Почитувани,
Согласно мерките за превенција од ширењето на вирусот COVID-19 (Корона вирус), Канцеларијата за Млади на Општина Центар во периодот до 24.03.2020 ќе биде затворена.
Со Почит,
Канцеларија за Млади на Општина Центар
Канцеларија за Млади на Општина Центар
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Канцеларија за Млади на Општина Центар, Градски Ѕид, бУлица Св. Кирил и Методиј бр. 7/1 локал 18. (Позади Автомакедонија), Skopje.
05/03/2019
Одлична можност за младите!!!
Во рамките на проектот Regional Youth Compact for Europe, од 01 до 06 Април 2019 година во Даниловград, Црна Гора ќе се оддржи обука на тема „Европа и земјите од Западен Балкан“.
Пријавувањето е отворено за младите од Македонија кои би сакале да ги зголемат своите капацитети на предложените теми.
Повеќе детали ќе пронајдете на линкот во прилог
Applications are open for POLITEIA WESTERN BALKANS SUMMER SCHOOL! The Center for Democracy Foundation invites you to apply for the POLITEIA regional school for youth that will be held 1-6 April 2019 in Danilovgrad, Montenegro. The first POLITEIA school for civil society took place in 1997 during the large civic and student protests where youth gained knowledge of....
01/03/2019
13/08/2018
Среќен Меѓународен ден на младите!!!
24/07/2018
15/05/2018
Денес во Канцеларијата за млади на општина Центар се одржа регионален состанок помеѓу младите вклучени во проектот Балканска регионална платформа за младинско учество и дијалог. Состанокот се одржа во рамки на четвртиот Балкански младински форум организиран во Скопје од страна на АЛДА Скопје.
30/03/2018
30/03/2018
Во Канцеларијата за млади се одржа координативен состанок на
партнерските организации во рамки на проектот Europe at School(Европа на училиште)
координиран од страна на ЏЕФ Европа, каде што присуствуваа и претставниците на ЏЕФ
Македонија
26/03/2018
Центарот на заедницата на општина Центар во рамките на проектот “Социјализација на стари лица“ продолжува да го унапредува социјалниот живот на повозрасната категорија на граѓани на општина Центар во областа на дигиталната и информатичката технологија.
По трет пат во општина Центар е организирана работилница за трансфер на меѓу-генерациски знаења и вештини од дигиталните и информатичките технологии со повозрасните граѓани од Општината во просториите на Канцеларијата за Млади на Општина Центар.
На оваа работилница според потребата на групата, од ИТ инженер беа презентирани и практично применувани основите на работа со компјутери и интернет.
Целта на оваа активност е да ги унапредиме знаењата и вештините од дигиталните и информатичките технологии на повозрасната категорија на граѓани со што би се зголемила нивната вклученост и учество во активностите и локално ниво.
Проектот е поддржан од Европската Унија преку ИПА фондовите, Австрискиот Црвен крст и Австриската Агенција за развој преку Црвениот крст на Македонија и здружението Хуманост како партнери
26/03/2018
На 20 март во периодот од 17 до 21 часот во просториите на Канцеларијата за млади се одржа сеанса на групата за поддршка во организација на Асоцијација Мисла а во рамките на нивниот проект „Кампања за информирање на јавноста насочена кон овозможување достоинствен живот и социјална правда,финансиран од програмата Цивика Мобилитас.
Групата имаше 14 учесници и неа ја водеше д-р Ангелина Илиевска, Психијатар - психотерапевт.
07/02/2018
Во Канцеларија за млади на општина Центар, ЏЕФ Македонија организираше обуки за
членство кои имаат за цел развивање и градење на внатрешните капацитети на организација.
Овие обуки се дел од програмата на ЏЕФ Македонија за 2018 години која е подржана од
Фондацијата Отворено општество Македонија.
28/12/2017
"Macedonian Santa claus from Konyari wears rayban sunglases sells cheap jackets and you can pay with checks." Дали ова ви звучи познато?
Во Канцеларија за Млади на Општина Центар ја гледавме презентацијата на публикацијата „Мој град - меѓукултурен град“, направена за време на две младински работилници во Скопје и Кавадарци.Прочитајте ја на следниот линк: http://bit.ly/2pPycoi Balkan regional platform for youth participation and dialogue Младински Информативен Центар „ИНФО СЕГА“ Кавадарци
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Website
Address
Градски Ѕид, бУлица Св. Кирил и Методиј бр. 7/1 локал 18. (Позади Автомакедонија)
Skopje
1000
