14/10/2021
Борче не руши. Борче создава и тоа е докажано на дело низ целата општина. Тука сум вечерва да ви ветам, дека Борче ја има целата моја поддршка, ја има поддршката од централно ниво да го направи најдоброто за цела Гази Баба, а мојот збор е збор. Борче зад тебе сме, затоа продолжи храбро, боречки за Гази Баба. Драги мои сограѓани од Гази Баба, вие победата во Гази Баба ја заслужувате најповеќе од било кој граѓанин на било која општина во Македонија.
Заев: Борче не руши, Борче создава - затоа Гази Баба продолжува да победува
Заев: Борче не руши, Борче создава - Затоа Гази Баба продолжува да победува
13/10/2021
Не смееме да дозволиме дилер на дрога да се грижи за иднината на нашите деца.
Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Гази Баба бил во затвор за дилање на дрога
Завршил зад решетки за продажба на дрога, а сега е кандидат за градоначалник на општина Гази Баба. Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден од низата кандидати на ....
04/03/2020
По вчерашните манипулации од страна на претседателот на Советот на Гази Баба Тони Бојковски дека на Брњарски мост во Стајковци наводно сè прави депонија, реалноста е сосема различна. Претходните денови се работеше на одстранување на децениската депонија а од денес се започнува со работа со која што депонијата комплетно се уредува и се претвора во мини парк. 🌳♻️
Рано изутринава работниците на ЈКП ,,Гази Баба 2007" продолжуваат со работа, односно рамнење на земјата, засадување на дрвја, а во наредниот период ќе продолжат со поставување на тампон, бекатон плочки и разеленување на просторот.