Државен архив на Република Северна Македонија

Државен архив на Република Северна Македонија

Share

Официјална страна на Државниот архив на С. Македонија

12/06/2026

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Државен архив и Државното средно стручно училиште "Коле Неделковски" - Велес

Архивот како културна ризница достапна и привлечна за учениците од Државното средно стручно училиште "Коле Неделковски", Велес.
Со потпишаниот Меморандум за соработка, Архивот се вклучува интензивно во реализирањето на образовните активности на училиштето и учениците од смерот Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.

Гостување во „Македонија наутро“ на МТВ - Меѓународен ден на архивите 11/06/2026

Нашиот колега Митко Сланинкоски гостуваше во утринската емисија „Македонија наутро“ на МТВ, каде зборуваше по повод Меѓународниот ден на архивите.

Во разговорот беше истакната улогата и значењето на Државниот архив, богатството на документите што ги поседува, како и идните планови и визија за развојот и насоката во која треба да се движи институцијата.

Одличен разговор за архивите како чувари на културната меморија и двигатели на иднината.

Гостување во „Македонија наутро“ на МТВ - Меѓународен ден на архивите Нашиот колега Митко Сланинкоски гостуваше во утринската емисија „Ма...

Photos from Државен архив на Република Северна Македонија's post 11/06/2026

Одбележувањето на Меѓународната недела на архивите продолжува, вчера во Куманово, во НУЦК „Трајко Прокопиев“ беше промовирано јубилејното издание, Монографијата „Државниот архив – столб на македонското битие“ од доц. д-р Бранислав Светозаревиќ, м-р Ирфете Ибраими и м-р Марина Ѓоргиевска.

Промоцијата беше проследена со отворање на изложба посветена на јубилејот на Државниот архив, која преку архивски документи и фотографии сведочи за развојот на институцијата и нејзината улога во зачувувањето на македонското архивско наследство.

Photos from Kulturno informativni centar Republike Sjeverne Makedonije u Zagrebu's post 10/06/2026
„Ја сакам Македонија“ – Меѓународен ден на архивите 10/06/2026

Во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител телевизија, нашите колеги доц. д-р Бранислав Светозаревиќ и д-р Марјан Гијовски зборуваат за значењето на 9 јуни - Меѓународниот ден на архивите.

Тие ја истакнуваат важноста на архивската меѓународна соработка, изложбите и промоцијата на книги, активности што го збогатуваат културното наследство и ја зајакнуваат улогата на архивите како чувари на колективната меморијата.

Целото видео можете да го погледнете овде: 👇

„Ја сакам Македонија“ – Меѓународен ден на архивите Во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител телевизија, нашите коле...

Photos from Државен архив - Одделение Битола's post 10/06/2026

По повод Меѓународната Архивска недела, Државниот архив – Одделение Битола пречека посетители од Чиле.
Гостите престојуваа туристички во Битола, а интересот за своето потекло ги доведе во Архивот.
При посетата беа запознаени со можностите за генеалошки и архивски истражувања, како и со начинот на заштита и чување на архивските фондови и збирки.

Photos from Државен архив на Република Северна Македонија's post 09/06/2026

Во рамки на одбележувањето на Архивската недела 2026, која годинава се одржува од 8 до 12 јуни под мотото „Архивите за правда: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“, денес во НУ „Музеј на тетовскиот крај“ беше промовирана книгата „Османлиски документи за историјата на Македонија – попис на христијанското население од Скопски санџак, Тетовска каза, 1838/1839 година“ од доц. д-р Аднан Шериф.

За изданието говореа промоторите доц. д-р Бранислав Светозаревиќ и доц. д-р Армен Жарноски, кои ја истакнаа неговата значајна научна и историска вредност за проучувањето на минатото на Македонија.

По промоцијата беше отворена и изложбата „Документи и фотографии за Македонија од времето на османлискиот период“, реализирана како заеднички проект на Државниот архив и Генералната дирекција на државните архиви при Претседателството на Република Турција.

🔗https://tinyurl.com/arhiv090626

08/06/2026

Архивско богатство од Охридските води

Државниот архив-Подрачно одделение Охрид чува единствен архивски документ од ваков вид во нашата земја-Картотеката на охридски рибари од фондот „Рибарски референт“.

Станува збор за регистар на лиценцирани рибари во Охридското Езеро, кој опфаќа период од 1934 до 1941 година. Во оригиналниот документ се евидентирани вкупно 480 рибари кои во тој период добиле дозвола за вршење риболовна дејност.

Картотеката претставува драгоцен историски извор за проучување на рибарството, стопанскиот живот и секојдневието во охридскиот регион во првата половина на XX век.
Преку овие архивски записи се зачувани значајни податоци за луѓето чии животи и егзистенција биле нераскинливо поврзани со Охридското Езеро.

08/06/2026

Државниот архив ја одбележува Архивската недела под слоганот „Архивите за правда: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“.

Меѓународниот ден на архивите – 9 Јуни, се одбележува секоја година во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО.

Годинава, Архивската недела се одржува од 8 до 12 јуни и го нагласува значењето на архивите како активни чинители во зачувувањето на колективната меморија, заштитата на правата и градењето на иднината.

Овогодинешното мото ја истакнува потребата архивите да бидат отворени, достапни и поврзани со заедницата, покажувајќи дека тие не се само чувари на минатото, туку и важен фактор во развојот на современото општество.

По повод Архивската недела, Државниот архив организира повеќе настани посветени на промоцијата на архивското наследство.

На 9 јуни во 12 часот во НУ Музеј на тетовскиот крај - Тетово, ќе се одржат промоција на книга и изложба посветени на османлискиот период во Македонија и
на 10 јуни во 12 часот во НУЦК Трајко Прокопиев - Куманово, ќе биде промовирано јубилејното издание „Државниот архив – столб на македонското битие“, проследено со изложба по повод јубилејот на Државниот архив.

Want your business to be the top-listed Government Service in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


кеј Димитар Влахов бр. 19
Skopje

Opening Hours

Monday 07:30 - 17:00
Tuesday 07:30 - 17:00
Wednesday 07:30 - 17:00
Thursday 07:30 - 17:00
Friday 07:30 - 16:30