22/05/2026
🚨Незаконска потрошувачка на електрична енергија во сервис за возила во Штип - фактурирана штета од 150.610 денари за само 4 месеци🚨
🕵️♂️ Екипите на Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција во Штип, во координација со специјализираниот Тим за откривање на неовластено користење на електрична енергија, открија случај на кражба на електрична енергија во сервис за возила на улица Железничка во Штип. Нелегалното користење на електрична енергија е утврдено дека се одвивало во периодот од јануари до почеток на мај 2026 година.
➡️Констатирано е:
• Противправно користење на електрична енергија преку трифазно броило во мерен ормар.
• Скинати пломби и премостување на проводници на една фаза за влез и излез на броилото.
⚖️ Преземени мерки:
• Составен е Записник за неовластено користење.
• Поднесена е Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ.
• Изготвена е Фактура за надомест на штета во износ од 150.610,00 денари.
21/05/2026
Изградете кариера во Електродистрибуција!
Отвораме нови позиции за:
Електромонтери во Скопје (М/Ж) - https://careers.elektrodistribucija.mk/jobs/7749335-
Електромонтери во Битола (М/Ж) - https://careers.elektrodistribucija.mk/jobs/7749467-
Електромонтери во Штип (М/Ж) - https://careers.elektrodistribucija.mk/jobs/7749485-
Доколку имате електротехничко образование, возачка дозвола и сте подготвени за теренска работа - приклучете се на тимот што ја движи енергијата низ Македонија.
За предност ќе се сметаат:
• Квалификации за работа под напон
• Стручен испит за ракување со енергетски уреди и постројки
• Основни компјутерски познавања
📩Аплицирајте и станете дел од системот што никогаш не застанува
20/05/2026
⚡ Две нови трафостаници за модернизирање на мрежата во Општина Сопиште
Екипите на Електродистрибуција реализираа значаен инвестициски зафат во Горно и Долно Соње со кој дистрибутивната мрежа од рурален тип е трансформирана во современа и доверлива мрежа согласно стандарди кои важат за урбаните средини.
Реализацијата на проектот со вкупна вредност од 800.000 евра започна во 2025 и се одвиваше во неколку фази. За комплексноста на зафатот зборува бројката од 700 дислоцирани мерни места, положувањето на 4,5 километри среднонапонски и 8,7 километри нисконапонски кабел како и реконструкцијата на 1,5 километри надземна мрежа.🔌
✅Најважно достигнување во рамки на активностите беше реконструкцијата на две 10/0,4 kV трафостаници кои во текот на еден ден беа заменети со нови компактно-бетонски трафостаници, без значителни прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Раководителот на КЕЦ Аеродром, Ристе Стојанов и Градоначалникот на Сопиште Јане Мицевски изјавија дека проектот е од особено значење и за Електродистрибуција и за Општината, бидејќи обезбедува посигурно и поквалитетно снабдување со електрична енергија, а со тоа и услови за понатамошен развој и нови инвестиции. 🌍
15/05/2026
Во рамки на инвестициите за модернизација на дистрибутивната мрежа, екипите на КЕЦ Куманово извршија целосна реконструкција на трафостаницата „Стара Црква“ ⚡
Поради дотраеноста на постоечката опрема и потребата од повисоки стандарди за сигурност и ефикасност, старата ѕидна трафостаница е заменета со нова компактна бетонска трафостаница (КБТС), опремена со трансформатор од 1000 kVA и куќиште со капацитет од 1250 kVA, што овозможува понатамошен развој и прилагодување на растечките потреби на мрежата.
Новата трафостаница располага со современа технологија која обезбедува повисоко ниво на безбедност, доверливост и контрола во работењето, а во рамки на проектот беше извршена и реконструкција на дел од нисконапонските изводи, со што дополнително се подобри стабилноста и квалитетот на напојувањето. 🔌
Преку овој енергетски објект се снабдуваат околу 350 корисници, што ја прави трафостаницата значаен дел од електродистрибутивната инфраструктура во Кумановското градско подрачје.
Екипите на Електродистрибуција продолжуваат со реализација на проекти кои придонесуваат за посигурно, поквалитетно и поефикасно снабдување со електрична енергија за корисниците.
13/05/2026
Пуштена под напон новата трафостаница „Дабиле 2“.
Со активирањето на новата компактно бетонска трафостаница во населба Дабиле, колегите од Корисничкиот Енерго Центар Струмица започнаа со реализација на најголемиот инвестиционен проект за годинава.
