Комисија за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје

Комисија за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Комисија за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје, Public & Government Service, Булевар Илинден број 82, Skopje.

22/02/2024

Почитувани жители на град Скопје ,доколку сметате дека ви е нарушено правото како пациент ,а сте жител на општина која ги опфаќа Град Скопје ,можете да поднесете претставка на мејл [email protected] , можете да не побарате на телефонскиот број 02 3 297 278 канцеларијата на Комисијата или во писмена форма доставено во архивата на Град Скопје со назнака До Комисија за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје.

Photos from Комисија за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје's post 22/02/2024

22 седница на Комисија за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје

Photos from Комисија за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје's post 22/12/2023
28/03/2023

Согласно Законот за заштита на правата на пациентите Градот Скопје формира постојана Комисија за унапредување на правата на пациентите, во согласност со прописите од областа на локалната самоуправа.

Надлежности на Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје се:
1) следење и проценка на состојбата со заштитата на правата на пациентите;
2) предлагање мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи: јавни и приватни здравствени установи, инспекторати, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Фондот за здравствено осигурување и други домашни и меѓународни организации,
3) соработка со надлежните органи и другите формирани комисии за унапредување на правата на пациентите;
4) соработка со Советот на Град Скопје и медиумите
5) разгледување поплаки од пациенти и предлагање на мерки до надлежните органи;
6) обезбедување на стручна експертиза ако оцени дека е тоа неопходно за утврдување на состојбатa;
7) водење евиденција за поединечни поплаки на пациентите, како и на мерките преземени за заштита на правата на пациентите;
8 ) подготвка на Годишен План на активности и Буџет на Комисијата;
9) поднесување годишен извештај за заштита на правата на пациентите пред Советот на Град Скопје;
10) издавање информации, промотивен и друг материјал со цел за унапредување на правата на пациентите
11) заштита од дискриминација и
12) други работи пропишани со Законот за заштита на правата на пациентите.

Photos from Комисија за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје's post 17/02/2023

Oдржана седница на Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје

Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје денеска одржа прес-конференција на која ја информираа јавноста дека своите проблеми во остварувањето на здравствената заштита може да ги пријавуваат во Комисијата која е повторно формирана и функционална за граѓаните.

По престатвувањето пред медиумите, Комисијата одржа редовен состанок со кој раководеше претседателот д-р. Никола Пановски, а беа присутни и членовите Ромир Јашаревиќ, Катерина Јовановска, Весна Дамеска, Петар Атанасовски, Анета Георгиевска, Душко Ѓорѓиев, Весна Марковска и Бранкица Дуковски.

На состанокот се дискутираше за теми од надлежност на Комисијата, а беше заклучено дека секој пациент кој смета дека му е прекршено одредено право, може да се обрати кај Комисијата. Исто така, Комисијата ги охрабрува граѓаните да поднесуваат претставки со цел решавање на нивните проблеми.

Want your business to be the top-listed Government Service in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address


Булевар Илинден број 82
Skopje
1000