02/06/2026
Цветан Трипуновски: Средба со г-дин Олаф Шефер, заменик генерален директор на Дирекцијата за земјоделска трговија, прашања на ЕУ и меѓународна соработка при Германското федерално министерство за земјоделство, храна и регионален идентитет, германската амбасадорка Н.Е. Петра Дрекслер и г-дин Франк Милер, аташе за земјоделство во регионот при германската амбасада. Германија е еден од позначајните партнери во меѓународната трговија и пласманот на земјоделски производи и преработки.
Разговаравме за поддршката која ја добиваме на патот кон Европската Унија, како и за унапредување на билатералната соработка во областа на земјоделството.
Во текот на средбата дискутиравме и за размена на искуства, модернизација на секторот и зајакнувањето на капацитетите на институциите.
Остануваме посветени на градење партнерства и имплементација на европските стандарди во земјоделскиот сектор.
31/05/2026
„Македонско најдобро“ го освојува светскиот пазар!
Извозот на преработки од овошје и зеленчук во 2025 година надмина 102 милиони евра, бележиме двоен раст во последните 10 години, односно за 117% повисок од 2016 година.
Во текот на 2025 година македонските преработки од овошје и зеленчук се пласирани во 59 земји ширум светот, а извозот донесе над 40 милиони евра нето девизен прилив.
Продолжуваме со носење на политики и мерки за поддршка и раст на домашното производство.
Македонските производи се синоним за квалитет, во светот го заслужуваат своето место на меѓународниот пазар.
30/05/2026
🌍🔥 Може ли Западен Балкан да го скроти огнот?
Пожарите на ниво на предел во регионот можат да се избегнат. Со враќањето на традиционалната употреба на земјиштето, зајакнувањето на заедниците и посилна регионална соработка, превенцијата е остварлива..
👉 Откријте како мерките за ублажување можат да го заштитат биодиверзитетот и да ја обликуваат иднината: https://www.mzsv.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/novosti/mozeme-li-da-gi-ublazime-pozarite-na-nivo-na-predel-vo-zapaden-balkan
29/05/2026
Успешна македонска приказна – „Македонско Прасе“🇲🇰
Зад успешното сточарство стојат многу труд, посветеност и секојдневна грижа. Токму таква е приказната на Бојан Ѓоргиевски, основач на „Македонско Прасе“, кој преку својата работа покажува дека квалитетот започнува уште од самиот начин на одгледување.
Со јасна визија, континуирано вложување и љубов кон сточарството, „Македонско Прасе“ прераснува во препознатливо име кое придонесува за развојот на домашното земјоделство и сточарство.
Неговата приказна е пример дека кога знаењето, трудот и упорноста се спојуваат, резултатите не изостануваат.
Прочитајте ја неговата инспиративна приказна во блог секцијата на makedonskonajdobro.mk
🔗Прочитај повеќе: https://makedonskonajdobro.mk/blog/uspesna-makedonska-prikazna-bojan-gorgievski
#МакедонскоНајдобро #УспешнаМакедонскаПриказна #МакедонскоПрасе #МакедонскоСточарство #ПоддржиДомашно #КупувајМакедонско 🇲🇰
28/05/2026
🔥🌐 Пожарите на ниво на предел не ги почитуваат националните граници. Планинските масиви, шумите и екосистемите се протегаат низ повеќе земји од Западен Балкан, што значи дека пламенот лесно може да премине од една насока во друга. 🏔️🌲
💨 Во екстремни летни услови, дури и едно единствено палење може за кратко време да ги надмине капацитетите на 🚒 локалните противпожарни служби.
📢 Сè повеќе се препорачува регионална соработка преку заеднички системи за мониторинг, координирани противпожарни ресурси и заеднички превентивни стратегии.
🤝 Со заедничка работа, Западен Балкан може да изгради предели кои се побезбедни и поотпорни на пожари и овозможуваат заштита на биодиверзитетот🐾 и заедниците 🏡
22/05/2026
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Белград оствари работна средба со министерката за економија Адријана Месаровиќ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Драган Гламочиќ, на која разговараа за актуелните предизвици и можностите за развој на земјоделскиот сектор.
Во конструктивна атмосфера разговараа за унапредување на трговската размена на земјоделските производи и преработки.
https://www.mzsv.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/novosti/ministerot-tripunovski-na-rabotna-sredba-vo-belgrad
20/05/2026
🇲🇰 Успешна македонска приказна – Владо Орданов
Зад секој успех стојат труд, визија и истрајност. Приказните на македонските производители се доказ дека со посветеност и љубов кон тоа што го работат, се создаваат вредности што ја движат домашната економија напред.
Прочитајте ја инспиративната приказна на Владо Орданов и неговиот пат исполнет со работа, посветеност и развој во блог секцијата на makedonskonajdobro.mk
🔗 Прочитај повеќе: https://makedonskonajdobro.mk/blog/uspesna-makedonska-prikazna
#МакедонскоНајдобро #УспешнаМакедонскаПриказна #ВладоОрданов #КупувајДомашно #ПоддржиМакедонско #НашаТрадицијаНашаГордост