05/06/2026
Работна средба со претставници на Влашката заедница во Република Северна Македонија
Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците се одржа работна средба помеѓу директорот на Агенцијата, г-дин Далибор Китановиќ, и претставн....
04/06/2026
Одржана нова работилница во рамки на пилот-менторската програма на АОПЗ
Во Агенција за oстварување на правата на заедниците се оддржа уште една работилница реализирана во рамки на пилот-менторската програма за 2025–2026 година, која АОПЗ ј...
03/06/2026
Работна средба помеѓу АОПЗ и Управата за заштита на културното наследство
Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, г-дин Далибор Китановиќ, оствари работна средба со директорката на Управата за заштита на култур....
01/06/2026
🇲🇰🤝🇭🇷 На покана на Хрватската Амбасадорка во Р.С.Македонија Г-ѓа Нивес Тигањ, претставници на Агенцијата за остварување на правата на заедниците присуствуваа на свечениот прием организиран по повод Националниот ден на Република Хрватска, кој се оддржа во хотел "Лимак"
Македонско-хрватските односи се темелат на долгогодишно пријателство, меѓусебна почит, доверба и плодна соработка, кои претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на врските меѓу двете земји.
По тој повод, упативме искрени честитки до припадниците на хрватската заедница во Македонија, посакувајќи им добро здравје, благосостојба, просперитет и успешен развој во годините што следат.
23/05/2026
Денес, во просториите на Македонскиот народен театар, претставници на Агенцијата за остварување на правата на заедниците присуствуваа на свечената академија по повод 23 Мај – Денот на Влашката заедница во Република Северна Македонија.
На свеченоста се обратија претседателот на Влашката партија, Стерео Папули, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Во своето обраќање, претседателот Стерео Папули истакна дека овој значаен датум претставува симбол на богатото културно, историско и духовно наследство на Влашката заедница, која преку својот јазик, традиција и вредности дава значаен придонес во градењето на мултиетничкото и мултикултурно општество во државата.
Националните празници на заедниците се поддржани и финансирани преку програмата на Министерството за односи меѓу заедниците, предводено од вицепремиерот и министер Иван Стоилковић , со цел негување и афирмација на културниот идентитет и меѓусебната почит меѓу заедниците.
21/05/2026
По повод 21 Мај – Меѓународниот ден на културната разноликост, дијалог и развој, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, присуствуваше на свечената културно-уметничка програма организирана од Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците и Управата за образование, како органи во состав на Министерството за односи меѓу заедниците.
Преку настапите на културно-уметнички друштва од сите заедници во државата, беше претставено богатото културно наследство кое ја прави Македонија препознатлива по својата разновидност, традиција и заедништво.
Овој значаен ден уште еднаш ја потврди важноста на културната разноликост како темел за градење општество засновано на меѓусебна почит, дијалог и општествена кохезија.
21/05/2026
Деновиве, Агенција за остварување на правата на заедниците и Министерство за односи меѓу заедниците, со поддршка на OSCE Mission to Skopje, официјално го започнаа процесот за изработка на Стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032, заедно со акциски план.
Изработката на новата Стратегија се реализира согласно заклучокот донесен на 129. седница на Владата на Република Северна Македонија, со кој Министерството за односи меѓу заедниците и АОПЗ се задолжени за подготовка на овој значаен стратешки документ од особено значење за унапредување на меѓуетничките односи, интеркултурниот дијалог и општествената кохезија во државата.
Процесот произлегува од препораките на Партиципативниот форум на АОПЗ, кои ги достави до Владата на Република Северна Македонија во ноември минатата година.
Изработката на Стратегијата ќе се реализира во две фази. Во рамки на првата фаза, Министерството за односи меѓу заедниците и АОПЗ ќе формираат меѓуинституционални кластерски работни групи, кои ќе подготват извештај за степенот на реализација на актуелната Стратегија (2024–2026), врз основа на пет клучни области: институции, образование, медиуми, општествена кохезија и интеркултурни политики.
Паралелно со овој процес, ќе се спроведе и проценка на потребите и перцепциите на граѓаните во однос на меѓуетничките односи, преку прашалници, фокус групи и интервјуа, за што ќе биде ангажиран домашен експерт.
Активностите од првата фаза се очекува да завршат до крајот на септември 2026 година, по што ќе следи подготовка на финалниот текст на Стратегијата и акцискиот план.
Преку овој процес, Аопз и Моз уште еднаш ја потврдуваат својата посветеност кон градење општество засновано на еднаквост, меѓусебна почит, дијалог и активно учество на сите заедници во општествениот живот.
20/05/2026
На сите припадници на Влашката заедница им го честитаме предстојниот празник 23.мај - Денот на Влашката заедница во Р.Македонија со желба за здравје, напредок и зачувување на богатото културно наследство за идните генерации. 🇲🇰🤝🏻
По тој повод директорот Далибир Китановиќ даде интервју за Влашката редакција при МРТВ.
Во разговорот ја истакна важноста од зачувувањето и негувањето на влашкиот јазик, култура и традиција, како нераскинлив дел од мултикултурниот мозаик на нашата држава. Посебен акцент беше ставен и на улогата на институциите во создавање услови за рамноправност, видливост и активно учество на помалубројните заедници во општествениот живот.
Агенцијата за остварување на правата на заедниците останува посветена на унапредување на правата, афирмацијата и поддршката на сите заедници, преку конкретни политики, проекти и соработка со медиумите и граѓанскиот сектор.
20/05/2026
На покана на директорката на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Центар, Скопје, Соња Кирковска, претставници од Агенцијата за остварување на правата на заедниците присуствуваа на свечената академија по повод значајниот јубилеј – 190 години од постоењето на ова реномирано училиште.
ООУ „Св. Кирил и Методиј“ претставува едно од ретките училишта во Скопје во кое се изучува српскиот, босанскиот и влашкиот наставен јазик, давајќи значаен придонес во зачувувањето и унапредувањето на јазичниот, културниот и националниот идентитет на овие заедница во Република Северна Македонија.
Агенцијата за остварување на правата на заедниците континуирано работи на информирање и охрабрување на припадниците на заедниците за нивното законско право за следење редовна или изборна настава на својот мајчин јазик, како едно од основните права во процесот на зачувување на нивниот идентитет, јазик и култура.
По повод овој голем јубилеј, упатуваме искрени честитки до директорката, наставниот кадар, учениците, како и до сите генерации кои во изминатите 190 години биле дел од ова училиште, со желби за уште многу успеси, напредок и нови јубилеи.
19/05/2026
Денеска Директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Далибор Китановиќ во свечената сала на Влада на Република Северна Македонија учествуваше во дискусија посветена на прашања од значење за ромската заедница и процесот на европска интеграција на Р.С.Македонија организирана од страна на Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје и кабинетот на Министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030
На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, како и министерот Шабан Салиу, при што беа разменети мислења и искуства во однос на унапредувањето на правата, инклузијата и можностите за поголемо учество на ромската заедница во општествените процеси.
Во рамки на дискусијата беше ставен акцент на значењето на меѓуинституционалната соработка, европските практики и креирањето политики насочени кон еднакви можности, недискриминација и подобар квалитет на живот за припадниците на ромската заедница.
Преку вакви иницијативи, Агенцијата продолжува активно да придонесува кон градење поинклузивно општество и зајакнување на европските вредности и стандарди во Република Северна Македонија.