година на имплементација, а на состанокот беа разгледани досегашните активности, развиената истражувачка алатка за анализа на распространетоста на сексуалното вознемирување на работното место, како и претстојните емпириски и правни анализи.
Во рамки на Проектот се подготвува и прирачник за работодавачи, со цел создавање достоинствена, безбедна и инклузивна работна средина за сите.
Проектот „VIOLET“ е кофинансиран од Европска Унија.

Втора година од имплементацијата на проектот „VIOLET“: Зајакнување на борбата против сексуалното вознемирување на работното место - KSZD Проектот „ВИОЛЕТ – Кон работни места без сексуално вознемирување и насилство“ (VIOLET – Towards Workplaces Without Sexual Harassment and Violence), во кој Комисијата за спречување и заштита о....

Топ Тема - Дали најранливите се најнезаштитени? 26/05/2026

❗️Стотици граѓани годишно бараат заштита од дискриминација. Бројот на претставките расте а најмногу случаи на утврдена дискриминација има во јавниот сектор.
Колку граѓаните се еднакви пред институциите, на работното место, во образованието и во јавниот живот?
Случаите за дискриминација поврзана со бременост, раѓање и мајчинство во работните односи го вклучија црвенто светло.
За состојбата со дискриминацијата и за работата на Kомисијата во Топ Тема дебата со Душан Томшиќ , претседател на КСЗД и Атанас Аврамов од Мрежата за заштита од дискриминација.

Топ Тема - Дали најранливите се најнезаштитени? Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Студентите од Европски универзитет – Скопје испратија силна порака против дискриминацијата - Вечер ...1963 | Vecer MK 21/05/2026

❗️Студентите против дискриминација!

Студентите од Европски универзитет – Скопје испратија силна порака против дискриминацијата - Вечер ...1963 | Vecer MK „Факултетот за арт и дизајн континуирано работи на теми поврзани со општествената одговорност. Тоа е нешто што е многу важно за нас, и дури и двапати ја имаме добие....

Photos from OSTEN's post 20/05/2026

Претседателот на КСЗД, Душан Томшиќ, во Галеријата ОСТЕН ја отвори изложбата „Студентите против дискриминација“.
25 студенти од Факултетот за арт и дизајн при ЕВРОПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ, преку својата креативност испраќаат силни пораки за промоција на еднаквоста, недискриминацијата и ненасилството.
Претставени се дела создадени во рамки на конкурсот за студентски постери со цел, подигнување на јавната свест против дискриминација и за еднаквост преку уметност и дизајн.
Изложени се 25 постери, од кои секој претставува уникатен и креативен одговор на темите човекови права, еднаквост и ненасилство.
Изложбата ќе биде отворена до 3 јуни 2026 г.
EU Support for Rule of Law

19/05/2026

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, вечерва 19 мај (19:00 ч.), во галеријата „Остен“ ќе ја отвори изложбата „Студентите против дискриминација“, на која ќе бидат претставени постери посветени на промоцијата на еднаквоста, недискриминацијата и ненасилството, изработени од студенти на Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет – Скопје.
На изложбата ќе бидат претставени дела создадени во рамките на конкурсот за студентски постери, реализиран како дел од соработката меѓу КСЗД и Европски универзитет – Скопје, со цел подигнување на јавната свест за еднаквоста и недискриминацијата преку уметноста и дизајнот.
Изложени се 25 постери, од кои секој претставува уникатен и креативен одговор на темите човекови права, еднаквост и ненасилство.
Иложбата ќе биде отворена за јавноста во галеријата „Остен“ до 3 јуни.
EU Support for Rule of Law
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

Photos from Mali dom, Centar za pružanje usluga u zajednici's post 18/05/2026

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација учествуваше на студиска посета во Загреб, Хрватска, организирана со поддршка на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.
Во рамки на посетата, претставници на КСЗД, заедно со експерти за правата на децата и претставници на Канцеларијата на Народниот правобранител од Северна Македонија, имаа можност да се запознаат со хрватските практики и модели за заштита и унапредување на правата на децата и лицата со попреченост, со посебен фокус на раната интервенција, инклузивните услуги, вонинституционалната грижа и пристапот до услуги без дискриминација.
Во текот на посетата беа реализирани средби со Народната правобранителка на Република Хрватска, Народниот правобранител за лица со попреченост, Народната правобранителка за деца, како и со претставници од Канцеларијата за социјална заштита, здравство, ветерани и лица со инвалидитет на Град Загреб.
Делегацијата ги посети и Дневниот центар за нега и рехабилитација на деца и младинци „Мали Дом“, препознаен како пример за добра пракса во развојот на инклузивни и интердисциплинарни услуги за деца и нивните семејства, како и организацијата „Храбри телефон“, која обезбедува поддршка за деца и родители во ситуации на насилство, занемарување и други ризици.
Студиската посета овозможи размена на искуства и добри практики со релевантни институции и организации од Хрватска, како и унапредување на регионалната соработка во насока на обезбедување еднаков пристап до услуги и поефикасна заштита на правата на децата и лицата со попреченост.
EU Support for Rule of Law

Лицата со атипичен развој недоволно видливи за државата - telma.com.mk 11/05/2026

Лицата со атипичен развој недоволно видливи за државата!

Лицата со атипичен развој недоволно видливи за државата - telma.com.mk Дени е 20-годишна девојка, една од многуте лица во Македонија, со атипичен развој. На денешниот настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој, таа и....

Want your business to be the top-listed Government Service in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Address


Улица Даме Груев бр. 1
Skopje
1000