22/01/2026
Прочитајте за најновите активности во регионалната мрежа за поддршка на менторството и практичните искуства кои носат видливи резултати. ✨
Линк: https://acrobat.adobe.com/id/urn:aaid:sc:EU:e379fc17-3397-462c-adc7-1d2f35257cf1
12/12/2025
Менторинг Форум 2025 во Белград ги обедини институциите, менторите и компаниите од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Република Српска и Јапонија, со една заедничка цел - да се истакне значењето на стандардизираниот менторинг како клучна нефинансиска поддршка за ММСП.
🎤 Компании и ментори од регионот ги споделија своите успешни приказни, а Форумот заврши со доделување сертификати за новата генерација ментори и тренери, како уште еден чекор кон посилна мрежа на поддршка.
Преку два панели, своите приказни ги претставија компании и ментори од целиот регион, вклучително и од Северна Македонија, покажувајќи како менторството создава одржлив раст, подобра организација и нови деловни можности.
Заедно градиме подобар екосистем за претприемништво 💼✨
#ПоддршкаЗаБизниси #РегионаленРазвој
04/11/2025
💫 Средба со Центарот за стимулација, раст и развој „СТАРС“ - Велес
Денес се сретнавме со г-ѓа Александра Карагирова и тимот на „СТАРС“, кои со голема посветеност и љубов работат на развојот и поддршката на најмладите.
Преку менторството ќе се овозможи идентификација на нови можности за раст, подобрување на организацијата и набавка на современа опрема и кадар.
Работиме заедно со оние што го градат здравото и силно поколение на иднината. 💙
#МенторингМакедонија #АППРСМ #СТАРС #Велес #ПоддршкаЗаБизнис #РазвојИРаст #Деца
03/11/2025
💫 Средба со Центарот за стимулација, раст и развој „СТАРС“ - Велес
Денес се сретнавме со г-ѓа Александра Карагинова и тимот на „СТАРС“, кои со голема посветеност и љубов работат на развојот и поддршката на најмладите.
Преку менторството ќе се овозможи идентификација на нови можности за раст, подобрување на организацијата и набавка на современа опрема и кадар.
Работиме заедно со оние што го градат здравото и силно поколение на иднината. 💙
#МенторингМакедонија #АППРСМ #СТАРС #Велес #ПоддршкаЗаБизнис #РазвојИРаст #Деца
15/10/2025
🌍 Размена на искуства со делегација од Молдавија - JICA студиска посета во Западен Балкан
JICA организираше студиска посета, на која дел беше и ИНОВА, посветена на споделување искуства од имплементацијата на системот на стандардизирани менторски услуги и Каизен концептот во Македонија.
Целта на посетата беше директен увид во развојот и резултатите од македонскиот модел на менторство, како и во практичните искуства од примената на Каизен методологијата преку менторството.
✅ Работен состанок во ИНОВА – Македонскиот модел на менторство (2017–2025), новите перспективи за поддршка на МСП.
✅ Размена на искуства со делегацијата од Молдавија за развој на претприемништвото и поддршката на малите бизниси.
✅ Посета на компанијата Графопром Битола – практичен приказ на придобивките од Каизен концептот во работењето.
Продолжуваме да градиме регионална соработка и да споделуваме знаење кое создава подобри услови за раст и развој на претпријатијата.
#МенторингМакедонија #ИНОВА #Каизен #Претприемништво #РегионалнаСоработка #МСП
10/10/2025
🍕 Од продажба до раст и развој – „Гаџе“ Богданци
Малото претпријатие „Гаџе“ од Богданци, познато по своите пици и пастрмајлии со наполитанско тесто, влезе во менторската програма со цел да ја зголеми продажбата. Процесот на менторство ја отвори вратата за поголем раст и развој.
✅ Подобрена промоција и видливост преку означување на Google Maps, што директно придонесе за зголемена продажба.
✅ Планирано проширување и набавка на нова опрема, со цел подобрување на производството.
Следниот фокус е зајакнување на присуството на социјалните медиуми и таргетирање на нови купувачи во поширокиот регион.
„Гаџе“ е пример како менторството може да донесе вистинска трансформација за малите бизниси.
#МенторингМакедонија #АППРСМ #ПоддршкаЗаБизнис #РастИРазвој #ГаџеБогданци #Претприемништво
08/10/2025
📍 Вчера остваривме средба со СЕТ ДООЕЛ Куманово, компанија со 33 години искуство која изработува метални конструкции, метални монтажни хали и други производи од метал (живеало и челик), препознатлива по својата докажана стабилност и долгогодишен углед кај клиентите.
Овој менторски процес се спроведува во клучен момент за развојот на компанијата, со поддршка од нашиот ментор, регионалниот партнер и јапонскиот експерт.
✨ Заедно работиме на успешна транзиција која ќе отвори нови перспективи за инвестиции, зголемена продуктивност и нови можности за вработување.
#Менторство #БизнисРазвој #ЈапонскаМетодологија #Каизен #КонтинуираноПодобрување #СЕТКуманово
07/10/2025
📍 Вчера ја посетивме компанијата ФАНТАСТИКО-ПВЦ од с. Горобинци, Свети Николе, каде што во тек е активен менторски процес поддржан од нашите регионални партнери и јапонски експерти. 🇲🇰🤝🇯🇵
Заедно работиме на унапредување на процесите и постигнување повисоки резултати и одржлив раст на компаниите.
✨ Фантастико-ПВЦ е компанија со долгогодишно искуство во производство, монтажа и сервис на високо квалитетна ПВЦ столарија, посветена на квалитет, прецизност и континуирано подобрување.
#Каизен #Менторство #БизнисРазвој #КонтинуираноПодобрување
03/10/2025
🚀 КАИЗЕН и 5С во акција во југозападниот регион!
Имплементацијата на основниот КАИЗЕН и 5С концепт продолжува во компании од Битола и Ресен, носејќи практични промени и долгорочни придобивки.
🔹 Во „Леарница за алуминиум и цинк“ ДООЕЛ Ресен, Каизен тимот во соработка со менторот Никола Димковски и јапонскиот експерт Хидео Ивама активно работи на унапредување на организациската ефикасност. Фокусот е на подобра интерна комуникација, поголема контрола на процесите и висок квалитет на производите. Дополнително, се развиваат и нови вештини за градење партнерства, задржување на клиенти и привлекување на талентирани кадри.
🔹 Паралелно, во компанијата „Ај Сорс“, која работи со домашни и странски клиенти во областа на информациските технологии, презентиран е основниот концепт на КАИЗЕН и 5С принципите, како и придобивките од воведување на истите. Нивната цел е професионализација и реорганизација на внатрешните процеси, подобрен тимски менаџмент и појасна стратегија за идниот раст.
✨ Со мали, но континуирани чекори, овие компании градат посилни системи и постигнуваат резултати што создаваат долгорочна конкурентност.
#БизнисРазвој #КонтинуираноПодобрување #ЈапонскаМетодологија
25/09/2025
🔍 Како менторството ја менува деловната слика?
Во моментов е во тек завршното истражување со кое ги разгледуваме резултатите од програмата и новите можности за нејзино унапредување.
Голема благодарност до компаниите што беа дел од процесот и ги споделија своите искуства:
✨ Ролет 2000 – Тетово
✨ Вемисс – Струмица
✨ Ѓорго Комерц – Куманово
✨ Тимкреатив – Битола
✨ Дамарис – Охрид
Вашата поддршка ни овозможува да го согледаме влијанието на менторските услуги од прва рака и да креираме уште поефикасна програма за сите мали и средни бизниси во Македонија. 🚀
#БизнисПоддршка