08/10/2022
па па па
Драган Мицковиќ Латас, човечки подлец и новинарски молец
Во македонскиот речник навистина постојат зборови кои сликовито и совршено можат да опишат личност, карактер или некоја состојба. Подлец е...
25/05/2017
Псевдонимите биле важен елемент на конспиративната техника на Македонската револуционерна организација. Членовите на Македонската револуционерна организација, работејќи во тајност, во своите преписки ги користеле измислените имиња на личности, а, исто така, и на држави, градови, села и др. Личностите, како правило, добивале или конспиративни имиња или псевдоними-прекари (псевдоними според некоја особина, потеклото, занаетот итн.).Картотеката „Псевдоними на ВМРО“ содржи и дешифрирани псевдоними што досега уште не беа разоткриени.
11/05/2017
Едицијата „Драган Богдановски - Мојата борба за Македонија“ е издание на Државниот архив во кое е сублимирано творештвото, животот и борбата на Драган Богдановски. Тој како политички деец остави зад себе богат публицистички материјал како за историски, така и за актуелни теми од времето во кое делувал. Богдановски заедно со целиот арсенал на т.н „македонски екстремизам“ со години беа табу тема во македонската историографија
24/04/2017
Ова мошне значајно дело се состои од 840 страни и на едно место ги собира написите и статиите за Македонија од крајот на 19. век до создавањето на независна Република Македонија. Kако дел од четиритомната едиција „Македонија во странскиот печат“ oпфаќа весници од повеќе земји, од кои во овој том се претставени Австралија, Нов Зеланд, Австрија, Бугарија, Германија, Русија, САД, Србија, Франција и Хрватска
10/04/2017
Зборникот документи „Илинденските сведоштва“ том 1 и 2 од Ленина Жила, Јасмина Дамјановска и Филип Петровски вечер ќе биде промовиран во арт-кафе „Концепт 37“. Издавач на делото е Државниот архив на Република Македонија (ДАРМ).
Промоција на зборникот „Илинденски сведоштва“ том 1 и 2
„Илинденски сведоштва“ – тоа е условен наслов на комплекс документи од фондот 159 „Извршен совет на НРМ. Одбор за доделување илинденски пензии. Досиеја на признати илинденци (1946-1956)“, кој се чува во во Државниот архив на Република Македонија. - Илинден е темел на нашата држава. Без саможртвата н...
04/04/2017
Википедија се збогатува со содржини од македонската историја
-Над 155 постоечки статии за личности од македонско револуционерно минато се веќе надополнети со научно-потврдени сознанија, креирани се 40 нови статии за историски личности од овој период на Википедија на македонски јазик, соопшти Државниот архив. Овој проект се реализира од 20 јануари 2017 година…
03/04/2017
Отворање на саемот на книга - цените на сите изданија на Државен архив се снижени за 30%
01/04/2017
На денешен ден пред 66 години основан е Државниот архив на Република Македонија. Во својот неколку децениски развој прерасна во институција која претставува еден од столбовите на македонскиот национален идентитет и државност!
12/01/2017
EURBICA – Eвропски регионален огранок на Меѓународниот архивски совет (European Board of the International Council on Archives) во кој директорот на Државниот архив на Република Македонија, Д-р Филип Петровски е член на извршниот и уредувачки одбор.
Целите и задачите на EURBICA се во согласност со генералните цели на Меѓународниот архивски совет - МАС: воспоставување, одржување и јакнење на односите меѓу архивистите во регионот и меѓу сите институции, професионални тела и организации што се занимаваат со заштита и со управување на архивски материјал; преземање мерки за заштита од сите ризици врз архивското наследство во регионот и понатамошен развој на сите аспекти на управувањето и заштитата на тој архивски материјал; олеснување на користењето на архивскиот материјал во регионот по пат на обезбедување информации, нивно објавување и овозможување полесен пристап до нив; промовирање, организирање и координирање активности на полето на архивистиката; олеснување на професионалната обука на архивистите во регионот; соработка на други организации и институции што се занимаваат со документација и користење документација во корист на човештвото и организирање семинари, симпозиуми и други средби на специфични теми од заеднички интерес на членките од регионот.
Check out our EURBICA webpage (http://www.ica.org/en/about-eurbica) and Facebook for news on European archives. Send us your news and promote your work! It is also a good time to be more involved in EURBICA activities, as exciting projects are underway - you can contact us for more information."
21/12/2016
Почитувани,
Ве информираме дека Државниот архив на Република Македонија ги објави четирите прирачници на Меѓународни стандарди за архивско работење, изготвени од Меѓународниот архивски совет:
1. Општ меѓународен стандард за опис на архивски материјал (General International Standard Archival Description - ISAD (G), второ издание;
2. Меѓународен стандард за архивски стандардизирани записи за правни, за физички лица и за семејства (International Standard Archival Authority Record for Corporate Bodies, Persons and Families - ISAAR (CPF), второ издание;
3. Меѓународен стандард за опис на институциите со архивски материјал(International Standard for Describing Institutions with Archival Holdings - ISDIAH),прво издание и
4. Меѓународен стандард за опис на функциите (International Standard for Describing Functions - ISDF), прво издание.Овие прирачници се неопходна стручна литература за сите што се занимаваат со архивистика и со архивско работење.
Државниот архив ќе продолжи да ги објавува сите нови архивски стандарди, кои постојано се дополнуваат од комитетите за најдобри искуства и стандарди при Меѓународниот архивски совет. Прирачниците се достапни и во електронска форма на веб-страната на Државниот архив www.arhiv.gov.mk.
07/12/2016
Државниот архив на Република Македонија го објави новиот број на списанието „Македонски архивист“. Со поднаслов „Територијалната поделба на Република Македонија и референдумот од 2004 “. Овој број содржи документи од фондот 1515 Претседател на Влада на РМ (1990-2006).
Списанието е достапно за сите во електронска форма и може да се најде и преземе на Scribd, на следниов линк:
Македонски архивист, број 21, голема верзија
Издание на ДАРМ кое содржи документи за територијалната поделба на Република Македонија и референдумот за истата од 2004та година. Број на страници 184. 300 мегабајти.