Старата трафостаница од типот „кула“ e во фаза на рушење и демонтажа и заменета од новата КБТС која е опремена со среднонапонски SF6 келии и зголемен трансформаторски капацитет од 1250KVA. Новата трафостаница има капацитет за дополнително целосно да ги прифати корисниците кои досега беа снабдувани со електрична енергија од ТС Дабиле 4 која е веќе исклучена од среднонапонскиот надземен далековод и набрзо ќе биде демонтирана. Дополнително на проектот , ќе биде пуштен нов среднонапонски кабел во должина од 120 м кај ТС Елпи и нисконапонски кабел кај ТС Институт за памук која исто така ќе биде демонтирана.
Овие активности кои се изведуваат под водство на Ирена Сурловска од групата за одржување и колегата со 24 годишно работно искуство во групата за нови приклучоци, Роберт Вртев, ќе придонесат стариот надземен далековод во областа да се демонтира и снабдувањето со електрична енергија да се одвива преку подземни среднонапонски кабли. Новата дистрибутивна мрежа ќе биде со значително зголемен капацитет да ги услужи корисниците од домаќинствата и идните индустриски капацитети од оваа област.
На активирањето на трафостаницата присуствуваа Градоначалникот на Струмица Petar Jankov и раководителот на КЕЦ Струмица Мартин Димовски, кои извршија увид на сите локации каде што ќе работат нашите екипи. Соработката меѓу општината и Електродистрибуција е од исклучителна важност бидејќи модернизираната електродистрибутивна инфраструктура и навременото снабдување со електрична енергија се предуслов за развој на овие области во кои се одвива засилена урбанизација и индустријализација.
21/04/2026
🚨Кражба на електрична енергија во вредност од над 22.000 евра откриена на Попова Шапка🚨
🕵️♂️ Во координација со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово открија неовластено користење на електрична енергија во деловен комплекс на Попова Шапка.
Констатирано е:
➡️ Противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар.
➡️ Директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел (4x16 mm2).
⚖️ Преземени мерки:
➡️ Составен е Записник за неовластено користење.
➡️ Поднесена е Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ.
➡️ Изготвена е Фактура за надомест на штета во износ од 1.361.599,00 денари.
08/04/2026
⚡Изградете кариера во Електродистрибуција!
Отвораме нови позиции за:
🔎 Електромонтери во Струга (М/Ж)
https://careers.elektrodistribucija.mk/jobs/7528265-
🔎 Електромонтери во Куманово (М/Ж)
https://careers.elektrodistribucija.mk/jobs/7528293-
Доколку имате електротехничко образование, возачка дозвола и сте подготвени за теренска работа - приклучете се на тимот што ја движи енергијата низ Македонија.
📩 Аплицирајте и станете дел од системот што никогаш не застанува.
01/04/2026
⚡Изградете кариера во Електродистрибуција!
Отвораме нови позиции за:
🔎 Електромонтери во Штип (М/Ж) - https://careers.elektrodistribucija.mk/jobs/7485802-/1118836f-8911-4fb7-8bd0-635bf7f36adchttps://careers.elektrodistribucija.mk/jobs/7485802-/1118836f-8911-4fb7-8bd0-635bf7f36adc
🔎 Електромонтери во Битола (М/Ж) - https://careers.elektrodistribucija.mk/jobs/7485772-/d075025c-814e-4816-81f0-638a4c53c962
Доколку имате електротехничко образование, возачка дозвола и сте подготвени за теренска работа - приклучете се на тимот што ја движи енергијата низ Македонија.
➕ За предност ќе се сметаат:
• Квалификации за работа под напон
• Стручен испит за ракување со енергетски уреди и постројки
• Основни компјутерски познавања
📩 Аплицирајте и станете дел од системот што никогаш не застанува.
31/03/2026
Унапредена енергетската инфраструктура во главниот град: ТС „Централна“ официјално е пуштена во употреба
Фактот што во Општина Центар повеќе од 40 години не е изграден ваков објект, а со растот на градот се зголемуваат и енергетските потреби, ја направи изведбата на ТС „Централна“ неопходен чекор. Постојните трафостаници се веќе оптоварени и не можат да прифатат нови потрошувачи со голема моќност.
ТС „Централна“ се издвојува со компактна архитектура и високотехнолошка опременост – изградена е на површина 10 пати помала од стандардните објекти, со моќност од 120 MW и вградена GIS постројка за 110 kV. Опремена е со системи за далечинско управување, мониторинг на кабли, противпожарна заштита и напредни уреди за управување и заштита. За првпат во Македонија се применуваат 110 kV кабли за напојување на ваков објект.
Во реализацијата учествуваа повеќе од 30 компании, меѓу кои GE, Siemens, Končar, Dalekovod Zagreb, Benning и други.
„Централна“ е резултат на посветеноста на тимовите од Електродистрибуција и претставува прв објект од ваков тип во земјава и регионот. Таа е значаен чекор кон модернизација на мрежата и ќе обезбеди поголема сигурност, капацитет и ефикасност на системот.