05/06/2026
🎓На 1 јуни, 2026 год. имавме чест и задоволство свечено да ги доделиме дипломите на нашите дипломирани студенти. Овој ден беше исполнет со гордост, емоции и заслужено признание за нивниот вложен труд, посветеноста и истрајноста во текот на студирањето.
Честитки до сите дипломци и многу успеси на професионален и личен план!🎓
03/06/2026
На 29 мај, 2026 год. деканката на Педагошкиот факултет "Св. Климент Охридски"- Скопје, проф. д-р Билјана Камчевска и продеканката за финансии, проф. д-р Весна Хорватовиќ учествуваа на 2 Меѓународна научна конференција " Pedagogy- Yesterday, Today, Tomorrow" која се одржа на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад, Република Србија. Конференцијата беше извонредна можност за размена на искуства, идеи и научни согледувања во областа на образованието.
* Во рамките на посетата се реализираше и средба со деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Миливој Алановиќ, посветена на понатамошна соработка, размена на искуства и отварање нови можности за заеднички активности.
Благодарност до организаторите и сите учесници за инспиративната атмосфера и конструктивните дискусии.
11/05/2026
🎓 Склучување на Меморандум за соработка
Во свечена и пријателска атмосфера, Сојузот на просветни работници на Република Северна Македонија и Педагошкиот факултет официјално го склучија Меморандумот за соработка.
На настанот присуствуваа:
проф. д-р Билјана Камчевска, декан на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје,
заменик-претседателот на СПРМ Жаклина Ристовска,
секретарот на СПРМ Лилјана Крстевска.
Овој чин претставува значаен чекор кон зајакнување на партнерството меѓу наставниците и академската заедница. Со Меморандумот се отвораат нови можности за:
Заеднички проекти во областа на образованието и педагогијата.
Обучувања и семинари за наставници и студенти.
Размена на искуства и добри практики.
Поддршка на практична настава и професионален развој.
Присутните ја истакнаа важноста на оваа соработка за иднината на образованието, нагласувајќи дека заедничките активности ќе придонесат за подигнување на квалитетот на наставата и за поголема поддршка на младите генерации.
Со потпишувањето на Меморандумот, СПРМ и Педагошкиот факултет ја потврдија својата заложба за транспарентност, професионализам и заеднички развој.