Минатиот пат градоначалникот побара „слика“ за проблемот кај трите црвени кули (кај Бели пецива/Челинџ) – денес порачувам: не треба слика, треба да дојдете и да прошетате. Плочките „рипкаат“ како во Супер Марио, а дренажа нема – граѓаните со право реагираат.
И уште нешто: паркингот позади „Сансет“ е наново обележан, ама зошто не се направи косо паркирање кога токму тоа се критикуваше со години? - праша членот на Советот на Општина Аеродром, Марјан Јовановски.
СДСМ Аеродром
Општинска организација на СДСМ Аеродром
Во реонот кај бул. АСНОМ (кај зградите 104/106) и понатаму е мрак – дојде камионче за осветлување, а наместо да смени десетици светилки, смени само 2 и си замина.
Паралелно, шут, трева и „диви ѓубришта“ стојат со месеци/со години – кај просторот до бараката на извидниците, по патеката кон Бели парк, и меѓу зградите. Тревниците се оставени да пораснат „како трски“, па после ни косење не личи на ништо.
Барањето е едноставно: редовно и сериозно одржување, не козметика и импровизации - изјави членот на Советот на Општина Аеродром, Марјан Јовановски.
27/05/2026
На сите верници од исламска вероисповед им го честитаме денешниот голем празник Курбан Бајрам.
Нека празничните денови донесат духовен мир, здравје, радост и благосостојба во секој дом.
Фамозниот паркинг зад „Бисер“ почна со реконструкција на 13 јуни 2025 со најава дека ќе биде готов за 5 месеци — а еве, поминува речиси една година и работите стојат. На терен имаше пукање на сливници, прекопувања и преработки, па на крај — никакви активности.
Зошто доцни реконструкцијата на паркингот и кога конечно ќе се заврши? Да не заврши како „Радост“ — со години чекање - праша членот на Советот на Општина Аеродром, Марко Данилоски.
Во каква состојба се детските игралиштата во Аеродром? Дали е завршена проценката за најоштетените и небезбедните игралишта? До каде е постапката со најавениот тендер? И кога ќе започне санацијата на најзапуштените и руинирани игралишта кои претставуваат ризик за безбедноста на нашите деца? - праша членката на Советот на Општина Аеродром, Марина Кусакатска.
Во ОУ „Браќа Миладиновци“ родители сведочат дека тоалетите се без врати и во очајна состојба. Да, без врати — и тоа тоалети кои ги користат деца во седмо одделение.
Директорката го уверува советот на родители дека нема потреба да собираат средства за врати затоа што општината ќе ги реновира тоалетите во летниот период. Тоалет без врата не смее да „чека летен период“ — на вакво нешто се реагира веднаш.
Прашањето е дали е ова точно, колку долго трае и зошто досега не е решено? - праша координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Аеродром, Милутин Ристески.
Мини депониите кај Јане Сандански не се чистат – напротив, се прошируваат. Кај потегот околу Јане Сандански 15 влез 1 и 2, пред зградите 25 и 27, па надолу кон 17, 45, 53 и кон „Веро“ веќе има и кабаст отпад – бидејќи никој не собира. Ова ѓубре не е од сега, ова е од лани.
Бараме Општина Аеродром конечно да почне редовно чистење и да постави контејнери за кабаст отпад по микролокации, за да не се создаваат депонии меѓу зградите и околу паркинзите.
#ОпштинаАеродром #МиниДепонии #КомуналнаХигиена #КабастОтпад
24/05/2026
Делото на Кирил и Методиј не е само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, туку темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура.
Горди сме што ние во СДСМ покажавме дека се грижиме за нашето културно наследство, за нашиот македонски јазик и за иднината на државата.
Во периодот на владите на СДСМ беа донесени храбри и државнички одлуки, благодарение на кои денес македонскиот јазик е признат и рамноправен во Обединетите Нации и во Европската Унија.
23/05/2026
Честит 23 Мај, Национален ден на Власите!
Денеска го одбележуваме Националниот ден на Власите, но оддаваме и признание, благодарни за сѐ она што го направија и сѐ уште го прават за нашата заедничка татковина.
На овој ден со гордост се сеќаваме на значајната улога на сите Власи кои храбро и пожртвувано учествуваа во најважните поглавја на нашата долга и богата историја, во борбата за слобода, државност и независност.
Влашката заедница несебично го дава својот придонес во градењето на нашето современо општество, заедништвото и меѓусебното почитување.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Website
Address
БУлица Кузман Јосифовски Питу бр. 19/5 локал 51
Skopje
1000
Opening Hours
| Monday | 11:00 - 17:00 |
| Tuesday | 11:00 - 17:00 |
| Wednesday | 11:00 - 17:00 |
| Thursday | 11:00 - 17:00 |
| Friday | 11:00 - 17:00 |
