30/05/2026
Предолго време Македонија трпи понижувања и отстапки од националниот идентитет, прифатени од неспособни и корумпирани политичари, а кои се преставуваат како "дипломатски победи".
Аргументите се на наша страна.
Доста се отстапки.
Време е за достоинство и предвидливост.
Да живее Република Македонија. 🇲🇰
22/05/2026
Почитувани,
Со огромна тага и неверување денес нè напушти нашиот пријател и сопартиец, Божин Давидовски.
Божин беше човек кој својот живот го посвети на идеалите на ВМРО и љубовта кон Македонија.
Дел од основачите на ВМРО - ДПМНЕ, активен член до ден денес, како и актуелен член во Советот на општина Ѓорче Петров.
Секогаш во нашите сеќавања ќе остане како чесен, искрен и човек кој помагаше на секого.
Денес загубивме вистински пријател.
Почивај во мир!
20/05/2026
СДСМ, ДУИ и Венко Филипче нема да успеат да го држат Собранието и државата во заложништво.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата официјално поднесе писмо до претседателот на Собранието Африм Гаши и претседателката на Комисијата за итно свикување на Комисијата за финансирање и буџет, потпишано од 12 пратеници — значително повеќе од потребниот број согласно Деловникот.
Во прашање се средства за плати, капитални инвестиции, инфраструктурни проекти и обврски кон граѓаните. Наместо блокади и изговори, потребна е работа и одговорност.
Ако СДСМ продолжи со опструкции, ќе ги искористиме сите деловнички механизми за деблокада на процесот. 🇲🇰