19/06/2025
🔴 ЖИВЕЈ, НЕ ПРЕЖИВУВАЈ! 🔴
Веруваме во општество каде што трудот се вреднува, каде гласот на младите се слуша!
🗓️ 22.06.2025 (недела)
🕖 19:00
📍 Градски парк – Школка
Со поддршка на ќе зборуваме гласно и храбро за иднината што ја заслужуваме. За право на квалитетно образование, достапно здравство, фер плати и живот со интегритет.
Плата за живот, а не преживување.
Во недела ве очекуваме на младинската трибина! Заедно сме силата што прави промени! ✊🏻🌹
09/06/2025
СДММ: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?
Социјалдемократската младина на Македонија со згрозеност реагира на скандалозната и срамна прослава на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека родителите и семејствата се уште тагуваат за смрта на 62 деца, додека над 200 млади се борат со последиците од повредите, додека цела држава бара одговорност, помош и поддршка.
Скандал е да се прави журка додека Македонија се уште тагува.
Скандал е да му се аплаудира на Мицкоски за говор полн со омраза кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани.
Скандал да се пали пиротехника, која што е забранета, но беше и причина за пожарот и големата трагедијата во Кочани.
Мицкоски ги третира младите како реквизити, како инструмент за неговите политички хирови. Ги користи младите за негово шоу, за манипулација. За да му аплаудираат додека го истура гневот кон семејствата кои загубија деца.
Ова е дрскост, бесчувствителност и целосна деградација на младите.
Бидејќи употребата на пиротехника е и законски забранета и казнива бараме МВР да постапи без одлагање – кој одобрил, кој набавил, кој наредил употреба на пиротехнички средства?
Ги повикуваме младите да го кренат својот глас против начинот на којшто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги третираат.
Младите не се декор за митинзи, младите не се статисти за фештите на Мицкоски, младите се двигатели на општеството.
СДММ стои рамо до рамо со младите што бараат одговорност за Кочани, со младите што сакаат да им помогнат на семејствата на загинатите и поредените, со оние што знаат што значи човечност.
18/05/2025
🙌🏻 Караванот на СДММ започнува!
🗣️ Ве очекуваме да ги дадете вашите идеи и предлози во пресрет на Локалните избори 2025, затоа што сега е НАШЕ ВРЕМЕ, тука е НАШЕ МЕСТО каде НАШИОТ ЗБОР вреди!
16/11/2024
Денес во организиција на локалниот клуб на СДММ Аеродром се одржа традиционалниот меморијален турнир во Баскет 3х3 во чест на нашиот другар Филип Неделковски. На турнирот учествуваа екипи на локалните клубови на СДММ од неколку општини од Скопје, кои покажаа голема посветеност и љубов кон спортот. Традицијата на одржување на меморијалниот турнир продолжува, како еден од клучните спортски настани на младите социјалдемократи од Аеродром. ❤️🏀
05/11/2024
Почитувани,
Ве покануваме на меморијалниот турнир кој се оддржува традиционално секоја година, во организација на ЛК СДММ Аеродром.
Екипите можат да се пријават до 12.11.2024, а турнирот започнува на 16.11 !
Ве очекуваме да се пријавите во што поголем број !
30/10/2024
Повелете на незаборавно дружење! 🎉
На 6 ноември (среда) со почеток од 20:00 часот, во Трибека, славиме 33 години од постоењето на СДММ! 🎈
Ќе споделиме спомени, ќе ги прославиме досегашните успеси и ќе наздравиме за нови победи!
Во духот на социјалдемократските вредности, забавата ќе биде од хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат донирани кадешто е најпотребно.
Заедно можеме да направиме разлика, затоа што има многу подмладоци, но само една е #МЛАДИНА! ✊🏻🌹
Се гледаме! 🙌🏻